Македонија
Приведени двајца крадци на викендички
СВР Скопје со кривична пријава, до надлежното ОЈО-Скопје за натамошна постапка, ги предаде А.М.(26) и М.И.(21) од Скопје,
СВР Скопје со кривична пријава, до надлежното ОЈО-Скопје за натамошна постапка, ги предаде А.М.(26) и М.И.(21) од Скопје, поради постоење основано сомневање дека во периодот 2010/2011 година на подрачјето на општина Гази Баба, извршиле единаесет тешки кражби во викендици, и три кражби од објекти на ЕВН. При тоа лицата се стекнале со противправна имотна корист од околу 1.964.500 денари, од кои со 465.000 ден оштетиле физички лица, додека со над 1.500.000 ден го оштетиле правното лице ЕВН.Единаесетте тешки кражби, двајцата ги извршиле во временскиот период од ноември 2010 до јануари 2011 на подрачјето на општина Гази Баба во атарот на с.Идризово, во месноста Солен Вир. Во наведената месност најголем број од куќите се викендици и во сите случаи влегувањето било на ист начин, односно со кршење на бравите од влезните врати на викендиците. Две, од трите кражби, со кои двајцата го оштетиле правното лице ЕВН се извршени во периодот од 10 до 11 мај 2011 год.Инаку и двајцата се познати сторители на имотни деликти за што до надлежното ОЈО им се поднесени вкупно 67 кривични пријави. крај/мвр/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.