Контакт

Македонија

МВР не се обиде да прикрие ништо

Објавено пред

Интервју со Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи за неделникот Форум

Интервју со Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи за неделникот ФорумМинистерке, како се случи смртта на Мартин Нешковски да ја нема во билтенот на МВР на шести јуни?

Јанкуловска: Не би се согласила со Вашата констатација. Напротив, би рекла дека се работеше за вешта политичка манипулација која полека ќе излезе на виделина. Дека е тоа така, можат да Ви потврдат новинарите присутни на редовниот утрински брифинг кои беа информирани за смртта на непознато лице. Истата информација, според службените белешки на портпаролката на СВР Скопје и началникот на Одделението за слободен пристап до информации, им била соопштена и на сите други новинари кои во текот на денот се јавиле да побараат образложение од МВР. Попрецизно, на сите нив им било кажано дека во МВР е пријавен случај на „незнаена смрт“ и дека се постапува по него. Доколку редовно ја следите работата на Министерството сигурно сте забележале дека не одиме со квалификации се додека некој случај не биде точно дефиниран од страна на стручни лица, што пак во никој случај не значи дека по истиот не се постапува. Напротив, примарна задача е да се утврди фактичката состојба, да се открие осомничениот, да се обезбедат докази и да го процесуира делото. Сето ова беше сторено максимално брзо. Веќе во вторникот, околу 14.30 часот, излеговме со целосна информација околу идентитетите на жртвата и осомничениот и тоа што се случило на плоштадот. Верувам дека ќе се согласите дека не доликува Министерството без да добие наод од Институтот за судска медицина за причините за смртта да излегува со сопствени квалификации или пак да излегуваме со неточни и непроверени дезинформации како оние дека починатиот е извесен Даниел од Ѓорче Петров или дека убиецот бил припадник на Алфите.Многу контоверзи го следат убиството на Мартин Нешковски од конфузијата која настана со првичните изјави на Министерството за внатрешни работи, па се до времето кога точно била извршена обдукцијата. Што затаи во функционирањето на службите?

Контроверзите ќе се расчистат со отпочнувањето на судската постапка кога јавноста ќе може да се увери во функционирањето на институциите. Конфузијата намерно или ненамерно беше создадена, но според мене не од МВР, туку од други лица. МВР во ниту еден момент не се обиде да прикрие ништо, туку во сите изјави ги повикуваше оние кои имаат каква било информација за настанот на плоштадот да дојдат и да и помогнат на полицијата во истрагата. Не би се согласила дека расчистување на кривично дело како убиство во рок од 24 часа може да се прогласи како затајување. Имено, хронологијата на случувањата вели дека настанот се случил на 06.06 во 00.40 часот после полноќ. После 40-тина минути, откако пристигнала брзата помош, направен е обид да се реанимира Нешковски, по што е констатирана смрт и телото е предадено на обдукција. По добивањето на информацијата од Институтот за судска медицина за причините за смртта, неспорно е дека приоритет на инспекторот кој ја примил информацијата бил да го извести неговиот претпоставен, потоа началникот за крвни деликти и останатите хиерархиски поставени лица во СВР Скопје. Правилата на службата налагаат дека во тие моменти е најважно да се формираат тимови кои би постапувале по кривично дело „убиство“, а дури потоа согласно процедурите да се информираат останатите организациони единици во МВР. Во ситуација во која никој не го бараше починатиот, а кружеа разни неофицијални дезинформации кои ни одземаа време при нивната проверка, сметам дека полицијата доста брзо го заврши својот дел од обврските и веднаш кога ги потврдивме фактите, излеговме со изјава дека е идентификуван починатиот, а сторителот е обезбеден и со него се разговара. Веќе во следните 24 часа службите ја комплетираа кривичната пријава, извршија препознавање и истиот беше изведен пред Истражен судија кој му одреди притвор од 30 дена.Ја индивидуализирате вината на Спасов, но што е со другите полициски службеници кои не го пријавиле настанот, а според Законот за кривична постапка должни се да го сторат тоа сеедно што не го виделе тепањето?

