Контакт

Македонија

Груевски се сретна со шефот на Јапонската агенција за меѓународна соработка

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со претседателот на Јапонската агенција за меѓународна соработка, Садако Огата.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со претседателот на Јапонската агенција за меѓународна соработка, Садако Огата.

На средбата, како што информираат од Владата, е изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји кои ги карактеризира пријателство и меѓусебно разбирање, при што било нагласено дека постои огромен неискористен потенцијал за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, а особено во економската сфера.

Премиерот Груевски изразил благодарност за досегашната техничка помош доделена преку програмите на Јапонската агенција за меѓународна соработка, кои во Македонија се имплементираат повеќе од десет години, а меѓу кои неизбежно се истакнуваат проектите за подобрување на медицинската опрема и изградбата на хидро-системот „Злетовица“.

Воедно, премиерот Груевски изразил задоволство и од новите проекти за 2012 и 2013 година, како што е проектот за подобро менаџирање со отпад, обуките за промоција на туризмот и грант во областа на културата за поддршка на Охридското културно лето, при што нагласил дека сè уште постои простор за зголемување на меѓусебната соработка.

Притоа била пренесена подготвеноста на македонската страна за натамошни меѓусебни консултации за согледување на можностите за започнување нови инфраструктурни проекти кои ќе придонесат за ублажување на климатските промени и заштита на животната средина, преку искористување на поволните услови за финансирање од страна на Јапонската официјална развојна програма за кои Македонија ги исполнува квалификационите услови.

Во тој контекст, премиерот Груевски ја информирал Огата дека македонската страна е подготвена да предложи два проекти, и тоа проект за модернизација на ТЕЦ Битола кој има за цел намалување на емисиите на штетни гасови во воздухот согласно ЕУ стандардите, како и проект за модернизација и доизградба на колекторскиот систем околу Охридското Езеро кој има за цел подобрување на еколошката заштита на охридскиот езерски регион.

Вкупната вредност на двата проекти се проценува дека изнесува нешто над 100 милиони евра и во следниот период ќе следуваат консултации за утврдување конкретни чекори за нивна операционализација.

На средбата премиерот Груевски ја информираше г-ѓа Огата и за останатите детали од точките кои што претходниот ден се разговараа со јапонскиот премиер Нода, како и за организирањето на двата бизнис-форуми, во Токио и Осака, на кои се презентираат поволностите и компаративните предности кои што ги нуди македонската економија и можноста јапонските бизнисмени да ја искористат Република Македонија како порта за водење на нивниот бизнис во европски рамки.

Владината делегација попладнето замина за Осака, каде што утре, на последниот ден од посетата, во соработка со Јапонската надворешна трговска организација ќе се организира и вториот бизнис форум пред јапонските инвеститори. /крај/со/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Отстранети 100 кубни метри отпад од диви депонии во Ѓорче Петров

Објавено пред

Во текот на изминатите два дена екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во координација со Град Скопје, спроведоа акција за отстранување неколку диви депонии лоцирани во скопската општина Ѓорче Петров.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 100 кубни метри претежно кабаст, градежен и мешан комунален отпад, при што се отстранети 60 кубни метри отпад од обемна дива депонија на улицата Црногорска, во близина на автобуската постојка, како и 40 кубни метри отпад од неколку помали диви депонии лоцирани на улиците Македонска војска, Христо Батанџиев, Борис Сарафов, Никола Пушкаров и Лука Геров.

Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелираат до граѓаните правилно и совесно да го одлагаат својот отпад и на тој начин да придонесат кон заштитата на животната средина и јавното здравје.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Алкалоид“ најпосакуван работодавец за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

Објавено пред

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“ „За една успешна и амбициозна компанија огромен предизвик е да се одржат високото ниво на организациска култура, фокусот на резултати и високото ниво на етички вредности. ’Алкалоид’ секогаш се стреми да ги регрутира најдобрите кандидати на пазарот на трудот, без оглед на тоа за која позиција станува збор“.

dobivaj vesti na viber

„Алкалоид“ АД Скопје по вторпат е прогласен за апсолутен победник за најатрактивен работодавач, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2023 година, врз основа на следните критериуми: следење на интересот за објавите и за огласите на компаниите од страна на посетителите на интернет-страницата „Вработување.ком“, интересот на апликантите и спроведената анкета на тема „Во која компанија би се вработиле без размислување?“. Настанот за првпат се реализираше во 2023 година низ симболиката на оскари за работодавачите во земјава, со цел афирмирање на позитивните практики на македонскиот пазар на трудот.

Наградата за работодавач на годината му беше врачена на Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, кој изјави: „Ова е награда на 3.000 семејства кои работат во ’Алкалоид’ во Македонија и подружниците во странство! Признание за целиот оној труд, знаење и вештини кои се вградени во секој наш производ и во секој наш процес во изминатите 88 години постоење. Ова признание е доказ дека во Македонија навистина има квалитетни луѓе.“

„Алкалоид“ континуирано негува стимулирачка работна средина и постојано го надградува системот на бенефиции за своите вработени, кој вклучува: обезбедено доброволно приватно здравствено осигурување, бенефиции за децата на вработените во форма на субвенциониран износ за вонучилишни активности, новогодишен линеарен надомест за секој вработен, исплата на регрес за годишен одмор во износ над законски утврдениот минимум, награди за вработените за лојалност и дополнителни надоместоци во согласност со вклученоста во успешно завршени интерни проекти, годишен наменски буџет за едукации и за стручни доусовршувања, редовни тим-билдинг активности, можности за кариерен развој во компанијата и надвор од неа, подарок за секое новороденче на вработен, новогодишни пакетчиња за децата на вработените и друго.

ПР

Прикажи повеќе...

Македонија

Левица на парламентарните избори ќе настапи со слоганот ,,Неподмитливите во Собранието”

Објавено пред

Левица со слоганот ,,Неподмитливите во Собранието” ќе настапи на Парламентарните избори.

dobivaj vesti na viber

Партијата ги објави слоганот и првиот предизборен спот.

Во екот на кампањата за претседателските избори, од денеска официјално стартува и кампањата за изборите за пратеници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

„СДС ја фрли Македонија во хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност ги тиштат граѓаните. Корупцијата е распространета во секоја...

Македонија3 часа

СДСМ: На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината, нема откажување

На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината. Граѓаните сакаат европски стандарди дома, сакаат развиена држава со подобри услови...

Свет4 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет4 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија14 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ20 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија21 час

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ22 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија23 часа

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија24 часа

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија1 ден

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија1 ден

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет1 ден

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија1 ден

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...