Македонија
Хрватскиот пасош го остави Љубе во притвор
“Во името на граѓаните судскиот совет го осудува Љубе Бошкоски на седум години затвор” , е пресудата која денеска беше соопштена во Основниот суд 1 во Скопје.
“Во името на граѓаните судскиот совет го осудува Љубе Бошкоски на седум години затвор” , е пресудата која денеска беше соопштена во Основниот суд 1 во Скопје. Бошкоски е осуден за злоупотреба на службената должност како лидер на партијата Обединети за Македонија и организатор на учеството на последните парламентарни избори, за кои кампањата била нелегално финансирана. Адвокатите на Бошкоски побараа тој да се брани од слобода, но судскиот совет не го прифати барањето бидејќи Бошкоски има хрватски пасош, па постои опасност да побегне. Соопштувањето на пресудата беше пропратена со жестока реакција на сестрата на Љубе и неколку негови блиски. Во судницата беше и сопругата Виолета и синот. Таа не дочека да биде дочитана пресудата кога се обрати кон судот со напади и навреди дека судиката само читала пресуда од друг напишана. Потоа во судницата настана мачна атмосфера, кога сестрите на Љубе спискаа и почнаа да ги колнат судиите. Мораше да интервенира судската полиција, која едвај ги изнесе од судница расплаканите сестри. Од пискотниците се вознемирија и вработените во судот, кои за момент ја прекинаа работата и излегоа од канцелариите да видат што се случува. Во ходникот пред судницата сестрата на Љубе се онесвести. Откако роднините и приврзаниците на Бошкоски беа отстранети од судницата судиите кои во меѓувреме излегоа се вратија и одлучија за притворот. Судечкиот судија само кратко прокоментира : “Не знам зошто ваква реакција кога пресудата не е конечна и имаат право на жалба”. Двајца од адвокатите на Бошкоски беа во судницата, двајца не се појавија, ги пуштија своите приправници. Владимир Ракочевиќ и Константин Кратовалиев по излегувањето од судницата кажаа дека Бошкоски за нив е невин сè додека не добие правосилна пресуда. “Заврши епопејата на Бошкоски”, изјави Ракочевиќ. “Убедена сум дека пресудата ќе ја потврди Апелациониот суд, бидејќи и таму нема правда. Правдата ќе ја бараме во странство, во Стразбур”, изјави сопругата на Бошкоски, Виолета. Судскиот процес траеше неколку месеци, обвинителството преку посебните истражни мерки , следење и снимање како и со заштитениот сведок, докажуваше дека Бошкоски нелегално ја финансирал кампањата на партијата, додека неговата одбрана тврдеше дека во случајот Бошкоски, нема случај. Бошкоски молчеше до последното рочиште кога кажа дека за него ова е монтиран политички процес и им порача на своите дека “брат Љубе ќе се врати”. крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од
Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски извести дека гласањето се одвива мирно и без неправилности, а техничките проблеми вели дека тековно ги решаваат.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот во првите два и пол часа е 3,85 отсто, но пристигнале податоци од само 832 избирачки места. На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК
Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето е почнато навреме, се одвива мирно и без пријавени неправилности. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски утрово рече дека одѕивот е мал, но мал е и бројот на избирачки места од кои се пристигнати податоци.
„До девет часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 832 избирачки места. Од вкупно запишани 42.748 гласачи на овие избирачки места, гласале 15.487 или 3,8 отсто од гласачите. До овој момент во ДИК се доставени вкупно 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка“, рече Даштевски.
На бесплатниот телефонски број 0800 555 44 граѓаните можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Активна е и видеокол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се интернет страницата на ДИК www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ и каналот на јутјуб.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.
На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места. Податоци од повеќе избирачки места претседателот Даштевски најави за следната прес – конференција.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.