Контакт

Македонија

Децата питачи ќе се згрижуваат 24 часа на ден

Објавено пред

Децата кои питаат по улиците во наредниов период ќе се згрижуваат во 24 часовен Транзитен центар, најавија денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и министерот за труд и социјала Спиро Ристовски.

dobivaj vesti na viber

Децата кои питаат по улиците во наредниов период ќе се згрижуваат во 24 часовен Транзитен центар, најавија денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и министерот за труд и социјала Спиро Ристовски.

„Активностите за елиминирање на децата кои се на улица планирано е да се одвиваат 24 часа во денот, бидејќи во минатото се покажа дека дел од проблемите доаѓаат од фактот што одредени институции, одредени служби, функционираа во одреден период од денот, односно не постоеше можност за згрижување на овие деца 24 часа на ден, па имавме ситуации кога истите деца кои биле доведени во полициска станица, па потоа згрижени во некои центри, веќе наредниот ден веднаш по нивното отпуштање од центарот повторно ги наоѓавме на улица“, истакна Јанкуловска.

Во изминатата година поднесени се 30 кривични пријави, 42 прекршочни пријави, приведени се 49 полнолетни лица, спроведени се девет малолетни лица и 61 малолетно лице кое не навршило 14 години, или вкупно против 119 лица се превземени различни типови на мерки, токму, како што рече, заради намалување на малолетничката деликвенција во градот Скопје.

Планирано е во периодот што следува контролите на местата за кои МВР има информација дека има зачестена појава на малолетничка деликвенција да се прават почести заеднички контроли на двете министерства.

„Планирано е овие контроли да се спроведуваат и на територија на другите сектори за внатрешни работи, пред сè секторите кои се во непосредна близина на СВР Скопје, Тетово, Куманово и Велес“, посочи Јанкуловска.

Министерот Ристовски информираше дека во изминатиот период од три години се згрижени 631 деца. Сега дневно се згрижуваат по 159 деца.

„Дневните центри функционираа осум часа и тоа досега се покажа  неефикасно од аспект што после тие осум часа згрижување децата заради несовесноста на нивните родители повторно се наоѓаат на улица. Затоа МТСП предложи и на Влада помина една информација со која што ќе отвориме 24 часовен транзитен центар во кој што децата на улица кои што ќе ги најдеме заедно со службите на МВР ќе ги сместиме во овој центар и ќе можеме да ги задржиме во период од 24, односно период од 48 часа. Период во кој што сосем доволно да се поведе иницијатива за одземање на родителско право на несовесните родители, а МВР во тој период да поведе соодветна кривична постапка, односно да се поведе кривична пријава против несовесните родители“, укажа министерот за труд и социјала.

Во следниот период овие деца ќе бидат сместувани во згрижувачки семејства или во некоја од установите на МТСП.

Наредниов месец покрај Транзитниот центар планирано е, како што најави Ристовски, во соработка со Министерството за транспорт и врски да се отвори уште еден Ургентен згрижувачки центар кој треба да биде сместен во просториите на главната Железничка станица.

„Ургентниот згрижувачки центар најверојатно ќе биде сместен во просториите на главната Железничка станица како една од најфреквентните места затоа што според нашите анализи е покажано дека голем дел од децата кои доаѓаат да питаат во Скопје се од градови блиски до Скопје и нивните родители ги носат да питачат тука“, рече Ристовски.

Моментално дневни центри за згрижување на деца кои питачат по улици има во Скопје два, еден во Штип и еден во Прилеп./крај/бд

Македонија

Рекет не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот кој комуницираше директно со сите, вели Бојан Јовановски

Објавено пред

Бојан Јовановски денеска во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“ во кој како првообвинет беше осуден на казна затвор од девет години.

dobivaj vesti na viber

Оваа одредба, како што појасни тој, ја користи врз основа на прибавување на нови докази.

Барањето, како што рече, е поднесено поради нови околности и докази кои не биле употребени во доказната постапка.

„Случајот „Рекет“ не е расчистен. Тој случај треба целосно да се расчисти, сите инволвирани да одговараат, а јавноста конечно да дознае што точно се случувало и каде се парите. Затоа, денеска официјално во Основниот кривичен суд поднесувам барање за повторување на кривичната постапка под името „Рекет““, истакна тој.

Кажа дека поседува цврсти докази кои наскоро ќе ги приложи, посочувајќи го експремиерот Зоран Заев дека е човекот кој комуницирал директно со сите лица кои биле кривично засегнати со постапките на СЈО.

