Контакт

Македонија

“Не ме тепајте ве молам не ме тепајте”, биле последните зборови на Нешкоски

Објавено пред

Судскиот процес против Игор Спасов кому му се суди за убиството на Мартин Нешковски во Основниот суд 1 денеска се одвиваше со големо полициско обезбедување во и надвор од судот. Видно беше дека МВР го следи будно целиот настан и со камера пред и во судот.

dobivaj vesti na viber

Судскиот процес против Игор Спасов кому му се суди за убиството на Мартин Нешковски во Основниот суд 1 денеска се одвиваше со големо полициско обезбедување во и надвор од судот. Видно беше дека МВР го следи будно целиот настан и со камера пред и во судот. Три часа пред судиите обвинетиот Игор Спасов детално раскажуваше што се случило вечерта кога бил на задача да го обезбедува Премиерот и други ВИП личности на прославата на победата на ВМРО –ДПМНЕ на последните парламентарни избори. Неколку пати повтори дека по телефонска наредба бил на работна задача. Спасов тврди дека го удрил Нешкоски, но не за да го претепа или убие туку за да го освести. Бркотницата со Нешкоски била бидејки момчето заедно со неколкумина другари сакале да се приближат на премиерот и да се качат на бината каде тој говорел. Бил спречен од Спасов по што Нешкоски почнал да бега, а Спасов поради сомнителното однесување на момчето тргнал по него да го уапси. Но, Нешкоски се сопнал на кабли и со лицето паднал на асфалтот. Според одбраната на Спасов, Нешкоски бил онесвестен и тој воопшто не знаел дека е во животна опасност. “Да знаев дека е во критично ќе го однесев на раце во болница. Јас му помагав да се освести”. Само овој дел е ист со исказот на сведокот дека Нешковски се сопнал од кабли и паднал. Девојката кога го видела целиот настан со својот изказ предизвика огромна реакција во судницата, а судиите за да се разјасни ситуацијата го прекинаа на кратко процесот. Таа гледајќи кон Спасов рече: ”Овој човек прв пат го гледам, тепачот беше висок два метри носеше пиштол и имаше тетоважа на раката. “Го тепаше со клоци и тупаници, а Мартин со рацете на главата викаше не ме тепајте ве молам не ме тепајте”, сведочеше првиот сведок на обвинителството. По завршувањето на денешното прво рочиште адвокатот на Спасов рече дека изјавата на сведокот дека имало друго лице на местото треба да се утврди во постапката , но тоа не значи дека негираат дека Спасов бил присутен до телото на Нешкоски. За писмото до министерката Гордана Јанкуловска во кое Спасов бара МВР да потврди дека бил на работна задача адвокатот Ване Андреев појасни дека било лично и немало врска со постапката. Реагираше и братот на убиениот Нешковски кој тврди дека: “Обвинетиот во многу наврати сакаше да каже нешто, но беше спречен од судиите повеќе пати и го вратија да премолчи. Знаеме дека од самиот почеток дека сите кријат, немаме докази и снимки од Плоштадот на јавно место каде има ВИП личности и видео надзор. Обвинителството е целосно замолчено. Сега и обвинетиот сака да каже кој наредил да го стори тоа и е спречен од судиите”, тврди тој.  Ваквата реакција е бидејки Спасов сакаше да открие службени тајни, но судот тоа не му го дозволи. Дел од службената тајна е кој ја дал наредбата да биде во периметарот на обезбедување на Премиерот по 23 часот кога му завршила работната смена. Судењето продолжува в понеделник. крај.км



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Времето утре – променливо облачно со сончеви периоди

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за исвршителите, брзите кредити и должничкото ропство“ е еден од главните постулати на програмата „Храбро за Македонија“

Објавено пред

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.

dobivaj vesti na viber

Воедно, Ибраимоски и Глигорова нагласија дека оваа борба за правда, за враќање на извршителите кадешто им е местото и ослободување на народот од должничко ропство е еден од главните приоритети на предизборната програма на коалицијата „Храбро за Македонија“.

– Денеска бевме во Битола, на средба со граѓани. Имавме петиција за „СТОП на извршителите“ и стоп за кеш кредити, успешна петиција. Суштината на нашата кампања во изборна единица пет, ќе биде токму оваа агенда: „СТОП за извршители и СТОП за брзи кредити“. – нагласи Глигорова.

– Ме радува што сите граѓани ја прифатија нашата иницијатива и се потпишаа многу луѓе и тоа е добро, што народот почна поинаку да размислува за разлика од претходно. И очекувам дека и во другите градови, како што се Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар и другите околни места, ќе ни ја дадат поддршката за парламентарните избори, истакна претседателот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа, Самка Ибраимоски.

Прикажи повеќе...

Скопје

Арсовска изврши увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов

Објавено пред

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов во општината Гази Баба.

dobivaj vesti na viber

Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа, велат од Град Скопје.

Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот, се додава во соопштението на Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија7 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија8 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет9 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет9 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија10 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија10 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет10 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет10 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет10 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија20 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија20 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија20 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија22 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија1 ден

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија1 ден

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија1 ден

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија1 ден

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...