Македонија
За прв пат меѓународен саем за транспорт во Скопје
Првиот меѓународен саем за транспорт и логистика, на кој учество најавија над 40 компании од сите сообраќајни дејности, ќе се одржи од 5. до 8. октомври 2011.
Првиот меѓународен саем за транспорт и логистика, на кој учество најавија над 40 компании од сите сообраќајни дејности, ќе се одржи од 5. до 8. октомври 2011.Како што најавија Групација ЕРА – Скопски саем , оваа саемска манифестација ќе се одржи во првите две саемски хали (Метрополис арена и Хала 2), со вкупен затворен изложбен простор од 5.000 квадратни метри и надворешен од 800 квадратни метри.Примарната цел на оваа специјализирана саемска манифестација е да им се даде единствена можност на фирмите од овој сектор за претставување, афирмација и директен контакт со пошироката деловна јавност, се вали во најавата.“Ваков вид на саем не се одржува во регионот и сметаме дека Скопје и Република Македонија имаат можност да бидат лидери во регионот во одржување на ваков тип на манифестација, каде на едно место ќе се обединат сите значајни чинители во транспортно-логистичкиот сектор и бизнис заедницата од регионот, ” истакна Даниела Глигоровска, извршен директор на Експо Медиа. На саемот авиосообраќајот ќе биде претставен преку ТАВ Македонија, кој на саемот ќе го промовира новиот логистички центар, Македонски и Словенечки железници ќе го покријат железничкиот транспорт. Поморскиот транспорт ќе биде опфатен преку Солунското пристаниште, албанското пристаниште Драч и црногорските: Пристаниште Бар и Контејнерски терминал и генерални товари.Во делот на товарните и возилата за утовар и истовар и транспортните системи, ќе се претстават локалните импортери на светските брендови: Schmitz, Iveco, Mercedes Benz, Volvo, Man, Peugeot. Голем број на шпедитерски и логистички центри, домашни и странски, како Фершпед, Дени Интернационал, Schenker, Kuehne+Nagel, Gebruder Weiss, како и осигурителни компании и банки, софтверски компании, ГПС и навигациони системи. Учество на саемот ќе земат и асоцијации од Македонија и од странство, и тоа од Шведска, Германија, Швајцарија, Австрија, Италија, Словенија, Црна Гора, Србија, Грција и Албанија. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 09,00ч до 16,00ч дел од корисниците во с. Волково и с. Кучково ( о. Ѓ. Петров);
· Од 09,00ч до 14,00ч корисниците од ул. Банско, ул. Баница, ул. Наум Охридски и ул. Жванска (о. К. Вода);
· Од 07,00ч до 15,00ч новите згради спроти Мерцедес ул. 852 (о. Г. Баба) и
· Во период од 09,00ч до 15,00ч дел од ул. Милан Мијалковиќ, ул.Пржино, ул.Кавалска (о. К. Вода).
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо, наместа со повремени врнежи од дожд. Во петок пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови, а во недела на повеќе места. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.
Македонија
Османи: Европскиот фронт е голема идеја чие време е дојдено
Кандидатот на Европскиот фронт, Бујар Османи, вечерва на митинг пред граѓаните на Кичeво изрази благодарност до лидерите на Европскиот фронт и коалицијата која, како што вели Османи, е продолжение на битките во континуитет една по една, за разбивање на замоците на етничките монополи.
„Европскиот фронт не е политичка партија. Европскиот фронт не е ни коалиција на политички партии, Европскиот фронт е голема идеја. Тоа е одлична идеја чие време дојде, лавина што ги собра соништата на секој граѓанин на оваа земја, за еднаквост, за правда и просперитетен живот во ЕУ. И ова го гледам како ентузијазам, како насмевка во секое населено место каде што одам, бидејќи Европскиот фронт е трета унија, но сега со малку поинаква димензија“, истакна Османи.
Кандидатот на Европскиот фронт, Османи понатаму истакна дека останува уште едена последна тврдина на етничкиот монопол.
„Тврдината која нè загрижува сите и секогаш ни го дава тој сигнал дека се уште не е сè како што треба, сè уште нема еднакви можности за сите, таа е тврдината на првиот претседател. Значи, браќа и сестри, се натпреварувам, на 24 април да ја разберете тежината на оваа мисија, дека вашиот глас не е само за мојата кандидатура, вашиот глас, вашата поддршка е за да ја разбиете последната тврдина на етничкиот монопол и за заокружување на еднаквоста на сите заедници во нашата заедничка држава“, заклучи Османи.