„Обвинителката Вилма Русковска презентираше само две-три пораки кои сум ги разменил јас со тогашниот премиер Зоран Заев, а токму од тие две-три пораки излегува дека Зоран Заев знаел за случајот „Рекет“, но во една позитивна афирмативна смисла, односно дека тој е човекот кој го бранел законот. А јас ќе ви кажам дека тој е сè, само не е човекот кој го бранел законот. Значи, Зоран Заев беше човекот кој комуницираше директно со сите лица кои беа кривично засегнати во постапките на Специјалното јавно обвинителство. Зоран Заев беше човекот кој во позиција на моќ имаше реален авторитет и можеше да влијае врз многу постапки и влијаеше врз многу постапки“, кажа Јовановски.

Појасни дека зад случајот „Рекет“ стоела една политичка консталација на притисоци.

„Јас сум единствениот цивилен граѓанин во ова општество кој што е суден за кривично дело кое е предвидено за лица кои вршат службена положба. Досега се судени Сашо Мијалков и Никола Груевски, третиот суден по ова кривично дело сум јас, но разликата е тоа што тие вршеле службена положба а јас сум бил цивилен граѓанин“, изјави тој.

„Барам да ми биде дадена шанса во фер постапка, а не извитоперена и избрзана, да ја докажеме материјалната вистина и фактичката состојба, што навистина со случувало во фамозниот „Рекет“, случај зад кој стоеше една цела констелација на политички притисоци“, додаде Боки 13.

Тој истакна дека притисоци му биле вршени и во пресрет на денешната прес-конференција, но како што рече, воопшто не се плаши и ќе продолжи и понатаму да зборува.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС – прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ

Објавено пред

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, и државната секретарка, Магдалена Несторовска, оствари работна средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ по повод одбележувањето една година од почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија, а со цел промоција на соработката помеѓу претставниците на ФРОНТЕКС во локалниот координативен центар и одговорните старешини од РЦ за ГР ЈУГ, како и промовирање на европскиот пристап на координирање на сите заеднички активности и справување со предизвиците.

dobivaj vesti na viber

„Одбележуваме една година од работата на макеоднската полиција заедно со ФРОНТЕКС, со цел да ги одбраниме нашите и границите на ЕУ од прилив на мигранти. Тоа успешно го правиме од 2015 до денеска. Договорот е од историска важност, тогашниот министер Оливер Спасовски ја имаше честа да го потпише со Европската Унија и ја отвори вратата за поинтензивна оперативна соработка заснована на доверба и меѓусебно почитување“, истана Бојмацалиев во изјава за медиумите заблагодарувајќи се до Тасевски и Несторовска за напорите што ги направија договорот да биде на македонски јазик и успешно да функционира во нашата држава.

„Со тоа уште еднаш покажуваме дека македонската полиција е рамо до рамо со европските полиции, заедно работиме и од неодамна имаме барање од други полиции да вршиме обуки на нивните службеници како се справуваме со миграцијата. Од земја што бараше помош од другите држави за справување со миграцијата, сега нудиме помош“, рече Бојмацалиев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачки ги повика неопределените да гласаат: „ Да се обединиме за идејата ‘Македонија повторно твоја’“

Објавено пред

Народот е подготвен и обединет за промени, приклучете се кон ВМРО-ДПМНЕ за да ја поразиме оваа ненародна и криминална влада на СДС и ДУИ, порача Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3.

dobivaj vesti na viber

„Денеска сме во Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Тука сме да презентираме проекти од Платформата 1198, ќе поразговараме со сите граѓани. Ги повикувам сите граѓани кои сеуште не се определиле и кои што ја чувствуваат позитивната енергија која што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме околу идејата за Македонија повторно твоја, да се обединиме околу проблемите“, рече Ковачки.

Како што додаде вчерашниот митинг во Охрид покажал дека народот е подготвен и обединет за промени, а ВМРО-ДПМНЕ е партија за македонско национално единство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Рекет не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот кој комуницираше директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски денеска во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“ во кој како првообвинет...

Македонија2 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Топ2 часа

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело тешка кражба од член 236 став 1 точка...

Свет3 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет3 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија3 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија3 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет4 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет4 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет4 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија13 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија13 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија14 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија16 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија19 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија23 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија23 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија24 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...