Македонија
Вкупно 75 деца од улица се згрижени
Во рамките на акцијата за сузбивање на питачењето досега се згрижени вкупно 75 деца од цела Македонија од кои 30 се од Скопје, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни
Во рамките на акцијата за сузбивање на питачењето досега се згрижени вкупно 75 деца од цела Македонија од кои 30 се од Скопје, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи.
Во рамките на дневниот центар за деца на улица, каде што децата престојуваа по осум часа во текот на денот, е отворен посебен транзитен центар со преадаптирање и доопремување на простории од дневниот центар.
Во новиот транзитен центар, децата ќе можат да престојуваат и до 48 часа, додека стручните служби да проценат како и каде треба да бидат згрижени.
„Дали треба да бидат вратени кај биолошките семејства, дали да бидат згрижени во згрижувачко семејство или соодветна установа. Доколку во тој период се проценат било која од овие состојби надлежните институции ќе си ги преземат сите потребни активности“ изјави министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.
Како што информираше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска досега за овие случаи се поднесени вкупно 21 кривична пријава. Во Центарот за децата ќе се грижат девет вработени, а ќе можат да бидат згрижени 50-тина деца.
Акцијата за сузбивање на питачењето на улиците започна пред неколку недели, а ја спроведуваат Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.