Македонија
Џафери: Можеме да ја поправиме иднината
Вицепремиерот задолжен за спроведување на рамковниот договор, Муса Џафери, во пресрет на 10-годишнината од неговото потпишување, повика јавноста да ги извлече позитивните пораки од случувањата во 2001 година и во тој дух да се работи на подобра иднина за државата.
Вицепремиерот задолжен за спроведување на рамковниот договор, Муса Џафери, во пресрет на 10-годишнината од неговото потпишување, повика јавноста да ги извлече позитивните пораки од случувањата во 2001 година и во тој дух да се работи на подобра иднина за државата.
Запрашан за непојавувањето на претставници на политичкиот блок на Албанците на годишнините од случувањата на Карпалак и Љуботенски бачила, Џафери смета дека и покрај почитта што од двете страни постои кон случувањата од 2001-ва година, сепак сеуште постојат и различни мислења за нив.
„Мое мислење е дека тие рани не е толку лесно да се излечат. Мислам дека сите преставници на политички партии и институции имаат поголема храброст да се соочат со тие случувања и начинот на кој ќе одлучат да им оддадат чест на оние што беа жртви или го загубија животот во тие настани, зависи од тоа како ќе се организира тој настан. Мислам дека од двете страни има храброст да се даде почит кон тие историски моменти. Ние сме сите свесни дека од оваа гледна точка имаме различно мислење, но тоа не може да се поправи. Јас би рекол дека историјата не може да ја поправиме. Мислам дека можеме само да ја поправиме иднината и треба извлечеме позитивни пораки во пресрет на оваа 10-годишнина на потпишување на тој мировен договор“, изјави Џафери.
Коментирајќи ја листата на учесници на конференцијата што утре и задутре ќе се одржува во Охрид по повод 10-годишнината од потпишувањето на договор, Џафери со став – поканети се преставници на сите релевантни институции, и на тој начин, според него, сите учесници во преговорите во 2001 година.
„Директно или индиректно преку тоа се претставуваат и тие учесници што беа во 2001-ва година и мислам дека е во нивна одговорност дали ќе одлучат утре и задутре да учествуваат. Јас не би сакал да прејудицирам дали тие ќе дојдат или не. Ќе биде потранспарентно вие како преставници на медиумите директно нив да ги прашате или можеби ги имате прашано до сега дали ќе бидат учесници на таа конференција за 10-годишнината за потпишувањето на Рамковниот договор или имаат нивни коментари или нивни ставови што ќе се докаже утре или задутре“, рече Џафери.
За британскиот амбасадор Кристофер Ивон, пак, за спроведување на рамковниот договор е потребна политичка храброст. Смета дека, како и секој мировен договор, тој секогаш ќе има критичари. Побара претстојната годишнина да не значи и крај на напорите за негово континуирано спроведување.
„Прашањето што ми паѓа на памет е каква иднина сакаат луѓето овде за Охридскиот рамковен договор. Се надевам дека 10-годишнината од договорот викендов нема да одбележи крај, туку ќе одбележи прослава на еден долг пат“, рече Ивон.
Вицепремиерот Џафери и амбасадорот Ивон денеска одбележаа почеток на проект за поддршка на рамковниот договор, кој ќе се спроведува со британска помош. Преку него ќе се развиваат капацитетите на преведувачите на албански јазик во државната служба, Собранието, судовите и локалните власти. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори
До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто.
Како што соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, засега најголема е излезноста во Новаци, каде гласале 67,19 отсто, а најмала во Пласница – 15,5 отсто.
Засклучокот е дека гласањето се одвива мирно.
Во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2019 година, до 17 часот, излезноста е поголема за околу 9 отсто.
Досега до ДИК се доставени 308 приговори, од кои 85 се усвоени, 27 отфрлени како неуредни, а 38 се одбиени. Останатите се во процес на обработка.
Македонија
Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати
Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки ливчиња додека го остварувале своето право на глас, објави МВР.
-Во 11.10 часот е пријавено дека во село Коџалија, општина Радовиш на избирачко место број 1602 С.А. од с.Коџалија го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Околу 12.15 часот е пријавено дека на избирачко место број 2683/1 во Скопје А.С. (40) од Скопје го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Околу 12.15 часот е пријавено дека А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Во 12.35 часот е пријавено дека на избирачко место бр.0006 во Берово, Д.Т.(42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Во 13.57 часот е пријавено дека на избирачко место 2555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во извештајот на МВР.
Македонија
Одѕивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа, а најмногу во Новаци
До 15 часот до Државната изборна комисија пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 2.110 избирачки места.
Од вкупно запишани 1.092.341 гласач на овие избирачки места, гласале 392.066, односно 35,89 проценти.
Според податоците што се пристигнати досега, најголем одѕив е забележана во Новаци со 57,69 % а најмал во Центар Жупа, 13,11 %.
Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места.
До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив, 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговор се отфрлени како неуредни, а 22 се одбиени. Другите приговори се во обработка.
На страницата rezultati.sec.mk може да се следи во живо одѕивот на гласачите, вкупен и по општини.