Македонија
Втора средба на Иванов со лидери на младински организации на партиите
Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со лидери на младинските организации на политичките партии во Македонија, информираат од неговиот кабинет.
Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со лидери на младинските организации на политичките партии во Македонија, информираат од неговиот кабинет.На средбата во Охрид било разговарано за начинот на кој беа спроведени предвремените парламентарни избори. Лидерите на младинските организации пред Иванов ги презентираа искуствата од предизборната кампања, предизвиците со кои се соочувале на терен и нивниот општ впечаток за изборниот процес.„Во демократијата изборите доаѓаат и поминуваат, и тие ги легитимираат оние кои ја преземаат одговорноста за државата. Сите ние треба да учествуваме во афирмирање и промовирање на Република Македонија како држава во која живеат и дејствуваат квалитетни, талентирани и кадарни млади луѓе, кои поседуваат голем капацитет и потенцијал и кои се спремни да ја преземат одговорноста за иднината на својата татковина во свои раце со практикување на јавна пристојност“ изјави претседателот Иванов. Првата средба од ваков вид се одржа пред парламентарните избори, кога Иванов побара развој на политичкиот дијалог и придонес на младинските организации за фер, демократски и мирни избори. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.