Македонија
МВР бара АР да го испита разузнавачот кој го пријавил нападот на Шекеринска
Министерството за внатрешни работи бара од Агенцијата за разузнавање (АР) да го провери разузнавачот кој што го пријавил нападот на Шекеринска, дали навистина работи во Агенцијата и дали имал службена наредба да го провери настанот
Ако се докажат овие наводи, МВР апелира да бидат преземени соодветни мерки за неговиот непрофесионален однос.„Доколку истиот не вршел службени задачи, туку во партиски цели ја злоупотребувал службената положба и овластувањата, МВР од Агенцијата бара негово најостро санкционирање, бидејќи е недозволиво политичкото инструментализирање на институциите најодговорни за националната безбедност“ пишува во дописот кој што МВР го испрати до Агенцијата за разузнавање.Инаку вво четвртокот министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска соопшти дека настанот кога беше нападната Шекеринска со шише од возило во движење бил пријавен од лице кое работело во Агенцијата за разузнавање кој се однесувал непристојно кон дежурниот полицаец.Според неа, неколку часа по пријавата во А1 телевизија, околу 1 часот во дежурниот центар во МВР се јавило лице кое се претставило како поранешен помошник во секторот за внатрешни работи Скопје инаку сега вработено во Агенција за разузнавање. Се обратил со зборовите „Дечките од кај Шекеринска ќе се јават да пријават настан, знаеш, читаше, слушаше, има на телевизија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.