Македонија
Нема психијатриско вештачење за убиецот на директорката од болницата во Козле
Во Основниот суд 1 во Скопје денес судечкиот судија кој работи на предметот за случајот со убиството на докторката од болницата Козле соопшти дека болницата Бардовци ни по седум месеци не започнала психијатриско вештачење.
Во Основниот суд 1 во Скопје денес судечкиот судија кој работи на предметот за случајот со убиството на докторката од болницата Козле соопшти дека болницата Бардовци ни по седум месеци не започнала психијатриско вештачење. Судиката само телефонски побарала да праша од надлежните до каде е процесот, но никого не добила со образложение дека директорот и заменикот биле постојано на состаноци. Адвокатот на семејството на убиената докторка Лилјана Угриновска рече дека вештачењето ниту почнало, ниту се знае кога ќе почне, поради што семејството на Угриновска било многу револтирано. Побара судот поажурно да реагира и да го забрза вештачењето. Во судницата обвинетиот Михајло Ламбевски не беше донесен од болницата Бардовци каде треба да биде испитуван и каде го издржува притворот. Убиството се случи пред повеќе од една година кога Ламбевски со нож ја избоде директорката на болницата во Козле Угриновска. Мотивот Ламбевски свирепо да ја искасапи лекарката бил нетрпение и љубомора. Бил убеден дека таа сака да му наштети. Во текот на судскиот процес сведочеше ќерката на Ламбевски која плачејќи пред судот во својата емотивна изјава раскажуваше за неговиот живот. Од сведочењето се дозна дека Ламбевски имал психички проблеми, одел на работа со куфери и се заклучувал дома со 20 катанци на врата. Постојано мислел дека некој го следи и краде и често пати ги тепал сопругата и децата. За насилството знаеле и во болницата и во полиција, но никој не презел никакви мерки да го отстрани од работното место како лекар и од дома каде континуирано се случувало семејно насилство. Психијатриското вештачење кое го чека судот треба да даде појаснување дали Ламбевски со намера и свесно ја убил докторката со оглед на тешката психичка состојба во која се наоѓа. крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците
Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места.
Денеска ќе гласаат избирачите запишани во посебниот извод од избирачкиот список, односно дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштени и внатрешно раселените лица.
Гласањето за претседател започна во саботата, први гласаа членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во посебниот извод од избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии треба да гласаат наши граѓани кои живеат во странство а кои се пријавиле за гласање.
Право на глас имаат 1.814.317 гласачи запишани во единствениот избирачки список. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Македонија
Време денес повремено со пороен дожд и грмежи, температурата ќе достигне 14 степени
Вренето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (и над 20 л/м²) и поројни, проследени со грмежи особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степен.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд повремено пороен и проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени, јавува УХМР.
Ветерот долж Повардарието ќе продолжи да засилува и во среда. Во среда и четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и услови за грмежи. Потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време.