Македонија
Дали ќе има одговорност и за полицајците во случајот Нешковски?
Министерството за внатрешни работи досега не добило никаков налог за преземање на дополнителни дејствија во истрагата за случајот со Мартин Нешковски,
Министерството за внатрешни работи досега не добило никаков налог за преземање на дополнителни дејствија во истрагата за случајот со Мартин Нешковски, момчето кое што на денот на изборите беше претепано до смрт на плоштадот за време на славењето на изборната победа.
Припадникот на специјалната единица „Тигри“, кој што е единствен обвинет за овој случај, според информациите објавени во медиумите, проговорил пред истражниот судија
„Сето она што ќе го добиеме како дополнителна насока во смисла на преземање на дејствија, ќе го преземеме, досега не сме добиле никаков нов налог, така што јас немам информација како тече судскиот процес. Меѓутоа ги охрабрувам судските органи колку што е можно поквалитетно да ја завршат постапката и секој оној кој има било каква одговорност да одговара согласно прописите на Македонија“ изјави Јанкулоска.
Според информациите кои беа објавени, Спасов признал дека неколку пати со нога го удрил Мартин, но тие удари не биле смртоносни. Фатален бил падот на момчето кога во обид да му избега на полицаецот се сопнал на кабел и со лицето удрил на плочникот. Дури потоа следувале неколкуте удари на Спасов за кои и лекарската документација потврдила дека не биле клучни за смртта на Мартин.
Според исказот на Спасов, Нешковски починал кога дежурната полициска служба била на местото на инцидентот, а Спасов бил заминат да го обезбедува премиерот.
„Не ми е познат неговиот исказ и навистина не би можела да коментирам нешто во што немам увид, а во судската постапка немам увид. Врз основа на сите досега прибрани сознанија врз основа на сите собрани податоци верувам дека судот ќе биде во состојба да донесе објективна законска одлука, поткрепена со докази, која ќе даде одговор на сите прашања кои се појавија во јавноста“ рече Јанкулоска.
Мартин Нешковски беше претепан до смрт додека се славеше изборната победа, вечерта на 5 јуни. За смртта на момчето се дозна по два дена од неговата смрт, кога осомничениот за убиството, Игор Спасов се пријави сам во полиција./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука