Македонија
Македонија и Србија ќе потпишат договор за патување само со лични карти
Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Гордана Јанкулоска и Ивица Дачиќ, во Охрид ќе потпишат договор за олеснување на граничните процедури, односно минување на границата со биометриски лични
Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Гордана Јанкулоска и Ивица Дачиќ, во Охрид ќе потпишат договор за олеснување на граничните процедури, односно минување на границата со биометриски лични карти.
Договорот ќе биде потпишан на маргините на Министерскиот форум за внатрешни работи и правда, што денес и утре се одржува во х. „Инекс Горица“.
Според најавите, Договорот на сила ќе стапи по ратификација од страна на парламентите, што ќе им овозможи на граѓаните да ја минуваат македонско-српската граница само со биометриска лична карта.
Министерката Јанкулоска неодамна изјави дека Македонија е отворена за разговор за вакви договори и со други земји, кои ги исполнуваат безбедносните стандарди и во смисла на контрола на границата и безбедност на документите./крај/охњус/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.