Контакт

Македонија

Изгласана новата Влада на РМ

Објавено пред

Со 70 гласа за и 47 против собранието на Република Македонија вечерва ја изгласа новата влада. Премиерот Никола Груевски и новите министри положија свечена заклетва пред претседателот на собранието, Трајко Вељановски.

dobivaj vesti na viber

Со 70 гласа за и 47 против собранието на Република Македонија вечерва ја изгласа новата влада. Премиерот Никола Груевски и новите министри положија свечена заклетва пред претседателот на собранието, Трајко Вељановски.По заклетвата,  целиот владин тим замина на традиционалниот прием кај претседателот Ѓорге Иванов во вилата „Водно“./Составот на новата влада е: Никола Груевски, премиер – првпат стапи на премиерска должност на 27 август 2006 година откако неговата партија ВМРО-ДПМНЕ победи на тогашните парламентарни избори. Во владата на премиерот Љубчо Георгиевски ја вршеше функцијата министер без ресор, а беше и министер за трговија во периодот 1998-999година. Беше министер за финансии од 1999 до 2002 година, а истовремено ја вршеше функцијата гувернер на Република Македонија во Светска банка и во Европската банка за обнова и развој. Во неговата работна биографија е запишана и функцијата претседател на Државната комисија за хартии од вредност. Груевски е магистер по економски науки. Фатмир Бесими, министер за одбрана – во Министерството за одбрана доаѓа од позицијата министер за економија функција која ја врши од 2008г. Министер за економија беше и во друг владин кабинет од 2004 до 2006г. Кратко време беше вицегувернер на Народна банка на Македонија, а работел и во канцеларијата на Светска банка во Приштина, Косово. Бесими докторирал економија на Универзитетот Стафордшир, Велика Британија.Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи – на министерската функција во МВР дојде во 2006 година како решение на премиерот Никола Груевски. Во периодот од 1999 до 2000-та работи како правник во приватниот сектор, а претходно како државен советник во Министерството за финансии, каде во истиот период е и шеф на Кабинетот на министерот. Таа е магистер по правни науки. Магистрирала на Универзитетот Кент во Велика Британија. Блерим Беџети, министер за правда – од 2009 е градоначалник на општина Сарај.  Претходно, бил пратеник во Собранието, а има тригодишно искуство и во Министерството за правда како Виш соработник. Дипломирал право на Универзитетот во Приштина. Никола Поповски, министер за надворешни работи – досегашен амбасадор на Македонија во Европската унија. Работел во Европската комисија, а од 2001 до 2004г. бил секретар во Француската амбасада во Македонија. Има искуство и во ДЕПФА Банк, Ирска. Има две магистратури: една по европски економски студии на Колеџот на Европа, Бриж, Белгија и другата по странски јазици и меѓународна трговија на ЕУ Универзитетот во Рен, Франција и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Зоран Ставрески, министер за финансии – во владата на Груевски е од 2006 година, прво како  вицепремиер за економски работи, а од 2009г. и како министер за финансии. До 2006г. беше водечки економист за развојни политики во едно од одделенијата на Светска банка. Во Светска банка работел од 2001 до назначувањето за министер во првата влада на премиерот Груевски. Претходно имал и други функции во Министерството за финансии, а има и седумгодишно искуство во Народна банка на Македонија. Ставрески е магистер по економски науки. Ваљон Сараќини, министер за економија – досегашен директор за комуникации и маркетинг на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје. Претходно бил оперативен директор во Американ колеџ (од 2007 до 2010г). Има запишано постдипломски студии од економија.Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство – министер е од 2008 година, од 2005 до 2008г. беше заменик-министер за транспорт и врски. Бил директор во ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје и во „Електронска индустрија“- Скопје, . Димовски е дипломиран економист.Никола Тодоров, министер за здравство – доаѓа во ресорот здравство од Министерството за образование каде беше избран за министер во 2009г. Претходно бил член на Надзорниот одбор во ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, а има искуство како раководител во скопскиот катастар. Тодоров е правник.Панче Кралев, министер за образование и наука – доаѓа од советничкото место во Кабинетот на вицепремиерот за европски прашања, Владимир Пешевски. Бил соработник за финансиско советување во Раифаизен Инвесментс во Србија, а од 2006 до 2008г. бил советник за економски и трговски прашања во Холандската амбасада во Скопје. Моментно е на докторски студии во Европскиот центар за мир и развој (ЕЦПД).Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика – доаѓа од местото заменик-министер во Министерството за труд и социјална политика. Бил заменик-директор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, МАПАС. Дипломиран правник.  Невзат Бејта, министер за локална самоуправа – досегашен градоначалник на Гостивар.  Од 2002 до 2005г. пратеник во Собранието, до тогаш професор по историја во Гостивар и Чегране. Завршил филозофски факултет. Елизабета Канческа Милевска, министер за култура – првпат е назначена за министер за култура во 2008г. Претходно, во Министерството за култура ја вршеше функцијата државен секретар. Има искуство како заменик-градоначалник во општина Кисела Вода и во одделението за европска интеграција во Агенцијата за државни службеници. Била и асистент на Европскиот универзитет во Скопје. Канческа Милевска довршува докторска дисертација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација – министер за информатичко општество е назначен во 2008г., а како министер без ресор задолжен за информатичко општество во 2006 година. Во владата на Груевски дојде од менаџерската позиција во компанијата Пласколајт Инкорпорејтед, еден од најголемите приватни производители на плексиглас во светот. Ивановски магистрирал информатика на Франклин Универзитетот. Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски – назначен е за министер за транспорт и врски во 2006г. Пред тоа беше генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје. Има искуство како помошник раководител во Министерството за финансии. Дипломирал манаџмент и бизнис-администрација на Американскиот колеџ во Солун. Абдилаќим Адеми, министер за животна средина и просторно планирање – до сега вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор. Од 2002 до 2006г. беше пратеник во Собранието. Магистрирал технички науки на Универзитетот во Тирана, Албанија. Министри без ресорВладимир Пешевски – избран е за вицепремиер за економски прашања во 2009 г. Во Кабинетот на Груевски дојде од позицијата генерален директор и партнер на СЕАФ фондот, меѓународен инвестициски фонд за директни инвестиции во приватни компании на Балканот. Работел и на проекти на УСАИД. Пешевски е магистер по деловна администрација на Универзитетот Шефил, Англија. Теута Арифи  – од 2002 година пратеник во Собранието каде вршела повеќе функции. Од 2001 до 2006 година била декан на Педагошкиот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Докторирала филолошки науки на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.Муса Џафери – од 2008 до сега беше министер за локална самоуправа, а во владата 2002-2006 година беше вицепремиер задолжен за имплементација на Рамковниот договор. Магистрирал економија на Универзитетот во Цирих, Швајцарија.Неждет Мустафа – оваа функција ја вршеше и во досегашната влада на Груевски од 2008 година. Беше пратеник во Собранието и во два мандата градоначалник на Општина Шуто Оризари. Дипломирал филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Хади Незир – министер без ресор е од 2008 година. До именувањето на функцијата беше извршен директор на ХЕЦ Равен. Незир е дипломиран електроинженер.Веле Самак – беше назначен за министер без ресор задолжен за странски инвестиции во 2006г. Во владата на премиерот Груевски дојде од позиција маркетинг менаџер во Корпорацијата „Мајкрософт“. Има големо меѓународно искуство, меѓу кое и она во Ситигруп, како потпретседател во отсекот за квантитативни истражувања. Самак е магистер по бизнис администрација.Бил Павлески  – на министерска позиција доаѓа од мултинационалната компанија Хјулит Пакард. Таму има 14 годишно искуство на високи инженерски и менаџерски позиции. Има две магистратури: за компјутерски науки на Северноисточниот универзитет во Бостон и по бизнис менаџмент на Хардард.  /крај/бд/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Објавено пред

