Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа

Објавено пред

Иднината на Македонија е во сигурни раце, Никола Груевски останува премиер, изјави вечерва Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ

Тој рече дека овие избори биле класичен судир меѓу две различни опции, една транзициона на Бранко Црвенковски и една реформска на Никола Груевски.Според калкулациите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ би имала околу 39 пратеници, додека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 55 пратеници. Ѓорчев ги повика приврзаниците на победничката коалиција на прослава пред Домот на АРМ во Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Василевска: ДКСК да отвори постапка и да ја запре исплатата на пола милион евра кон НВО

Објавено пред

„Власта на СДСМ префрла половина милион евра во ек на изборна кампања на НВО, а Државната комисија за спречување на корупција молчи. СДСМ најпрвин ја злоупотребија вонредната состојба и во брза постапка ги распредели средствата на НВО кој е близок до нив За недела дена распишаа оглас, извршија евалуација и доделија над половина милион евра, изјави Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, ДКСК не најде за сходно да реагира и да види како тоа за 48 часа, колку што изнесуваше рокот за евалуација и избор на проектите, Комисијата која одлучувала за распределување на средствата да прочита над 550 проекти, со над 5.500 пишани страни материјал.

„И дали ваквата ‘брзина’ во избор не ги заинтересира дали зад тоа не се крие веќе однапред договорена работа, кој и колку средства треба да добие? Имено само за потсетување на ДКСК уште еднаш ќе ги повторам фактите од случајот, распределба на половина милион евра народни пари за изборен поткуп преку НВО. Власта  распишаа оглас на 06.06.2020 година, кој траеше не цели 5 дена односно до 11.6.2020 година до 12 часот и беше со скратена документација, за потоа во рок од само 48 часа, време кое го имаа за да разгледаат 550 проекти и над 5.500 страници материјал да изберат само 40 НВО – кои добија грант.

Откако ја злоупотребија вонредната состојба, сега го злоупотребуваат и процесот на изборите. Имено на ден 01.07.2020 година, против законски во тек на официјална кампања на невладините организации им се префрлаат парите од огласот. Затоа денес поднесовме приговор до ДКСК да постапи за прекршување на членот 8-а од Изборниот законик и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Ја повикуваме ДКСК веднаш да реагира во однос на приговорот. Јавно ја повикуваме да ја суспендира постапката за доделување на средства на граѓански организации во период каде што изборната кампања е во полн ек, а воедно и да започне истрага за целокупната постапка за доделување на грантови, започнувајќи од содветноста и законитоста на објавувањето на повикот, завршувајќи со одлуките на владината комисија која одлучувала која организација ќе добие грант.СДСМ ја тоне државата.СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткање на кичмата. Исправи се Македонијо! Обновата доаѓа“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Досега се регистрирани 27.326 прекршоци за нeносење на маска

Објавено пред

Досега констатирани се вкупно 27.326 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од почетокот на епидемијата, од кои 444 прекршоци биле направени во изминатото деноноќие, истакна министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени биле 99 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 197 лице им се издадени решенија за изолација, а 4 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лица кои не ги почитувале овие мерки.

Министерот Чулев апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шекеринска: Автопатот Кичево – Охрид со сите девет клучки е во последна фаза, до крајот на 2021 ќе биде комплетно функционален

Објавено пред

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска изврши увид на градежни работи на автопатот Кичево – Охрид.

„ Претходниве денови слушате многу за автопатот Кичево – Охрид и затоа денеска сум тука за да можеме сите со свои очи да се увериме колку се опасни лагите кои што ги испраќаат оние кои барем на оваа тема би требало постојано да молчат.

Автопатот Кичево – Охрид е ветен, почнат, државата ни е задолжена веќе многу години, и после 4 – 5 години владеење на ВМРО ДПМНЕ видовме дека оставиле проект кој е започнат беа документација, без пресметки, без план, меѓутоа единственото нешто што го завршиле било она што го чувме во бомбите а тоа е договор за 15 до 18 милиони евра провизија.

Провизијата ја зеле, ама проекти и проектна документација не оставиле. Како Влада наследивме обврска која што беше почната но беше почната и поставена на глава. Овој пример, автопатот Кичево – Охрид е доказ, колку е тешко од кал да извадиш нешто што е оставено без проект, без план, без документација и без ред.

Од моментот кога бевме избрани и ја добивме одговорноста покажавме како е да се работи плански. Обезбедивме целосна документација, ги обезбедивме сите неопходни средства, обезбедивме повторно да се работи на делницата Кичево – Охрид. Ако ВМРО ДПМНЕ остави проект од Кичево до Охрид да е автопат без ниту една клучка, успеавме во проектот да се стават 9 клучки кои ќе обезбедат комуникација на населението коешто живее помеѓу овие две општини и започнавме работа на неколку делници од кои само една можете да ја видите овде.

Според информациите на сите оние кои што се вклучени во проектот најголемиот дел од тунелските решенија е завршен, најголемиот дел од тешките точки коишто не беа проектирани како треба се завршени, и откако ја обезбедивме и потребната механизација, работници и потребните средства, повторно се започна изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Очекуваме овој автопат со целосна инфраструктура со 9 клучки автопат како што личи во секоја нормална држава да биде завршен до крајот на 2021 година.

Ние градиме со план, не градиме на збор, не градиме со провизии. Затоа граѓаните можат тоа да го видат со свои очи. Со свои очи не можеа да го видат она што го градеше ВМРО ДПМНЕ но со свои очи можеа да видат како 15 до 18 милиони евра се дадени за провизија за Груевски и неговата група.

Затоа наместо да поставуваат прашања за автопатот Кичево – Охрид овие од ВМРО ДПМНЕ треба да го повикаат Груевски и да му побараат да и ги врати на државата 15-те до 18-те милиони евра коишто ги зема од овој автопат и го остави неизграден, без тунели и без клучки. На темава ВМРО ДПМНЕ треба и да молчи и да одговара“ порача Шекеринска.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет55 минути

Шведска сепак воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат на сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија1 час

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите во Комисијата за заразни...

Свет3 часа

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион4 часа

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија4 часа

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет5 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет5 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија16 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија16 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет17 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион19 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија21 час

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија23 часа

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија23 часа

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија23 часа

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион24 часа

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија1 ден

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион1 ден

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ1 ден

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Досие