Македонија
Охрид домаќин на 44 Меѓународен семинар за македонски јазик
Четириесет и четвртиот Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, денеска свечено ќе биде отворен во Охрид.
Четириесет и четвртиот Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, денеска свечено ќе биде отворен во Охрид. На отворањето на семинарот ќе се обратат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски и директорот на семинарот Максим Каранфиловски.Годинава на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура ќе учествуваат над 100 слависти, македонисти, балканисти, историчари, етнолози, универзитетски професори, научни работници, преведувачи и студенти по македонистика, славистика и по балканистика од 24 земји од светот. Во рамки на семинарот ќе работи традиционалната летна школа која покрај изучување на македонската литература, историја, етнологија, фолклор, опфаќа и организирана екскурзија за запознавање со природното и културното богатсво на Македонија. Исто така, ќе биде презентиран и богатиот творечки опус на познатите македонски писатели: Блаже Конески, Коле Чашуле, Петре М. Андреевски и Гане Тодоровски. Во рамки на семинарот на 14 и 15 јули ќе се одржи и 38-мата меѓународна научна конференција од областа на македонистиката. крај/охридњуз/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.