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90 дена. Откога во понеделникот Комерцијална банка извести дека склучиле договор за продажба на имотот на фабриката со друштва основани од холандската холдинг-компанија „Полиникел холдинг БВ“ (Polynickel Holding BV), која е дел од турската „Јулдирим груп“ (Yildirim Group), нивни претставници вчера имале состанок со Синдикатот и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Ги известиле дека почнуваат со подготовки за рестартирање на фабриката, кое очекуваат да биде во јуни.

dobivaj vesti na viber

„Од вчера почна да тече рокот од 90 дена во кој новите сопственици на фабриката ќе ги враќаат назад вработените. Нè известија дека ќе ги преземат 120-те вработени кои останаа на работа за да ја одржуваат печката додека сопственик беше Комерцијална банка, а за другите ќе има огласи. Ова рестартирање на фабриката се разликува од последното што го направи ‘Еуроникел’, кој зеде обврска да ги преземе и сите вработени. Новите сопственици ја купија само фабриката, без вработените, но вчера нè известија дека ќе ги задржат оние што останаа да ја одржуваат печката, а другите ќе може да се јават на огласите што ќе ги распишуваат во следните месеци. Со производство, според сегашните најави, ќе се почне во јуни, кога истекува и рокот во кој рекоа дека ќе ги враќаат назад вработените“, вели Игор Ѓерасов, претседател на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството на Македонија (СИЕР), за „Макфакс“.