Ништо не индивидуализиравме. Излеговме само со нашиот став дека не станува збор за политички мотивиран инцидент и трагедијата не би требало политички да се злоупотребува. Утврдувањето на вината кај едно или повеќе лица е работа на судот. МВР поднесе кривична пријава против осомничениот сторител врз основа на собраните докази и извршените препознавања. До Јавното обвинителство беа доставени и посебни извештаи од активностите преземени по поднесувањето на пријавата, односно од изјави на очевидци кои по расчистувањето на случајот се охрабрија да дојдат и да соработуваат со полицијата. Во една од нив, опис на целиот настан дава лицето кое не е полициски службеник, а кое било најблиску и прво помогнало при обидот на осомничениот да му укаже помош на Нешковски. Истиот посочува дека после него пристигнале други полициски службеници кои повикале помош. Дали Јавниот обвинител ќе побара проширување на истрагата веќе не е прашање од ингеренции на МВР. Доколку има каква било потреба од наша асистенција, во која било насока, веќе кажавме дека им стоиме на располагање на надлежните органи, охрабрувајќи ги за брзо и ефикасно постапување, секој во рамките на своите надлежности.Се бара воведување цивилна контрола врз полицијата, размислувате ли за такво нешто?

Во моментов во соработка со своите меѓународни партнери, МВР спроведува реформи со кои ќе се зголеми персоналниот и техничкиот капацитет на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Покрај тоа, беа преземени и низа мерки за зацврснување на неговата независност во насока на поголема ефикасност во постапувањето. Од друга страна, МВР продолжува да соработува со Народниот Правобранител и Собранието како надворешни институции овластени да вршат надзор врз работењето на Министерството. СВКПС, исто така, е отворен за соработка и со невладините организации, а согласно хиерархиската поставеност, Јавниот обвинител во секој момент може да иницира постапка за кој било случај или кој било полициски службеник. Значи, станува збор за концепт на контрола на полицијата кој е прифатен во повеќе држави и на чие развивање работиме во континуитет. Барањето на замена на СВКПС со „Независен систем на контрола“ е легитимно и впрочем беше дел од програмата на СДСМ. Не може да исклучиме дека опозицијата истото ќе го покрене во Собранието и мнозинството пратеници ќе се произнесат по него.Затворањето на одредени Фејсбук групи од страна на МВР е обид да се задушат протестите. Зошто не се насочите кон отворање комуникација со граѓаните за да се избегне говор на омраза, наместо кон ограничување на интернет?

Токму и овие дезинформации јасно укажуваат на извртувањата на фактите кои одредени поединци и групи се обидоа да ги сторат деновите. Преку ваквите извртувања, тие без трошка совест, се обидуваат да профитираат од туѓа несреќа и да влијаат врз оние кои немаат доволно познавања и информации. Апсурдно е да се помисли дека МВР би можело да затвори некоја група. Тоа би било сериозен упад во  работењето на голема меѓународна компанија. Вистината е дека Фејсбук затвора групи и тоа врз основа на политиката на компанијата. МВР само го информира Фејсбук доколку добие информација дека на одредена група се повикува на насилство или се употребува говор на омраза. Ова не е прв случај да реагираме на сличен начин, така реагиравме и при организирањето на групите по инцидентот на Скопското Кале.  Неретко во ваквите случаи добивме и поплаки од граѓани во однос на злоупотребата на социјалните мрежи. Овојпат дел од нив беа и од млади лица кои на почетокот учествувале во протестот, но подоцна не сакаа да дозволат да бидат политички манипулирани. МВР можеше да ги игнорира овие поплаки и да не пријави ништо до Фејсбук, но не сакавме да бидеме соучесници во некои немили настани кои би можеле да произлезат од ваквиот начин на организација. За нас ваквото постапување беше примарно бидејќи мали беа шансите да се воспостави контакт со лицата кои демонстрираа. Никој не се легитимираше како водач, ниту пак некој побара некаква средба, што е вообичаена практика кога се организираат протести.Како ги оценувате протестите против полициската бруталност кои секојдневно се организираат на скопските улици?

