Македонија
Во автомобилот на Љубе биле најдени 100.000 евра и пиштол
МВР потврди дека попладнето околу во пeридот од 14.30 часоt до 15 часот е приведен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, поради основано сомнение застрени две кривични дела
МВР потврди дека попладнето околу во пeридот од 14.30 часоt до 15 часот е приведен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, поради основано сомнение застрени две кривични дела – незаконско финансирање на политичката камања и кривично дело злоупотреба на службената положба со оглед на фактoт што тој е одговорно лице во неговатa политичка партија.Според МВР, кај Љубе Бошкоски биле пронајдени 100 илајди евра, пари кои му биле предадени во хартиени кеси и за кои постои сомнение дека нему требало да му послужат за исплаќање на долговите сторени во текот на предизборната кампања.МВР со судска наредба изминатите неколку месеци применило посебни истражни мерки поради основано сомнение и индиции дека ja злоупотребувал службената положба и незаконски ја финасираl предизборната кампања на неговата партија.Досега се докумeнтирани уште два други слуачаи во кои осомничениoт Бошкоски на иста ваков начин примил пари во привот случај – 20 а во вториoт случај 10 илајди евра, кои исто така биле употребени во камапњата. Според МВР станува збор за две сериозни кривични дела за кои минимална казна е од три години затвор односно опет години или вкупно за двете дела осум години затвор. Се очекува во текот на денот по извршениот разговор против Бошкоски да биде поднесена кривична пријава и тој да биде изнесен пред истражен судија. При претресот бил пронајден и еден пиштол како и дозвола за носење оружје којашто највероајтно не била за тој пиштол и можно е против Бошкоски да се постапи и за евентуално кривичното дело недозволено држаење на оружје. Според МВР, ќе бидат направени и дополнителни претреси, за што ќе биде информирана и Управата за јавни приходи која треба увид во о целото финанисирање на камапњата на партијата на Бошкоски.МВР не открива кој му ги дал парите на Бошкоски, во полза на истрагата, но брифираат дека му биле дадени од едно лице.При апсењето, како што информаираат од МВР, Бошкоки не пружал отпор и врз него не биле применети насилни мерки.МВР негира каков и да е политички реваншизам, а за тоа што Бошкоски беше уапсен ден по изборите, велат дека тоа е затоа што тогаш биле предадени парите „тоа не зависни од МВР“.„Во однос на случајот за незаконско финасирање на кампњата министертсвото постапува подолг период и досега беа регистрирани два клучни случаи кои се документирани со посебни истражни мерки“, рече портпаролот на МВР, Иво Котевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Предвидуваме поврзување на Крива Паланка со Македонска Каменица со асфалт, пат Тораница – Саса во должина од 19 километри
„Македонија е во претешка состојба. Економијата е крахирана, системот е девастиран, а криминалот и корупцијата длабоко навлезени во секоја пора од општеството. Со ДУИ и измеќарите од СДС, животот никогаш не бил потежок. Нема ден да помине без некој нов коруптивен скандал или афера. Ненормалното го претставуваат како нормално, наспроти вистинските вредности и принципи врз кои треба да ја темелиме иднината на Македонија и народот“, истакна носителот на ИЕ3, Драган Ковачки од митингот во Крива Паланка.
Ковачки додаде дека скандалите и аферите се секојдневие. Нема тендер, а да не е сомнителен, нема работа во која власта на ДУИ и СДС нема некој процент или екстра заработувачка. Се им се врти околу екстра заработувачка. Додека граѓаните потонаа во сиромаштија и беда, тие го окрупнуваа своето богатството.
„На Димитар Ковачевски му беше прифатливо се што ќе Али Ахмети, затоа што тоа му беше единствен спас за да опстои на власт, државата им ја даде на тацна на ДУИ. А, на сметка на тоа на граѓаните им дадоа апатија и разочараност, државата ја потонаа во долгови, со највисока стапка на инфлација и рекордер по сиромаштија“, укажа тој.
„Овие избори се историски момент во кои мораме да одбереме помеѓу два концепта. Едниот концепт го нуди ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е „Платформа 1198“, проекти, реформи, иднина, надеж, а другиот концепт е на ДУИ и СДС, корупцијата, непотизмот, партизираното судство, милионските тендери и екстра профити“, нагласи Ковачки.
Тој посочи дека „Платформа 1198“ подразбира Македонија да биде повторно твоја, во рацете на граѓаните.
