Македонија
Вкупно 1,5 милиони евра од Општина Аеродром за реконструкција на училиштата
Општина Аеродром ќе одвои вкупно 1,5 милиони евра за реконструкција на основните училишта на својата територија, најави градоначалникот Ивица Коневски.
Општина Аеродром ќе одвои вкупно 1,5 милиони евра за реконструкција на основните училишта на својата територија, најави градоначалникот Ивица Коневски.
„Се надеваме дека значително ќе ги подобриме условите и ќе овозможиме поквалитетно извршување на воспитно-образовниот процес“, изјави Коневски на денешната прес-конференција во основното училиште „Браќа Миладиновци“.
Станува збор за повеќе проекти за реконструкција на основните училишта. Во моментов се работи во училиштето „Браќа Миладиновци“, каде се врши замена на азбестниот покрив со ребрест лим, се заменуваат старите дотраени со нови прозорци, се менуваат подовите и се реконструираат санитарните јазли, како и старата фасада, на чиешто место ќе се стави нова со микротермичка изолација, која ќе биде еколошки поздрава и поекономична, бидејќи на тој начин ќе се заштеди на енергија.
Другите проекти за реконструкција на училиштата во Општина Аеродром ќе се реализираат во текот на 2012 година.
На прес-конференцијата присуствуваше и министерот за образование и наука, Панче Кралев, кој ја поздрави ваквата активност на Општина Аеродром и изрази надеж дека и другите општини ќе го следат овој пример за континуирана инвестиција во образованието на младите со што ќе се создадат современи услови за учење и за работа во училиштата. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласови односно 0,90%. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателска кандидатура, зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласови, додека во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на фејсбук.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.