За нас протестите се легитимно право загарантирано со Устав и закон. Наша должност е истите да ги обезбедуваме за да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир. Досега не беа регистрирани инциденти освен еден во кој според пријавата на полицискиот службеник, истиот бил нападнат од четири лица кои ја искористиле шансата и му го украле службениот пиштол. Сега имаме малку покомпликувана ситуација кога поголема група на млади одлучи да се огради од протестите на кои учествуваа и ги злоупотребуваа  претставници на опозицијата промовирајќи ги политичките ставови на СДСМ под превезот на граѓанска иницијатива. Нешто што многупати досега сме го виделе во режија на Сорос или таканаречените, наменски формирани Архибригади. Затоа, сега се насочуваме кон обезбедување и на едниот протест, односно на групата која не се огради од влијанијата на СДСМ, и на групата која реши да им каже не на политичките мешетари кои повторно се обидоа да профитираат врз туѓата несреќа и младинскиот револт. Дури после десет дена од протестите до нас стигна писмо со барања на кое експресно одговоривме и покажавме дека ја споделуваме загриженоста за тоа што се случи. Чувствувате ли морална одговорност за целиот случај?

Инцидентот беше изолиран и немаше никаква политичка позадина. Моја обврска беше истиот да биде целосно расчистен, а виновникот или виновниците во соодветна законска процедура да бидат изведени пред судот и во натамошната постапка да одговараат за тоа што го сториле. Јас тука ја гледам одговорноста. За разлика од случаите на Трајан Бекиров или Диме Ицковски-Поштар кога воопшто не беше покрената истрага ние покажавме дека може да се работи многу поинаку и секој да одговара за тоа што го сторил. Дали јас чувствувам гнев кон предизвикувачот на инцидентот, жал и солидарност со семејството или разочарување кон сите оние кои ја злоупотребија трагедијата е интимно прашање кое не смее да влијае на моите службени обврски. Чувствата мора да ги оставиме настрана кога станува збор за правдата и почитувањето на законите.Зошто не поднесовте оставка?

Од повеќе причини. Пред се заради фактите што Ви ги опишав претходно. Потоа и заради почитување на законите и процедурите во демократски избраните институции. Дел од партиските членови на СДСМ кои учествуваа во протестите веќе знаат во која процедура се поднесуваат вакви политички барања, доколку инсистираат на истите. Впрочем, во два наврати досега во Собранието истите неосновано бараа моја оставка. Целата процедура на интерпелација беше отфрлена од легитимно избраните пратеници за кои гласаа мнозинство од граѓаните. Затскривањето зад некои млади луѓе и игнорирањето на процедурите и институциите се нешто што не смее да стане практика.Изминатиот викенд двајца малолетници беа нападнати на паркингот кај МЕПСО. Гарантирате дека Скопје е безбеден град?

Вакви немили настани имало и  за жал ќе има и во иднина. Јас сум загрижена дека со неоснованите напади и обвинувања врз целокупниот полициски состав може само да се охрабрат и стимулираат криминалците. Не можам да исклучам дека извикувањата убијци, тепачи, кучиња и сличните навреди, ќе делуваат како вклучување на зелено светло за лицата од спротивната страна од законот чија логика вели дека полицијата после овие обвинувања ќе биде обесхрабрена да делува. Тоа нема да го дозволиме. Многумина полициски службеници, доколку сакате прецизно преку 850 од 2001 година наваму или ги загубија животите или беа повредени штитејќи го територијалниот интегритет и безбедноста на граѓаните. Тие не заслужуваат, по се што жртвуваа, да бидат омаловажувани и навредувани. И тие имаат семејства кои се револтирани од генерализирањето на делото што го извршил еден, врз целата полиција. Кога говориме за безбедноста во главниот град доволно е да се види статистиката. Ако во периодот 2002-2006 имаше 300 убиства, во периодот 2007-2011 имаше 180, односно над 41% помалку. Намалување од 15% во истиот период има и во делата од областа на насилниот криминал што се должи на повеќе фактори, а меѓу другото и на зголемената ефикасност, благодарение на професионалците во полицијата кои неосновано беа навредувани.Веројатно знаете дека апсењето на Љубе Бошкоски кое се случи на шести јуни се смета за селективно гонење на корупцијата. Како го коментирате ова?

