Контакт

Македонија

Македонски доктори освоија прва награда на меѓународен конгрес по урологија

Објавено пред

На 14 и 15 октомври во скопскиот хотел „Александар Палас“ се одржа 7-от југоисточен европски конгрес по урологија во организација на Европската асоцијација по Урологија, на кој беа презентирани 142 оригинални научни истражувања претежно од регионот

dobivaj vesti na viber

На 14 и 15 октомври во скопскиот хотел „Александар Палас“ се одржа 7-от југоисточен европски конгрес по урологија во организација на Европската асоцијација по Урологија,  на кој беа презентирани 142 оригинални научни истражувања претежно од регионот, а беа одржани и пленарни предавања од страна на реномирани уролози од Франција, Италија, Австрија и други. Во голема интернационална конкуренција, првата награда за најдобра презентација на конгресот беше избрана темата со наслов „Хемиски состав на уринарната калкулоза во Република Македонија“, изработена од македонски доктори од Универзитетските клиники, д-р Оливера Давчева, д-р Игор Николов и д-р Огнен Ивановски. Првонаградената презентација говори за хемискиот состав на камењата во уринарниот систем на пациентитте од подрачјето на Република Македонија. Истражувањето е плод на здружен труд на тројца автори од три различни клиники- Универзитетските клиники за клиничка биохемија, нефрологија и урологија. „Уринарната калкулоза или создавањето на камења во уринарниот систем е честа појава во Македонија, а хемиската анализа е само прв чекор во нејзиното истражување. Со новата метода на морфолошка карактеризација со помош на микроскоп, метода патентирана од др. Мишел Додон од болницата „Некер“ во Париз, а која во моментот се воведува на Универзитетската клиника за урологија, ќе може многу подетално да се карактеризираат камењата и да се дадат соодветни превентивни мерки на пациентите за таа да не се повтори“, изјави др Огнен Ивановски, хирург-уролог од Универзитетската Клиника за Урологија, идеен автор и излагач на темата. Како првонаградена, темата ќе биде презентирана и на годишниот европски конгрес по урологија што ќе се одржи во февруари следната година во Париз, Франција./крај/со/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Објавено пред

Наставата во учебната 2023/2024 година ќе се реализира целосно како што предвидуваат плановите за организација на работата на основните и средните училишта. Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал, велат од МОН.

dobivaj vesti na viber

Министерството за образование и наука информира дека 23 април и 7 мај, односно деновите пред гласањето ќе бидат работни за сите училишта. При тоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7:00 до 11:00 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови. Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред.

Потсетуваат дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Во програмата „Платформа 1198“ предвидени се повеќе од 2 милијарди евра во инфраструктура, 250 милиони евра годишно кон општините, завршување на автопатот Кичево – Охрид

Објавено пред

„Повеќе од 2 милијарди евра се планирани да се инвестираат во инфраструктурата. Тука е оној проект кој е многу значаен, а тоа се реалоцирање средства од буџетот кон општините во вредност од 250 милиони евра годишно или за еден четиригодишен мандат тоа би било точно 1 милијарда евра“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешниот увид на градежни активности во поранешната касарна во Охрид.

dobivaj vesti na viber

„Ги повикувам општините, не само онаму каде имаме градоначалници кои доаѓаат од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата туку и оние општини каде има градоначалници од СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, но и независни градоначалници да прават проекти бидејќи првиот оглас откако ребалансот на буџетот ќе се случи во јули месец, првиот оглас ќе биде објавен некаде есента септември, за да може да аплицираат за проекти кои ќе бидат важни за граѓаните“, порача Мицкоски.

Тој истакна дека нема да бидат влада само онаму каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, туку влада за сите граѓани.

„Амбицијата ни е во еден момент да се работи на минимум 500 точки, 500 локации на територијата на цела Македонија со што ќе бидат задоволени потребите на граѓаните. Ние нема да бидеме влада само онаму каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, туку сакаме да бидеме влада за сите граѓани и да покажеме дека не се сите политичари исти, да покажеме дека немаме намера да ги делиме граѓаните како тоа што правеше сегашната влада“, вели Мицкоски.

Додаде дека еден од приоритетите е конечното завршување на автопатот Кичево – Охрид.

„Исто така тука се еден од приоритетите и конечно завршување на автопатот Кичево – Охрид. Рековме според нашата анализа тоа би било некаде околу 2026 година, втората половина на 2026 година. Реализација на тековните автопати Тетово – Гостивар, Прилеп – Битола. Многу други проекти поврзани со локалната инфраструктура, железничката инфраструктура, возови, вагони итн., нешто што е дел од програмата „Платформа 1198“, посочи Мицкоски.

Порљача граѓаните детално да ја прочитаат „Платформа 1198“ бидејќи има детално за секого по нешто.

„Цениме дека сето тоа што е таму содржано е возможно да се реализира и ќе го реализираме. Чуда не ветувавме, ние не сме чудотворци, чуда се невозможни, сите оние кои ветуваат чуда не ја говорат вистината. Ве молам прочитајте ја програмата „Платформа 1198“ и ќе го најдете патот како Македонија ќе се развива и ќе биде повторно горда и Македонија ќе биде повторно твоја“, дециден е Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Објавено пред

Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест и половина години многу криминал грабеж на институциите на Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска е во Охрид, а коментирајќи каква кампања ќе води партијата и каква кампања очекува воопшто.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски рече дека идејата е да се води кампања со која ќе им се врати надежта на граѓаните.

„Малкумина се граѓани од прв ред, тука пред се мислам на неколкумина од ДУИ и малкумина измеќари од раководството СДСМ, сите други имаат чувство дека се граѓани од втор ред“, вели Мицкоски.

Според Мицкоски тоа е работа која мора да се смени во наредниот период.

„Тоа мора да се смени и по 8 мај да има и одговорност. Желни сме да го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија“, кажа Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест...

Македонија1 час

(Видео) „Нема откажување од иднината“ – СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ го означија почетокот на кампањата за парламентарните избори

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска иднина, го означија почетокот на...

Македонија2 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија2 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија2 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија5 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет6 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет6 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија16 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ22 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија23 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ1 ден

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија1 ден

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија1 ден

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија1 ден

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија1 ден

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет1 ден

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...