Македонија
262 нови случаја на Ковид-19 и едно починато лице
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.225 теста, а регистрирани се 262 нови случаја на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 138, Битола – 25, Кавадарци – 17, Охрид – 15, , Прилеп – 11, Куманово – 8, Делчево – 6, Тетово и Кичево – по 5, Велес, Струмица, Штип и Гевгелија – по 4, Кочани – 3, Гостивар, Ресен, Валандово и Крушево – по 2 и по еден од Сруга, Неготино, Свети Николе Радовиш и Виница.
Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 39 реинфекции.
Во изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Скопје (87) во болнички услови. Кај починатото лице регистриран е коморбидитет.
Во изминатото деноноќие пријавени сe и 326 оздравени пациентим и тоа од: Скопје – 188, Битола – 26, Прилеп – 16, Кавадарци и Охрид – по 15, Велес – 13, Куманово – 12, Кочани – 9, Струмица – 7, Делчево – 6, Кичево и Гевгелија – по 5, Берово – 3 и по еден оздравен од Ресен, Валандово, Крушево, Неготино, Кратово и Пехчево.
Направените 2.225 теста се преку: ИЈЗ-210, ЦЈЗ Скопје-112, ЦЈЗ Битола-71, ЦЈЗ Прилеп-30, ЦЈЗ Тетово-23, ЦЈЗ Куманово-60, лабораторија болница Козле-18, Институт за микробиологија–183, Жан Митрев (Филип Втори)-50, Авицена-58, Биотек-72, Систина-36, лабораторија Лаор-58, Синлаб-8, Ремедика-15, Плодност-15, Генеа-6, Никоб лаб-124, ВФВ медикал-63, Ели медика плус-15, Ројал медика–3, Спектра-ММ-2, Рапид лаб–5, Жан Митрев Струмица–5, Нова лаб дијагностика–1, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 972.
Досега во земјата се направени вкупно 1.962.489 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 305.979, бројот на оздравени пациенти е 294.988, на починати е 9.221, а бројот на активни случаи изнесува 1.770.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 143.506, Активни 960
Куманово 16.552, Активни 43
Битола 14.801, Активни 166
Прилеп 13.992, Активни 98
Тетово 13.418, Активни 44
Кавадарци 10.489, Активни 82
Велес 9.682, Активни 34
Гостивар 9.531, Активни 17
Охрид 8.731, Активни 72
Струмица 7.996, Активни 16
Штип 7.970, Активни 17
Кичево 5.561, Активни 41
Кочани 5.049, Активни 20
Струга 4.695, Активни 15
Гевгелија 4.365, Активни 15
Неготино 3.658, Активни 13
Ресен 2.676, Активни 14
Свети Николе 2.615, Активни 3
Радовиш 2.515, Активни 12
Крива Паланка 2.405, Активни 2
Делчево 1.947, Активни 31
Дебар 1.670, Активни 12
Берово 1.637, Активни 3
Валандово 1.476, Активни 4
Виница 1.379, Активни 8
Пробиштип 1.263, Активни 5
Богданци 1.019, Активни 7
Кратово 960, Активни 2
Крушево 922, Активни 9
Демир Хисар 826, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 586, Активни 1
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 485, Активни 0
Дојран 343, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: пет имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија ќе се одржат седмите претседателски избори, а до затворање на избирачките места во 19 часот, на сила е изборен молк.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.