Контакт

Македонија

Град Скопје бара концесионер за изградба на Луна парк

Објавено пред

Град Скопје во најскоро време ќе распише тендер за барање концесионер кој треба да изгради нов Луна парк и да управува со него.

Град Скопје во најскоро време ќе распише тендер за барање концесионер кој треба да изгради нов Луна парк и да управува со него.Новиот Детален урбанистички план за тој дел од градот веќе се подготвува во Општина Карпош и се очекува да биде усвоен следниот месец, кога и ќе започне целата постапка за барање концесионер, најави градоначалникот Коце Трајановски на денешната седница на Советот на град Скопје.Трајановски рече дека во зависност од содржината и атракциите коишто ќе ги понуди, концесионерот треба да вложи од осум до десет милиони евра, бидејќи според него, со помала инвестиција во луна паркот, скопјани нема да ги добијат очекуваните атракции. Град Скопје нема да ја субвенционира изградбата на новиот парк кој ќе се простира на површина од 25 илјади квадратни метри и ќе биде во сегашните димензии, но со нови содржини.„Се надеваме дека ќе најдеме концесионер, иако поради состојбата во Европа и во регионот заинтересираноста на концесионери за луна паркови е мала. Меѓутоа согласно на контактите коишто ги има компанијата „Идом“ што градот ја избра за консултант, сметаме дека има шанса да се најде концесионер кој ќе го изгради Луна паркот и којшто ќе стопанисува со него.Градските советници денеска ги разгледуваа и измените на Предлог одлуката за задолжување на Град Скопје со заем кај финансиска институција за изградба на катните гаражи.Со новите измени се предвидува градот да ги задолжи паркинг местата од катните гаражи  со што ќе добие банкарски заем за нивна изградба. Трајановски рече дека банкарскиот кредит ќе се враќа во следниве десет години, со продажбата на деловните простории кои ќе бидат во самите катни гаражи.„Нормално е при изградбата на одредени објекти хипотеката да биде една од можностите за затворање на финансиската конструкција. Ние не даваме под хипотека веќе изграден објект којшто функционира, туку самиот објект кој треба да се изгради се дава под хипотека. Не се даваат дуќаните туку самите паркинг места“ – објасни Трајановски. крај/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Објавено пред

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори.

Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со ковид и оние во самоизолација, денеска гласаат болните, немоќните, хронично болните, затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица.

За гласање се пријавени 8.855 болни и немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК.

Гласање ќе се спроведува и во 13 Казнено-поправни установи, пришто запишани се 1.657 гласачи и лица во домашен притвор.

Во старските домови, гласачкото право ќе го остварат 357 гласачи.

 

Право на глас на овие десетти парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата ги осуди нападите врз новинарката Тања Милевска, МВР и ЈО итно да ги расчистат бруталните закани

Објавено пред

Владата најостро ги осудува нападите со говор на омраза врз новинарката Тања Милевска и врз кој било друг новинар и граѓанин воопшто. Реакцијата следи по ербалните напади и говорот на омраза на социјалните медиуми кон дописничката на МИА од Брисел Тања Милевска.

„Владата цврсто стои зад слободата на говор и слободното новинарство и има нула толеранција за заплашување и закани кон новинарите. Безбедно известување и слобода на мисла, говор и делување во медиумите е наша суштинска, сегашна и долгорочна заложба, на која посветено работиме.

Родово базираното насилство е друг, но подеднакво важен општествен проблем на кој сите заеднички и солидарно треба да му се спротивставиме и со кој ќе се избориме.

Ги повикуваме МВР и Јавното обвинителство веднаш да постапат за расчистување на бруталните закани и родово базираните повици на насилство кон новинарката“, се наведува во владиното соопштение.

Претходно Здружението на новинари (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ) најостро реагираа на говорот на омраза, а осуда стигна и од Европската комисија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се гради монтажна амбуланта за пациентите со белодробни заболувања

Објавено пред

Во тек се подготвителни активности за новиот монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија, кој ќе биде поставен на просторот меѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ.

Веќе е поставена бетонската плоча како подлога за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел. Кон крајот на неделата ќе почне поставувањето на контејнерите, чија монтажа треба да заврши до 30 јули, а се планира кон средина на август, објектот да биде целосно подготвен.

Во новиот објект ќе бидат лоцирани четири амбуланти и кабинети со спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања и за ЕКГ, како и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти. Сето ова е придружено со сите потребни помошни простории, тоалети и гардеробери за персонал, засебни тоалети за пациенти, чекални, административни соби, стерилни остави, сервер соба, климатизација и слично. Целиот простор ентериерно и екстериерно е оформен така да не постојат бариери и препреки за лица кои користат помагала и лица со попреченост, за кои се предвидени и специјални тоалети согласно стандардите.

Во меѓувреме се работи на изготвување план за потребното ентериерно уредување и обезбедување медицинска и немедицинска опрема.

Од Клиниката за пулмологија појаснуваат дека пациентите со белодробни заболувања, заради хроничната болест на белодробниот систем се во најризичната група за добивање Ковид-19, како и за развивање тешки компликации од вирусот, затоа е посебно значајно поставувањето на монтажната амбуланта, која ќе ги исполнува најсовремените стандарди за работа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет38 минути

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа44 минути

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион1 час

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател Хашим Тачи по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Македонија12 часа

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија14 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија14 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија17 часа

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ17 часа

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија17 часа

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија18 часа

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет21 час

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа22 часа

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ23 часа

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ23 часа

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија23 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион23 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион24 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет1 ден

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет1 ден

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Досие