Македонија
Иванов: Пресудата од Хаг ќе влијае на самитот на НАТО во Чикаго
Евентуална позитивна пресуда на Меѓународниот суд на правдата по тужбата на Македонија против Грција ќе има одраз на самитот во НАТО во Чикаго во мај, смета претседателот Ѓорге Иванов.
Евентуална позитивна пресуда на Меѓународниот суд на правдата по тужбата на Македонија против Грција ќе има одраз на самитот во НАТО во Чикаго во мај, смета претседателот Ѓорге Иванов.
Прашан за очекувањата од самитот, Иванов посочи дека сè ќе зависи од пресудата в понеделник.
„Очекуваме да видиме в понеделник што ќе донесе денот, каква ќе биде пресудата на меѓународниот суд, бидејќи тоа е поврзано со нашето блокирање на нашето членство во Букурешт. Очекуваме, доколку имаме позитивна пресуда, тоа да се одрази и на самитот во Чикаго“, рече претседателот Иванов.
По денешната посета на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија и средбата со министерот Фатмир Бесими и Генерал мајор Горанчо Котески., Иванов рече дека надлежните институции ги следат сите случувања во регионот поврзани со безбедноста.
„Надлежните институции ги следат сите состојби во целиот регион бидејќи, гледате, состојбите се менуваат од ден во ден. Ние сме во еден регион како што е Медитеранот каде има поместувања на безбедносни прашања – и северот на Африка и Блискиот исток. Сето тоа може да се одрази и на нашиот регион, така што нашите институции ги следат сите овие состојби. Оние случувања што се во нашето опкружување, поединечни случаеви ги сметаме за изолирани настани. Состојбите што се на северот од косово се надеваме дека ќе се дојде до решение преку дијалог. Го поздравуваме секој дијалог кој нуди решение“, рече Иванов.
На средбата со Бесими и Котески, било разговарано за севкупната состојба во одбраната. Иванов, како врховен командант на вооружените сили, најави дека земјата ќе продолжи, преку учество во меѓународните мисии, да дава придонес за безбедноста во светот. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отстранети 100 кубни метри отпад од диви депонии во Ѓорче Петров
Во текот на изминатите два дена, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во координација со Градот Скопје, спроведоа акција за отстранување неколку диви депонии лоцирани во скопската општина Ѓорче Петров.
Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 100 кубни метри претежно кабаст, градежен и мешан комунален отпад, при што се отстранети 60 кубни метри отпад од обемна дива депонија на улицата Црногорска, во близина на автобуската постојка, како и 40 кубни метри отпад од неколку помали диви депонии лоцирани на улиците Македонска војска, Христо Батанџиев, Борис Сарафов, Никола Пушкаров и Лука Геров.
Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат до граѓаните правилно и совесно да го одлагаат својот отпад и на тој начин да придонесат кон заштитата на животната средина и јавното здравје.
Македонија
„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“
„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“ „За една успешна и амбициозна компанија огромен предизвик е да се одржат високото ниво на организациска култура, фокусот на резултати и високото ниво на етички вредности. ’Алкалоид’ секогаш се стреми да ги регрутира најдобрите кандидати на пазарот на трудот, без оглед на тоа за која позиција станува збор“.
„Алкалоид“ АД Скопје по вторпат е прогласен за апсолутен победник за најатрактивен работодавач, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2023 година, врз основа на следните критериуми: следење на интересот за објавите и за огласите на компаниите од страна на посетителите на интернет-страницата „Вработување.ком“, интересот на апликантите и спроведената анкета на тема „Во која компанија би се вработиле без размислување?“. Настанот за првпат се реализираше во 2023 година низ симболиката на оскари за работодавачите во земјава, со цел афирмирање на позитивните практики на македонскиот пазар на трудот.
Наградата за работодавач на годината му беше врачена на Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, кој изјави: „Ова е награда на 3.000 семејства кои работат во ’Алкалоид’ во Македонија и подружниците во странство! Признание за целиот оној труд, знаење и вештини кои се вградени во секој наш производ и во секој наш процес во изминатите 88 години постоење. Ова признание е доказ дека во Македонија навистина има квалитетни луѓе.“
„Алкалоид“ континуирано негува стимулирачка работна средина и постојано го надградува системот на бенефиции за своите вработени, кој вклучува: обезбедено доброволно приватно здравствено осигурување, бенефиции за децата на вработените во форма на субвенциониран износ за вонучилишни активности, новогодишен линеарен надомест за секој вработен, исплата на регрес за годишен одмор во износ над законски утврдениот минимум, награди за вработените за лојалност и дополнителни надоместоци во согласност со вклученоста во успешно завршени интерни проекти, годишен наменски буџет за едукации и за стручни доусовршувања, редовни тим-билдинг активности, можности за кариерен развој во компанијата и надвор од неа, подарок за секое новороденче на вработен, новогодишни пакетчиња за децата на вработените и друго.
ПР
Македонија
Левица на парламентарните избори ќе настапи со слоганот ,,Неподмитливите во Собранието”
Левица со слоганот ,,Неподмитливите во Собранието” ќе настапи на Парламентарните избори.
Партијата ги објави слоганот и првиот предизборен спот.
Во екот на кампањата за претседателските избори, од денеска официјално стартува и кампањата за изборите за пратеници.