Македонија
Фатени инспектори и полицаец за земање поткуп
Полицијата уапси четворица полициски инспектори и еден полицаец кои земале поткуп за да повлечат кривична пријава, соопштуваат од МВР.
Полицијата уапси четворица полициски инспектори и еден полицаец кои земале поткуп за да повлечат кривична пријава, соопштуваат од МВР.
Уапсени биле вчера попладне кај ГТЦ. Вчера еден од инспекторите кој што работел во полициската станица Бит Пазар побарал 20.000 денари од скопјанец за да му го држи предметот во фиока, односно за да не му биде поднесена кривична пријава. Предметот за кривичната пријава бил кај полицаецот.
Најпрвин договорил со оштетениот да се сретнат кај Основниот суд скопје 1, но го сменил планот, па кај бензинската пумпа кај „Сајмиште“ пратил друг инспектор на кого му дал дел од парите. Двајцата инспектори се сретнале кај ГТЦ каде што биле и уапсени.
Жртвата била уценувана откако купил шест килими од некое друго лице кое не ги платило на фирмата од која што ги купило, па затоа му била поднесена кривична пријава. А сега инспекторите му се заканувале и на оштетениот дека и него ќе му биде поднесена кривична пријава, ако не му платат.
„Од страна на оштетениот во два наврата на првопријавениот му биле дадени еднаш 126.000,00 денари и вториот пат 500 евра. Откако оштетениот почнал да се буни, да реагира зошто продолжуваат да му бараат пари истите му рекле дека ако продолжи така ќе биде викнат во друга полициска станица за истиот предмет. По неколку дена оштетениот бил повикан од четврто и петто пријавените во ПС Аеродром за истиот предмет, иако кај нив таков предмет не бил заведен. Од страна на прво и трето пријавениот и понатаму се вршел притисок врз оштетениот да им даде уште 30.000 денари по што тој го пријавил случајот“ соопштуваат од МВР.
Заедно со доказниот материјал и кривичната пријава, осомничените во текот на денот ќе бидат изведени пред надлежен Истражен судија. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.