Македонија
Кривична пријава за сопственик на охридски интернет портал
Сопственик на охридски интернет портал и градежна фирма во Охрид, Сашо М. доби кривична пријава за даночно затајување, оштетување на доверители и фалсификување и уништување на деловни книги, соопштува МВР.
Сопственик на охридски интернет портал и градежна фирма во Охрид, Сашо М. доби кривична пријава за даночно затајување, оштетување на доверители и фалсификување и уништување на деловни книги, соопштува МВР.
Од 2008 до 2010 година, Сашо Д. како управител на фирма водел фиктивно сметководство, делумно се обезбедувал со фиктивни фактури, не поднесувал ДДВ пријави или ги поднесувал со невистинити податоци, противправно подигал жирални средства од сметката на правниот субјект во деловните банки кои биле незаконски разкнижувани по повеќе основи, без притоа да поседува соодветен документ. Го оштетил буџетот на општина Охрид за 1.7 милиони денари.
„Во текот на 2009 и 2010 година, иако знаел дека неговата фирма е неспособна за плаќање, со намера изиграл неколку доверители-добавувачи на бехатон плочки. Тој, со измамнички дејствија во книговодствената евиденција, наместо да ги плаќа обврските кон доверителите во износ од 2.625.053 денари, ги подигнал во готово од жиро сметка и лично, фиктивно ги евидентирал како материјални трошоци во износ од 3.615.500 денари во 2009 и 3.314.800 денари во 2010 година“ се вели во соопштението на МВР.
Според податоците на охридската полиција, за да ги избегне давачките тој дури се претставувал и како вработен во Министерството за внатрешни работи
Медиумот на осомничениот потврди дека бил повикан на информативен разговор но вели дека се неточни тврдењата дека се претставувал како полицаец.
Во информацијата уште се наведува дека порталот во сопственост на осомничениот охриѓанец е критички настроен кон власта и дека таа до сега се пресметала со неколку такви медиуми.
Исто така се наведува дека уредникот на порталот по информативниот разговор во полицијата бил хоспитализиран во охридската општа болница./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласови односно 0,90%. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателска кандидатура, зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласови, додека во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на фејсбук.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.