Македонија
Новинарите на протестен марш за солидарност
Новинарите и медиумските работници денеска во пет до дванаесет ќе излезат на протестен марш во Скопје.
Новинарите и медиумските работници денеска во пет до дванаесет ќе излезат на протестен марш во Скопје.Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) вчера на прес – конференција ги повикаа новинарите од цела Македонија да излезат и да учествуваат на протестот.Непосреден повод за протестот се отказите на две новинарки од „Утрински весник“ и затворањето на дневните весници „Шпиц“, „Време“ и „**** е ре“.„Но овој протест не е ексклузивно заради тоа. Причините, за жал, се многубројни. Овој протест е заради колегите кои се принудени да потпишат спогодбен отказ уште при вработувањето па преку ноќ се избркани, заради оние кои со месеци работат без плата, за оние на кои не им се плаќаат пензиско и здравствено осигурување, за хонорарците кои го носат најголемиот товар на работата, а се обесправени, за дописниците кои се третирани како граѓани од втoр ред, заради тонците, реализаторите, светлаџиите, снимателите, за пријавените на скратено работно време, за плаќањето во кеш и бонови, заради претпоставените кои наместо новинари станаа алатка за дисциплинирање, за директните уцени, заради сите непочитувања на законот за работни односи кои мораме да ги одмолчиме“ изјави вчера претседателот на ССНМ, Тамара Чаусидис.Протестот го поддржа и ЗНМ, чиј претседател Насер Селмани смета дека новинарите треба да покажат храброст дека незаконските откази не ги плашат, жестоко да реагираат и со легални средства да ги заштитат своите права.„Ние како еснаф имаме право да имаме различни ставови за генeреалната состојба на медиумите во Македонија. Меѓутоа, ние мора да се обединиме околу тоа дека газдите не можат да отпуштаат новинари надвор од законска процедура. Ние сме свесни дека и во светот се отпуштаат новинари и се затвораат медиуми, меѓутоа во нормални земји овој процес е транспарентен во дијалог со синдикатот и не се остава никакво сомневање дека причините за затворањето или отпуштањето се некој други освен економски“, изјави Селмани.„Нам не ни треба поддршка од партиите, напротив нам ни треба поддршка од фелата, еснафот заеднички да можеме да застанеме пред институциите и да им го кажеме тоа што не смеат да го прават, а ние не бараме ништо повеќе освен да се почитуваат законите и да се почитува редот и да се респектира нашата професијата“, вели Драган Антоновски, член на Синдикатот.Протестот ќе започне од пред просториите на ЗНМ, ќе продолжи до плоштадот „Пела“, а ќе заврши на плоштадот „Македонија“. На работодавачите ќе им порачаат дека „не сакаме да бидеме безгласни извршители и дека синдикатот мора да биде нивен партнер за одлуките кои ги засегаат работниците./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.