Македонија
Кривична за лажниот сообраќаец кај Удово
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поднесе кривична пријава против 34-годишен полицаец до Нов Дојран, осомничен дека ја злуопотребил сложбената положба и овлaстувања.
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поднесе кривична пријава против 34-годишен полицаец до Нов Дојран, осомничен дека ја злуопотребил сложбената положба и овлaстувања.Обвинетиот полицаец иако бил на годишен одмор, во понеделникот облечен во службената униформа и пиштол и со полициска палка за сопирање возила, утрото кај клучката кај селото Марвинци сопрел полски државјанин и на општа уплатница наводно казнувајќи го за проблеми со светлото на неговото возило впишал сума како казна од 3.022.00 денари.Потоа полицаецот во периодот меѓу 9 и 10 часот на 18-ти јули, на истото место сопрел и српски државјанин кому за наводен сообраќаен прекршок му наплатил 2.800, а малку подоцна бил „казнет“ и косовски државјанин – со 1.200 денари, зашто не бил врзан со безбедносниот појасОвој лажен сообраќаец бил пријавен од свој колега кој на излез од државата го известил началникот на полициската станица на граничниот премин „Богородица“ дека кај клучката Удово полицаец без флоуросцетен службен елек а во близината немало полициско возило, поради што полицаецот кој патувал на годишен одмор не застанал иако неговиот колега му сигнализирал да го сопре возилотоВеднаш потоа патролната полициска служба го принашла пријавениот колега кој од џебот на униформата извадил повеќе уплатници кои ги фрлил крај патот. Сепка, кај него биле пронајдени 115 евра кои биле сокриени во футролата за резервната рамка од неговито пиштол На полоцискиот службеник кој во слободно време изигрувал сообраќаец му е одредена мерка притвор од осум дена а поднесен е и предлог тој без без водење на дисциплинска постапка да донесе Решение за откажување на договорот за вработување за полицискиот службеник./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од
Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски извести дека гласањето се одвива мирно и без неправилности, а техничките проблеми вели дека тековно ги решаваат.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот во првите два и пол часа е 3,85 отсто, но пристигнале податоци од само 832 избирачки места. На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК
Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето е почнато навреме, се одвива мирно и без пријавени неправилности. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски утрово рече дека одѕивот е мал, но мал е и бројот на избирачки места од кои се пристигнати податоци.
„До девет часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 832 избирачки места. Од вкупно запишани 42.748 гласачи на овие избирачки места, гласале 15.487 или 3,8 отсто од гласачите. До овој момент во ДИК се доставени вкупно 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка“, рече Даштевски.
На бесплатниот телефонски број 0800 555 44 граѓаните можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Активна е и видеокол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се интернет страницата на ДИК www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ и каналот на јутјуб.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.
На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места. Податоци од повеќе избирачки места претседателот Даштевски најави за следната прес – конференција.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.