„Со „Платформа 1198“ се обврзуваме на економски раст од 5 проценти, намалување на невработеноста на 7,5 проценти и нови 55.000 вработувања, на ниски даноци и рамен данок, на 2 милијарди евра за патна инфраструктура, изградба на нови патишта и реконструкција на постоечките. Ветуваме конечна изградба на Клиничкиот центар во Скопје и Клиничката болница во Штип. Со „Платформа 1198“ се обврзуваме на 3 милијарди инвестиции, привлекување на директни странски инвестиции и поддршка за домашното стопанство“, порача тој.
„Со „Платформа 1198“ се обврзуваме на 50 милиони евра за спортот, 5.000 денари линеарно покачување на пензиите на сите пензионери во првата година од мандатот, почитување на колективниот договор во образованието и конечно добивање на она кое што го заслужуваат, повисоки плати за просветните работници, 250 милиони евра реалокација на средства од државниот буџет за општините за една година, или една милијарда евра за четири години од мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ“, укажа Ковачки.
Ковачки рече дека со „Платформа 1198“ се обврзуваат на 800 милиони евра за земјоделците, гарантиран откуп и загарантирани цени на земјоделските производи.
„Исто така „Платформа 1198“ подразбира бескомпромисна борба против криминалот и против корупцијата. Само така од Македонија повторно ќе направиме правична држава, во која владее правото и во која секој кој се огрешил пред законот, соодветно ќе одговара. Нема повеќе, законот да важи само за граѓаните, а не и за владата на СДС и ДУИ. Туку за сите подеднакво. Секој еден кој погрешил, ќе мора да си добие соодветна казна“, додаде тој.
„Овде во Крива Паланка со „Платформа 1198“ предвидуваме поврзување на Крива Паланка со Македонска Каменица со асфалт, пат Тораница – Саса во должина од 19 километри, предвидуваме доизградба на главен фекален колектор по фази и докоплеменетирање на техничката документација за пречистителна станица, изградба на нов водоводен систем од Љуњки до село Конопница. Предвидуваме исто така изградба на делница од Страцин до Длабочница како дел од експресниот пат А2, од Ранковце до Крива Паланка од патниот коридор 8 кон Република Бугарија“, истакна Ковачки.
Ковачки од Крива Паланка порача дека ова е последна шанса за да се делегитимираат корумпираните елити на СДС и ДУИ. Да се делегитимира нелегитимниот Димитар Ковачевски кој на тацна им ја даде Македонија на ДУИ и стопанот Али Ахмети.
Македонија
Маричиќ: Ја имаме најголемата шанса за влез во ЕУ до сега
Вечерва од Кисела Вода, Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ се обрати од собирот на граѓани.
Во своето обраќање вети надеж, посветеност и напорна работа на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија.
„Ние ја гледаме иднината на државата како горда и рамноправна членка на ЕУ најдоцна до 2030 година. Сега ја имаме најголемата шанса досега за влез во ЕУ – извесно е, предвидливо е, остварливо е. Заедно ќе успееме“.
Маричиќ посочи дека патот кон ЕУ не е лесен. Но, државничките одлуки што ги донесе Владата на СДСМ во изминатиот период ја приближија земјата до ЕУ.
„Од почетокот на 2022 до оваа година, посветено спроведувавме политики и мерки кои гарантираат економска сигурност, подобрен животен стандард и солидарност.
Докажавме дека грижата обезбедува поддршка, стабилност и спокојство за сите наши граѓани. Посебно внимание посветивме на социјално ранливите групи и пензионерите. СДСМ има конкретна, издржана и остварлива програма грижа за сите категории граѓани и за идниот развој на државата“, рече Маричиќ.
Македонија
(Видео) Ковачевски: ЕУ е единствената шанса за суштинска промена во Македонија, нема откажување од иднината
„Нашиот главен фокус останува членството во Европската Унија. ЕУ е единствената шанса Македонија да се промени и да напредува. Едноставно, друг начин нема, друга опција не постои. Со членството во ЕУ ќе се случи вистинска и суштинска промена кон подобро во нашата земја“, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Охрид.
„Јас верувам дека во Европска Македонија животниот стандард ќе биде многу подобар, и дека во Европска Македонија ќе успееме да изградиме систем на владеење на правото и ефикасна борба против криминалот и корупцијата. Се согласувам дека тој пат не е лесен – истакна Ковачевски и додаде: СДСМ покажа дека има храброст да носи тешки, но важни и неопходни одлуки. Има ли подобар доказ од тоа дека Македонија стана рамноправна членка на НАТО? Има ли подобар доказ за тоа од фактот дека Македонија ги започна преговорите со ЕУ“, беше дециден Ковачевски
„СДСМ, Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пендаровски ви нудиме јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда и во која има слобода медиуми“, рече Ковачевски.
„Одиме на победа! Нема застанување додека не ја направиме Македонија дел од Европа! Нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија! Нема откажување од иднината!“, порача Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Охрид.