Македонија
Одржан состанок на Македонија со Комитетот за политика и партнерство на НАТО
Годишната национална програма за членство на Македонија во НАТО за 2011-2012 година, како дел од 13 циклус на Акциониот план за членство, денеска беше презентирана на редовниот годишен состанок на Македонија со Комитетот за политика и партнерство на НАТО, одржан во Брисел.
Годишната национална програма за членство на Македонија во НАТО за 2011-2012 година, како дел од 13 циклус на Акциониот план за членство, денеска беше презентирана на редовниот годишен состанок на Македонија со Комитетот за политика и партнерство на НАТО, одржан во Брисел.
Македонската делегација беше предводена од Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Владо Мисајловски и Државниот секретар во Министерството за одбрана, Петар Есмеров, кои пред земјите членки на Алијансата говореа за тековните и идни активности во рамките на имплементацијата на стратешките реформски процеси во земјата на политичко-економски и воено-одбранбен план.
Државниот секретар Мисајловски посебно ги акцентирал напредокот во предвидените активности во контекст на имплементацијата на реформите во правосудството и полицијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал, воспоставениот дијалог со медиумите, како и останатите сегменти нотирани во Извештајот за напредокот на Република Македонија за членство во НАТО.
Државниот секретар Есмеров говореше за напредокот во одбранбените реформи, планираниот придонес во НАТО операциите во 2012 година, правичната застапеност во Армијата, како и за одбранбениот буџет кој е потврда на долгорочната посветеност кон одбранбените реформи и интегрирањето во НАТО.
Претставниците на земјите членки на Алијансата високо ја оцениле Годишната национална програма за членство кој го рефлектира искуството на земјата во овој процес, го поздравија несмаленото темпо во реформските процеси, подвлекувајќи го очекувањето дека Македонија што побргу ќе го заземе заслуженото место во НАТО. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето утре – променливо облачно со сончеви периоди
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Македонија
Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за исвршителите, брзите кредити и должничкото ропство“ е еден од главните постулати на програмата „Храбро за Македонија“
Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.
Воедно, Ибраимоски и Глигорова нагласија дека оваа борба за правда, за враќање на извршителите кадешто им е местото и ослободување на народот од должничко ропство е еден од главните приоритети на предизборната програма на коалицијата „Храбро за Македонија“.
– Денеска бевме во Битола, на средба со граѓани. Имавме петиција за „СТОП на извршителите“ и стоп за кеш кредити, успешна петиција. Суштината на нашата кампања во изборна единица пет, ќе биде токму оваа агенда: „СТОП за извршители и СТОП за брзи кредити“. – нагласи Глигорова.
– Ме радува што сите граѓани ја прифатија нашата иницијатива и се потпишаа многу луѓе и тоа е добро, што народот почна поинаку да размислува за разлика од претходно. И очекувам дека и во другите градови, како што се Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар и другите околни места, ќе ни ја дадат поддршката за парламентарните избори, истакна претседателот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа, Самка Ибраимоски.
Скопје
Арсовска изврши увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов во општината Гази Баба.
Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа, велат од Град Скопје.
Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот, се додава во соопштението на Град Скопје.