Многумина од вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, стравуваат дека ќе извисат и новиот газда нема да ги врати на работа оти ќе бараат работници преку оглас. Градоначалникот Јанчев, пак, уверува дека тие ќе имаат предност за вработување.

„Добивме уверување дека ќе имаат предност вработените, но и без тоа во фабриката се бараат стручни луѓе и луѓе со искуство, а никој подобро не ја знае работата отколку досегашните вработени. Новите сопственици веќе влегоа во фабриката. Ќе ги направат неопходните ремонти, ќе направат план за работа и ќе ги враќаат постепено вработените. Тие дури рекоа дека се и загрижени дека нема да успеат да ја пополнат потребната бројка работници оти многумина заминаа во странство, некои си најдоа друга работа. Добивме цврсти уверувања дека ќе почнат со производство. Веќе имаат договори за снабдување со руда од Брегот на Слоновата Коска и од Гватемала. И, денес да тргне рудата, ќе треба еден месец за да стигне, а во тој период ќе почне и постапката за враќање на работниците. Мора да оди преку оглас оти така предвидуваат законите кај нас“, вели градоначалникот Јанчев за „Макфакс“.

Побарувањата од 2,1 милиона евра за четири неисплатени плати вработените ќе чекаат да им бидат исплатени во стечајната постапка за „Еуроникел индустри“, која беше отворена на почетокот на февруари. На стечајната постапка ќе чекаат и сите доставувачи што пријавиле долгови, но приоритет за исплата имаат платите на вработените.

Градоначалникот Јанчев вели дека веќе договорил со стечајниот управник  Ацо Петров, кога ќе заврши стечајната постапка, да поднесат кривични пријави против раководството на „Еуроникел индустри“, кое минатата година ја доведе до стечај фабриката.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тошковски од Струмица: Управните служби ќе издаваат лични документи и во сабота

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во посета на струмичкиот крај, каде што оствари работни посети на Секторот за внатрешни работи Струмица, Отсекот за управни работи Струмица и канцеларијата за управни работи во Ново Село. Министерот Тошковски од страна на раководството на СВР Струмица беше брифиран дека, генерално, безбедносната состојба на подрачјето што го покриваат е стабилна и не се забележува позначајно зголемување на бројот на извршени кривични дела, а во тој поглед имаат солиден процент на реализација. Како проблем на чие решавање треба да се работи што побргу беше истакната слабата кадровска пополнетост, односно недостиг на човечки ресурси за работа.

dobivaj vesti na viber

„Во делот на управните служби би сакал да потенцирам дека во интерес на струмичани повторно ќе почне процес на издавање лични документи и во сабота (од наредната), а работиме на тоа да се издаваат лични документи и во текот на работната недела по 16 часот со цел луѓето, по завршување на работните обврски, да може да си ги подигнат готовите документи“, нагласи министерот Тошковски.

Што се однесува до канцеларијата за управни работи во Ново Село, и покрај опструкциите на Владата со поништувањето на наредбата на колешката, која доброволно прифати да помогне во овој дел, како што потенцира Тошковски, со почетокот на континуираното функционирање на базната станица таа опслужува граѓани од поширокото подрачје на Струмица и бројот на фотографирања на оваа територија се зголеми 32 %.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Јавното обвинителство се координира со другите институции за обезбедување фер и демократски изборен процес

Објавено пред

Координација на активностите за успешно спроведување на претстојните избори, со поддршка од сите институции што се дел од овој процес, беше тема на денешниот состанок на јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери. На средбата присуствуваше и јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата во Јавното обвинителство за следење евентуални изборни нерегуларности поврзани со извршување кривични дела од Глава шеснаесет – кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела што би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.

dobivaj vesti na viber

На средбата заеднички се констатира дека двојните избори во државава се од исклучителна важност во рамките на очекувањата за напредок на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес и во таа насока се потенцира улогата на сите надлежни институции и потребата од ефикасно дејствување со цел спроведување фер и демократски изборни процеси. Се нагласи и очекувањето од двете страни дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност.

Во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, денеска, јавниот обвинител Бајрами и членови на Комисијата остварија работна средба со членовите на Државната изборна комисија, на која двете институции меѓусебно се информираа за текот на подготовките за организација и следење на изборниот процес, како и потенцијалните ризици. Привремената комисија во Јавното обвинителство непосредно ќе комуницира со членовите на ДИК во текот на спроведувањето на изборниот процес и особено на денот на гласањето за да се информира за сите евентуални изборни нерегуларности што би можеле да бидат предмет на кривична одговорност за сторителите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија1 час

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија3 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ4 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија4 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија4 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија7 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет7 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет8 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија8 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион8 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет8 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет8 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија23 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија1 ден

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...