Македонија
Ќе се затворат и другите Хашки предмети?
По затворањето на единствениот од хашките предмети кој влезе во судска процедура, ќе се затворат и останатите три предметa коишто Хаг и’ ги предаде на Македонија, „Липковска брана“, „Непроштено“ и „Водство на ОНА“.
По затворањето на единствениот од хашките предмети кој влезе во судска процедура, ќе се затворат и останатите три предметa коишто Хаг и’ ги предаде на Македонија, „Липковска брана“, „Непроштено“ и „Водство на ОНА“.
Откако Собранието го изгласа автентичното толкување на Законот за амнестија, министерот за правда, Блерим Беџети вели дека судовите и обвинителството имаат обврска да ги применуваат Законите кои ги носи Собранието.
„Министерството за правда ја следи примената на Законите, а судовите и обвинителството се должни да ги применат законите. Тоа е нивна законска обврска и по толкувањето во Собранието, нормално е дека судовите и обвинителствата пристапуваат кон овие предемети, како и кон сите други предмети кои се во нивна надлежност и обврска согласно Законот“, изјави Беџети.
Судот во понеделникот донесе решение да се запре кривичната постапка за обвинетите во единствениот хашки случај „Мавровски работници“, којшто беше вратен во Македонија и влезе во судска процедура.
Повеќе од два месеца се одложуваше главниот претрес на ова судење. Обвинителството не ја чекаше одлуката на Уставниот суд околу претставките кои беа поднесени по изгласувањето на автентичното толкување на Законот за амнестија.
Од петте хашки случаи, судот во Хаг го процесуираше само случајот Љуботен, а останатите четири, „Мавровски работници“, „Липковска брана“, „Непроштено“ и „Водство на ОНА“, во кои се обвинети високи функционери на коалициониот партнер во Владата, ДУИ, Хашкиот трибунал ги врати во надлежност на македонските судови.
Според усвоеното толкување, членот 1 од Законот за амнестија треба да се толкува така што амнестијата се применува на сите сторители на кривични дела поврзани со конфликтот од 2001 година заклучно со 26 септември 2001 година, освен за лицата кои извршиле кривични дела поврзани и во врска со конфликтот, а против кои Меѓународниот трибунал повел постапка.
Тоа значи дека се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од казна затвор лицата за кои постои сомневање дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера вечер присуствуваше на тренингот на КК Работнички во салата Кале. Со кошаркарите разговараа за издигнувањето на тимот и потребите за достигнување на високи резултати и на следните натпревари.
„Сакам да се заблагодарам пред се и на тренерот на цел стручен тим но и на сите играчи за одличните резултати коишто ги имаме годинава. Успеавме со клубот од невозможно да направиме возможно. Клубот којшто го начекавме пред две години на 10то место со 4-5 неисплатени плати и долг од 600 000 евра да го вратиме на победничките патеки. Важно е што во моментов табелата трепка што сме на прво место и се надевам дека тоа така ќе остане и до крај. Јас верувам дека ќе имаме успех оваа сезона и уште поголем успех следната“, им порача Герасимовски на кошаркарите.
При средбата Герасимовски ги извести играчите дека општина Центар го има имотниот лист на салата и успеа да го исполни ветувањето дека ќе ја врати сопственоста на салата под ингеренции на општината.
Општина Центар на крајот на минатата година доби финансиски средства од Владата во вредност од 30 милиони денари наменети за реконструкција на салата, при што Герасимовски ги информираше играчите со процесот и проект планот кој е веќе во изработка за реновирање на матичната сала на Работнички. Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам за тоа, порача Герасимовски.
Македонија
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.
„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.
Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.
„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.