Македонија
Преглед на печат / Македонија
„Дневник“ – во насловниот текст „Грчката црква му го врти грбот на Вранишковски“, го цитира деканот на Теолошкиот факултет во Солун,
„Дневник“
во насловниот текст „Грчката црква му го врти грбот на Вранишковски“, го цитира деканот на Теолошкиот факултет во Солун, Михаил Тритос кој смета дека црковниот проблем во Скопје не е решен со создавањето на црквата на Зоран Како што наведува весникот, деновиве Македонската православна црква Охридска архиепископија, добила порака од високи грчки црковни кругови, дека црковниот проблем во Македонија треба да се решава со „расколничката црква во Скопје“, која прво треба да добие автономија а потоа и автокефалност, што претставува своевиден пресврт во курсот што Грчката православна црква (ГПЦ) го имаше досега во однос на македонскиот црковен проблем и признавањето на автокефалност на МПЦ-ОА. „Нова Македонија“
На насловната страница го третира прашањето на спомениците од античката историја што се подигнуваат во Скопје при што во насловот ги наведува зборовите на поранешниот шеф на македонската дипломатија Антонио Милошовски според кого со поставувањето на статуата „Воин на коњ“ на централниот скопски плоштад „Покажавме дрскост, а не среден прст“. Притоа весникот забележува дека од јуни кога е поставен споменикот, Македонија постојано се споменува во странските медиуми. Ако, пишува во ударниот текст, по самитот во ноември 2008 г во Букурешт знаеше да се појави ретка вест за спорот со Грција поради кој влезот на Македонија во Алијансата беше блокиран, статуата на Александар Македонски официјално наречена „Воин на коњ“, максимално го зголеми интересот за земјава. „Утрински весник“
пишува „Бензините горе-долу, државата ќари 420.000 евра“, во кој се посочува дека од предвременото враќање на акцизите на бензините, за пет дена во Буџетот се слеале значителни суми. Информирајќи за денешното поевтинување на бензините за 3,5 а на дизелот за четири денари, се потсетува дека минатата среда кога се вратија акцизите, бензините поскапеа за пет, а дизелот за три денари, се заклучува дека всушност следните 15 дена бензинот нема да биде поевтин туку поскап за 1,5 а дизелот за еден денар, во споредба со почетокот на август. Но од оваа кусо коригирање на цените, пишува во текстот, е во полза само на државната каса, во кој се пресметува дека ако за четири месеци Владата се лиши од 10 милиони евра од укинувањето на акцизите за горивата, сега само за пет дена со нивното предвремено враќање ќарила околу половина милион евра, што ќе ги загубила доколку се почитувал официјалниот рок за тоа – вчера 15-ти август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одѕивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа, а најмногу во Новаци
До 15 часот до Државната изборна комисија пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 2.110 избирачки места.
Од вкупно запишани 1.092.341 гласач на овие избирачки места, гласале 392.066, односно 35,89 проценти.
Според податоците што се пристигнати досега, најголем одѕив е забележана во Новаци со 57,69 % а најмал во Центар Жупа, 13,11 %.
Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места.
До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив, 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговор се отфрлени како неуредни, а 22 се одбиени. Другите приговори се во обработка.
На страницата rezultati.sec.mk може да се следи во живо одѕивот на гласачите, вкупен и по општини.
Македонија
ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година
ЕУ ќе додели две милијарди eвра грантови и четири милијарди поволни заеми за Западен Балкан од 2024 до 2027 година како дел од Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан откога беше одобрен од Европскиот парламент на денешната пленарна седница.
„Инструментот е централен дел од планот за раст за Западен Балкан“, рече коизвестувачот Тонино Пицула на пленарната седница.
Станува збор за финансирање на шесте земји од Западен Балкан на нивниот пат кон Европската Унија. Во ноември минатата година Европската комисија го претстави Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан за периодот од 2024 до 2027 година, кој ќе вклучува две милијарди евра грантови и четири милијарди поволни заеми.
Известувачи во име на Европскиот парламент беа хрватските европратеници Тонино Пицула и Карло Реслер.
Пицула беше коизвестувач на ЕП пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ), а Реслер беше коизвестувач пред Комитетот за буџет (БУДГ).
Реслер за новинската агенција „Хина“ изјави дека тоа е инструмент споредлив со националните планови за закрепнување и отпорност, но за шест земји во Југоисточна Европа надвор од ЕУ. Тој посочи дека исплатата на средствата е поврзана со конкретни реформски активности.
Реслер апострофира дека ќе се води сметка за усогласување на надворешната и безбедносната политика и визната политика со ЕУ.
Црна Гора и Србија со години преговараат со ЕУ, Албанија официјално ги отвори пред две години, а Македонија само делумно, со оглед на тоа што за целосен почеток на преговорите неопходни се уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот. Лидерите на земјите членки на ЕУ во март донесоа одлука да ги отворат пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Брисел сè уште го смета Косово за потенцијален кандидат.
Македонија
Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за фер, слободни и демократски избори
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и државната секретарка Магдалена Несторовска го посетија Оперативниот Штаб во МВР во рамки на ОА „Претседателски и парламентарни избори 2024”, на кој присуствуваа и претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави, ОБСЕ и ОДИХР.
Во оваа прилика Бојмацалиев ги поздрави гостите од САД, ОБСЕ и ОДИХР и уште еднаш потенцираше дека на колегите во Оперативниот Штаб им посочил да се работи исклучиво согласно законските норми и прописи, а со цел гарантирање на безбедноста на фер, слободни и демократски избори, впрочем како што се работело и досега од 2017 година навака, без забелешки за изборниот процес.
Притоа, Бојмацалиев беше брифиран за текот на изборниот процес, за активностите и мерките кои ги презема МВР во делокругот на своите надлежности.
„Бев информиран дека гласањето не беше започнато на неколку места во предвиденото вре,е, а на неколку е почнато со задоцнување или прекинато, на различни подрачја, сите поради технички проблем со читачот на отпечаток на прст. На подрачје на СВР Скопје во врска со пријава за испукана димна бомба, од страна на тим на антитероризам извршена е проверка, подигната е направата и објектот е предаден на Претседателот на Избирачки одбор. На подрачје на СВР Куманово регистрирани се два настани и тоа пријава за организирано носење на гласање на стари лица и поставен штаб во близина на гласачко место. За време на предизборниот молк, во периодот од 06,00 до 07,00 часот, регистрирани се три настани на подрачје на СВР Скопје за испишани графити”, информираше Бојмацалиев.