Македонија
Наскоро ќе се потпишат билатералните договори за екстрадиција
Министерството за правда започна со изготвувањето на билатералните договори за екстрадиција со Србија, Хрватска и Црна Гора, соопштуваат од министерството.
Министерството за правда започна со изготвувањето на билатералните договори за екстрадиција со Србија, Хрватска и Црна Гора, соопштуваат од министерството.
Денеска делегации од Македонија и од Србија се срeтнаа во Скопје и ги започнаа преговорите за склучување на три билатерални договори, Договор за екстрадиција, Договор за правна помош во граѓанските и кривичните предмети и Договор за меѓусебно извршување на судски одлуки.
Со склучувањето на овие билатерални договори за екстрадиција се создава можност за примена на Амандманот ХХХII од Уставот за успешно спречување на кривичните дела од организираниот криминал и корупцијата и оневозможување злоупотреба на двојното државјанство за одбегнување на казнено гонење.
Со ова се отвара патот за испорачување на лицата кои ја одбегнуваат правдата со двојното државјанство.
Поранешниот прв цариник Драган Даравелски со години е недостапен за органите на правдата во Македонија поради неговото српско државјанство.
Министерот за правда Михајло Маневски кој учествува во преговорите не сака да зборува конкретно за овој случај. Вели дека не е добро во една држава да има засолниште некој кој треба да одговара за кривично дело во Македонија.
Во петок пак, ќе се потпише текстот на Договорот за екстрадиција меѓу Македонија и Хрватска, а истиот ден во попладневните часови започнуваат преговорите помеѓу експертските тимови за Македонија и на Црна Гора.
Освен Даравелски, со двојното државјанство правдата ја одбегнуваат и стечајниот управник, Владислав Тамбурковски, кој е поврзан со повеќе спорни приватизации, како и поранешниот министер за здравство, Владо Димов, кој има и бугарско државјанство.
Пратениците во јануари ги усвоија измените на Уставот, со кои се предвидува Македонија врз основа на меѓународен договор да може да екстрадира свои граѓани во други земји, но и да бара испорачување на странски државјани што ги гони за организиран криминал, кои го злоупотребиле двојното државјанство или избегнувале казнена одговорност./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука
Македонија
Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР
Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во своите прелиминарни заклучоци со позитивна оценка, но со забелешка за острата и негативна реторика.
Шефицата на мисијата на ОБСЕ, Џилијан Стирк, на денешната прес-конференција посочи дека во кампањата биле почитувани основните слободи, процедурите во гласањето биле испочитувани во голема мера, додека, пак, во некои случаи избирачките одбори не ги завршиле целосно пропишаните процедури при пребројувањето.
„Основните слободи беа почитувани во кампањата, но како што се приближуваше денот на изборите, а границите помеѓу претседателската и парламентарната трка почнаа да се замаглуваат, реториката стануваше сè понегативна и во некои случаи дискриминаторска, одразувајќи ја политичката фрагментација и етничките поделби“, истакна Стирк.
Околу измените во Изборниот законик, истакна дека тие биле воведени преку процес на кој му недостасувало транспарентност и консултации со јавноста.
Беше потенцирана и недоволната застапеност на жените во кампањата, како и ограничениот ангажман на жените гласачи што, како што е посочено, ја покажува потребата од поголема посветеност на обезбедување нивна вклученост во политичкиот живот.
Во врска со распределбата на средствата за кампања беше нагласено:
„Поврзаноста на распределбата на средствата за кампања и медиумските можности со партиската припадност несразмерно ги фаворизираше кандидатите кои се поврзани со големите политички партии“, наведе Стирк.
Набљудувачката мисија ќе го проследи и вториот круг на претседателските избори заедно со парламентарните избори на 8 мај.