Македонија
Македонија и Хрватска ќе потпишат договoр за екстрадиција
Македонија и Хрватска денеска ќе потпишат билатерален договор за екстрадиција, соопштуваат од Министерството за правда. Потпишувањето следува по неколкуте средби на експертско ниво на кои се работеше на изготвување на договорот.
Македонија и Хрватска денеска ќе потпишат билатерален договор за екстрадиција, соопштуваат од Министерството за правда. Потпишувањето следува по неколкуте средби на експертско ниво на кои се работеше на изготвување на договорот.Со овој договор се отвара патот за испорачување на лицата кои ја одбегнуваат правдата со двојното државјанство.Во вторникот започнаа преговорите за склучување на ваков договор и со Србија, а денеска ќе започнат преговорите со Црна Гора. Со склучувањето на овие билатерални договори за екстрадиција се создава можност за примена на Амандманот 32 од Уставот за успешно спречување на кривичните дела од организираниот криминал и корупцијата и оневозможување злоупотреба на двојното државјанство за одбегнување на казнено гонење.Поранешниот прв цариник Драган Даравелски со години е недостапен за органите на правдата во Македонија поради неговото српско државјанство.Освен Даравелски, со двојното државјанство правдата ја одбегнуваат и стечајниот управник, Владислав Тамбурковски, кој е поврзан со повеќе спорни приватизации, како и поранешниот министер за здравство, Владо Димов, кој има и бугарско државјанство./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.