Не сметам дека откривањето на сторител при извршувањето на кривично дело се сметало за селективно постапување и искрено ми се наметнува прашањето дали би било неселективно доколку полицијата не постапеше по сознанијата и го оставеше да замине со незаконски земените пари. Такво игнорирање на криминалот и прогледување низ прсти доколку се работи за политичар, немојте да очекувате од оваа Влада. Ние пред граѓаните се обврзавме за нулта толеранција кон криминалот и корупцијата и добивме мандат за спроведување на ваквата политика и немаме намера да отстапиме од истата. Впрочем, дали борбата против корупцијата е селективна говори и фактот што на листите на Transparency International, за неполни пет години, Република Македонија успеа да се искачи за цели 43 места од срамното 105-то во 2006 година. Еднаш засекогаш треба да се сфати дека нема привилегирани кога станува збор за спроведување на законот.Во тек се преговори за нова влада меѓу политичката партија на која припаѓате и Демократската унија за интеграција. Го задржувате ова министерско место или одите во друго Министерство?

ВМРО-ДПМНЕ на овие избори и по шести пат ја доби довербата на граѓаните. Што е уште поважно, на најдемократските избори досега излезноста беше огромна и граѓаните повторно покажаа дека можат да гласаат за, кога ќе препознаат програма и луѓе со капацитет истата да ја остварат. Токму нивната доверба е најголемата обврска за реализација на ветувањата и очекувам дека тоа ќе биде главната обврска на идниот владин состав. Премиерот Груевски ќе го добие мандатот и ќе одлучи за кадровскиот состав на новата Влада. Јас сум убедена дека ќе состави тим кој најдобро ќе може да одговори на предизвиците. /крај/форум/мд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Без струја делови на Ѓорче Петров, Сопиште, Карпош и Аеродром

Објавено пред

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа,без електрична енергија ќе останат делови на Ѓорче Петров, Сопиште, Карпош и Аеродром.

Од 08:00 до 14:00 часот, без струја ќе биде селото Орман (Општина Ѓорче Петров), од 08:30 до 14:00 часот, улици 14 и 16 во селото Сопиште (Општина Сопиште), од 09:00 до 14:00 часот, ул. Генерал Михајло Апостолски од бр. 1 до бр. 50 и бул. Партизански Одреди од бр. 51 до бр. 81 (Општина Карпош) и од 10:30 до 12:00 часот, објектите на патот од с. Горно Лисиче кон с. Долно Лисиче (Општина Аеродром).

Прикажи повеќе...

Македонија

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Објавено пред

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска.

Како што информира претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, било утврдено дека треба да гласаат 759 лица.

„Разликата што се јавува во бројките што ги соопштивме претходно е од причина што одлучувавме и прифативме одредени приговори од граѓани“, појасни Дерковски.

Додаде дека гласачките места во следните денови ќе бидат безбедни и ги повика сите граѓани да излезат и да го остварат нивното гласачко право.

Од ДИК образложија дека ливчињата од гласањето денеска и утре остануваат запечатени во пликоата што се наоѓаат во гласачките кутии. Велат дека не постои начин да се отворат овие ливчиња и да се провери кој за кого гласал до завршувањето на изборниот процес.

Утре гласаат болните и немоќните, како и лицата во казнено-поправните установи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата одлучи Македонија да се вклучи кон глобалната набавка на идната вакцина против Ковид-19

Објавено пред

Владата на седница ја разгледа и усвои информацијата за можноста земјата да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за Ковид-19 преку COVAX-механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини.

Владата го овласти министерот за здравство Венко Филипче да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за приклучување кон COVAX-механизмот и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија13 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија13 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија15 часа

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ16 часа

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија16 часа

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија17 часа

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет20 часа

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа21 час

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ21 час

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ21 час

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија22 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион22 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион22 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет23 часа

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет24 часа

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион1 ден

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Македонија1 ден

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат...

Македонија2 дена

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија2 дена

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Досие