Македонија
Анкета: ВМРО-ДПМНЕ – 59, СДСМ со 36 пратеници
Во овој момент владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, доколку би се повториле предвремени парламентарни избори од јуни годинава, би добила 56 мандати, додека најголемата опозициска партија СДСМ би имала 36 пратеници.
Во овој момент владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, доколку би се повториле предвремени парламентарни избори од јуни годинава, би добила 56 мандати, додека најголемата опозициска партија СДСМ би имала 36 пратеници.
Ова се резултатите од симулацијата направени од експертите на Институтот „Павел Шатев“. Резултатите се објавени во петокот, од мерењата на рејтингот на политичките партии што го реализира ИПИС Скопје. Притоа, како што се напоменува, користен е онтоновиот изборен модел, а земајќи ги во предвид резултатите од прашањето „Доколку утре се одржaт парламентарни избори за која партија би гласале?“.
Во анкетата спроведена меѓу 28 октомври и 1 ноември, учествувале 1.119 испитаници, од кои 23,9 отсто довербата и ја дале на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, додека 13,6 отсто од испитаниците одговориле дека би гласале за СДСМ, доколку изборите се одржат утре. Притоа коалициониот партнер во владата од албанскиот блок ДУИ има поддршка од 7,5 отсто од испитаниците, додека опозиционите ДПА и НД добиле 3,8, односно 1,3 отсто.
Извршената симулација покажа дека доколку резултатите од ова прашање се претворат во пратенички мандати, земајќи ги во предвид само шестте изборни единици во земјата, ВМРО-ДПМНЕ би освоила 56 пратенички места, СДСМ 36, ДУИ 15, ДПА 8, НДП 3, а два пратенички мандата би им припаднале на други партии. Односно, ВМРО-ДПМНЕ би добила плус три пратеника од сегашните вкупно 56, додека СДСМ од сегашните 42 пратеника би загубила шест мандати.
Исто така, се напоменува дека доколку на евентуални предвремени парламентарни избори се повтори ВМРО-ДПМНЕ да ги добие сите три мандата од дијаспората, при што се забележува дека е за очекување имајќи ги предвид големите разлики во полза на партијата на последните парламентарни избори, тогаш бројот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ би изнесувал 59./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Шкријељ: Понудата на ДПМНЕ е понуда за блокада на ЕУ, над 80 проценти од листите се истите пратеници
Составот на кандидатските листи за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ потврди дека нема никаква промена во оваа партија. Ова е понуда за блокада на европскиот пат на државата, тоа е кристално јасно, истакна на денешната прес-конференција Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.
„Над 80% од предложените кандидати за пратеници се истите кои досега спроведуваа активна блокада на македонското Собрание.
Освен блокада на европскиот пат на државата повеќе од 2 години Собранието е под опструкции, блокади, кочење, од страна на ВМРО-ДПМНЕ
Наместо за интересот на граѓаните и државата се спроведуваа теснопартиски инетерси а често слушнавме и навреди и омаловажувања кон жените-пратенички.
Во време на криза во Собранието ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите.
Беа против минималната плата и раст на платите и против членството на државата во ЕУ.
Тропаа и вревеа со вувузели во парламентот“, вели таа.
Оценува дека граѓаните беа сведоци на одолговлекувања, бесмислени реплики, штанцање илјадници амандмани за блокада на законите, незакажување седници и неставање на дневен ред на клучни закони во парламентарните комисии, предводени од опозицијата.
Со истите лица на листите, Белата палата, според Шкријељ потврдува дека се определува за блокада на европскиот пат на државата. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.
В„о ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро, напротив.
Затоа, кристално јасно е.
Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад со ДПМНЕ далеку од ЕУ“, прецизира пратеничката на СДСМ.
Скопје
В недела посебен сообраќаен режим во Скопје
Министерството за внатрешни работи известува дека на 31.3.2024 (недела), со почеток во 9 часот, поради одржување атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св. Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.
Македонија
Левицата: Решението за градба кај болничкиот комплекс Воена болница да се поништи веднаш
„Го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај Болничкиот комплекс „Воена болница“, истакнуваат од Левица.
Потсетуваат дека политичката партија Левица повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, паралелно организираше протест на којшто граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука на истите да почнат со градба на зграда за којашто немаат законска дозвола.
„Од пред неколку дена е правосилно Решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, Решението за градба уште не е поништено.
Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по Решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидејќи е информација од јавен карактер“, дообјаснуваат од оваа партија.
Го повикуваат градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи, како што велат, да ги испочитува законите и да го поништи Решението за градба веднаш, како би докажал пред граѓаните дека, навистина, ги застапува нивните интереси“.