Контакт

Македонија

Хатчисон: Македонија среќна што не е дел од еврозоната во вакви услови

Објавено пред

Македонија треба да биде благодарна што не е дел од еврозоната и што може да ја одржува својата економија конкурентна, вели во Интернет-интервјуто за Гласот на Америка на македонски, поранешниот советник на македонската влада, Мартин О. Хатчинсон.

dobivaj vesti na viber

Македонија треба да биде благодарна што не е дел од еврозоната и што може да ја одржува својата економија конкурентна, вели во Интернет-интервјуто за Гласот на Америка на македонски, поранешниот советник на македонската влада, Мартин О. Хатчинсон.Мартин О. Хатчинсон е инвеститор со 25-годишно меѓународно искуство. Ја советувал македонската влада за враќање на заробените заштеди на 800.000 штедачи во банките на поранешна Југославија.  Сега е колумнист во публикацијата „Ројтерс брејкингвјуз“. Автор е на книгата Големите конзервативци – студија за подемот, триумфот и падот на  британскиот конзерватизам.Што значи грчката должничка криза за Европа?- Самата посебе, не премногу.  Тоа е корекција на грешките направени во 1981-ва и 2002-ра, расчистување на метежот создаден со прекумерното субвенционирање на Грција, дозволувајќи нејзиниот животен стандард да биде целосно неконкурентен.  Проблемот сега е што берзите ја проширија недовербата за платежната способност и на други земји во Европа.  Тоа можеше да биде решено со враќање на драхмата, но сега е закана за целата Европска унија.Како грчката должничка криза и кризата во еврозоната влијае врз земјите кои не се дел од неа, конкретно Македонија, која има блиски економски односи со Грција и Европа?- Македонија треба да биде благодарна што не е дел од еврозоната и што може да ја одржува својата економија конкурентна.  Краткорочно, извозот во Грција ќе биде тешко погоден, а инвестициите од Грција ќе бидат намалени.  Долгорочно, проблемот ќе биде тоа што проширувањето на Европската унија ќе биде успорено, а условите за зачленување построги.Кои се чекорите што македонската влада треба да ги преземе за да го минимизира негативниот ефект врз економијата?- Не сум ја анализирал македонската економија директно веќе неколку години.  Најважно е да се одржува меѓународното финансирање на македонските потреби, посебно во приватниот сектор. Владата мора да стори се` за да оствари буџетски вишок, затоа што мошне е реално да дојде до нагло натрупување на трошоци.Пред десет години го советувавте за економски прашања тогашниот министер за финансии, а сегашен премиер Никола Груевски. Што беше најголемиот предизвик во тој период за македонската економија?- Мојата советодавна улога беше ограничена на едно-единствено прашање, а тоа беше враќањето на заштедите на македонските граѓани што беа одземени за време на распадот на поранешна Југославија.  Во тоа време главен проблем беше довербата во системот и механизмите на домашното штедење.  Речиси во сите земји, но посебно во земји како Македонија, кои се без поголем пазар на капитал, приватните заштеди се главниот извор на капитал за новите бизниси што создаваат нови работни места, а со тоа нивното задржување и одржување е приоритет број еден на секоја одговорна влада.Дали мислите дека е постигнато доста во претходните 10 години за македонската економија?- Моето познавање е многу ограничено, но според економските податоци, напредокот навидум е доста значаен.  Се надевам дека мојата тамошна работа на штедните влогови придонесе за тоа и искрено му честитам на премиерот Груевски.- Кои се предизвиците за македонската економија денес?Неопходноста ефикасно да ја интегрира сопствената економија со Европската унија во целина, што ќе резултира во членство во Унијата кога тоа ќе биде возможно. Краткорочно, сите бизнис-контакти со земјите-членки на ЕУ освен Грција, вклучувајќи ги Бугарија и Романија, ќе го забрзаат развојот и ќе го помогнат за подигање на животниот стандард на Македонија на нивото на ЕУ.Кога би советувале премиерот Груевски денес, што би му порачале?- Да создаде буџетски вишок и да направи се` што може да привлече капитал во приватните претпријатија во Македонија (вклучувајќи ги и неопходните правни и антикорупциски мерки).  Ако парите завршуваат во приватниот сектор,  ќе уследи брз напредок.  Но, повторувам, јас бев во Скопје пред 11 години, и оттогаш само општо ја следам ситуацијата./крај/воа/јб/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Објавено пред

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Иако е јасно дека не влегува во вториот круг, Димитриевски првиот круг од изборите го смета за голем успех.

dobivaj vesti na viber

„Можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата која што имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надградиме, со цел еден ден граѓаните да имаат можност да изберат нешто ново“, рече Димитриевски.

На противкандидатите им честиташе за успехот и се заблагодари на можноста да води кампања за која рече дека не била еднаква за сите оти законот кој е во сила не дава еднаква можност за медиумско претставување на сите партии.

Рече дека е горд на секој глас што го добиле како партија регистрирана пред само три месеци.

„Факт е дека јас како кандидат и ЗНАМ освоивме повеќе од 80.000 гласови. Регистриравме субјект кој постои нешто повеќе од три месеци и со граѓанската поддршка се етаблираше на трето место во политичкиот блок. Сметам дека тоа е одличен појдовен резултат за понатамошна борба. Јас не се сеќавам дека во историјата на плурална Македонија имало вакви примери, да имате партија со некаде три и пол илјади членови, а да освоите над 80.000 гласови. Искрено сум горд на секој тој еден глас што дојде, како поддршка за мене и ЗНАМ. И покрај тоа што трендовите се тие, десницата добива, а левицата губи, единствено десницата доживеа пораз во бастионот на асномска Македонија, а тоа е Куманово“, рече Димитриевски.

Порача на сите политичари дека треба да учат од овие избори оти граѓаните дале јасна насока каде сакаат да се движи државата, а посебна порака упати до Стево Пендаровски, кој освои повеќе 100.000 гласови помалку од Гордана Сиљановска-Давкова.

„Почитуван мој претседателе, разликата е огромна. Доколку сакате да опстане централната и левата идеја во државата, откажете се од оваа битка и оставете не да победиме во име на граѓаните во вториот круг“, порача Димитриевски.

Кога ќе завршат парламентарните избори, Димитриевски е уверен дека ЗНАМ ќе биде политички фактор за стабилност во државата без кој нема да може да се формира идната влада. Најави дека кога ќе ги почнат преговорите за формирање парламентарно мнозинство, на сите политички партии ќе им ги испорачаат нивните предлози за црвените линии на македонскиот народ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДИК: Сиљановска Давкова освои 324 177, Пендаровски 161 393 гласа по обработени 89,97 отсто

Објавено пред

Стево Пендаровски освои 161 393 гласа, 19,90 отсто, Гордана Сиљановска Давкова 324 177 односно 39,97 отсто од гласовите, Стевчо Јакимовски освои 7.499 односно 0,92 отсто од вкупниот број на гласовите.

dobivaj vesti na viber

Кандидатот Бујар Османи освои 110 903, односно 13, 68 отсто, Билјана Ванковска 35.949 односно 4,43 отсто од гласовите, Арбен Таравари 78.110 илјади односно 9,63 отсто, Максим Димитриевски 70,996, односно 8,75 отсто од гласовите се резултатите од обработените 89,97 отсто од гласовите, извести претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Тој додаде дека изборниот процес поминал мирно и достоинствено и смета дека 99 отсто работите поминале како што треба.

Прикажи повеќе...

Македонија

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Објавено пред

„Влен“ е легитимен претставник на Албанците и ги доби гласовите на Албанците, изјави Билал Касами на прес конференција.

dobivaj vesti na viber

„Добитници на овие избори сме ние, коалицијата „Влен“. ДУИ има купено гласови од загрозените гласачи кои имаат потреби од пари. „Влен“ ги доби гласовите на Албанците, вели Касами.

„ДУИ го загуби последниот легитимитет да зборува во име на Албанците, затоа на 8 мај ние ќе победиме. Овој резултат и во мандати не е голема разлика со ДУИ и на 8 мај овој резултат ќе биде во наша полза. ДУИ успеа да ја загуби последната можност, еден кандидат Албанец да биде избран на директни избори во 2024 година. Тие ќе бидат запишани со црни букви во историјата на албанскиот народ во Македонија. Ако биле заинтересирани Албанец да оди во вториот круг сигурно ќе беа координирани со нас и ќе беше возможно да биде избран Албанец. Затоа мислиме дека вредеше оваа борба“, рече Касами.

Тој се заблагодари на сите што го гласаа кандидатот Арбен Таравари и додаде дека ДУИ има изгубено гласови од помалите етнички заедници и од загрозените граѓани.

Таравари кажа дека коалицијата подоцна ќе разговара за тоа кому ќе ги даде гласовите во вториот круг на претседателските избори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија4 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија4 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија5 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија5 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија6 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија7 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија7 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија7 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија8 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија8 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија8 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија8 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија8 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија9 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија9 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија11 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија13 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија14 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....