Македонија
Приведени тројца џепчии што оперирале во скопските автобуси
Поради зачестените џебни кражби над постари лица во автобуси на скопското јавно претпријатие за сообраќај, скопската полиција во петокот извршила набљудување на постојките кае најчесто се вршат кражбите, при што синоќа се приведени тројца џепчии.
Поради зачестените џебни кражби над постари лица во автобуси на скопското јавно претпријатие за сообраќај, скопската полиција во петокот извршила набљудување на постојките кае најчесто се вршат кражбите, при што синоќа се приведени тројца џепчии.На градската автобуска постојка под Железничката станица, поради сомнително движење, качување и симнување во автобуси на релација од „Комплекс банки’ до „Железничка станица“ биле проведени 33 и 34-годишен жител од скопското село Сарај и уште еден 39-годишен жител на селото Семениште крај Скопје. Притоа, било констатирано дека, непосредно пред приведувањето, во автобус кој сообраќал на автобуската линија бр.50, извршиле кражба на паричник од чанта на 64-годишна жена од Скопје. Едниот од приведените признал и дека кон средината на октомври украл нотес од на 71-годишна жена, а потоа со „Виза“ картичката од нотесот од два банкомата подигнал вкупно 11.100 денари.Во петокот навечер, тројцата со кривична пријава, за натамошна постапка се предадени на надлежното Јавно обвинителство, и тоа едниот од нив за сторени три кривични дела, две „џебни кражби“ и едно „оштетување и неовластено влегување во компјутерски систем“, а двајцата крадци од Сарај за „џебна кражба“.Од разговорот со приведените, и по нивно препознавање од страна на очевидци, полицијата дознала дека тие организирано оперирале во градските автобуси во центарот на Скопје, и тоа за жртви ги одбирале повозрасните патници од јавниот превоз на линиите на подалечните населби. Исто така, како што наведуваат до СВР Скопје, при документирањето на делата, е обезбедено и цеде со снимен материјал од безбедносна камера на „Комерцијална банка’’ на кој се гледало едно од лицата како врши трансакции со украдената картичка. Кај нив при приведувањето биле најдени вкупно 25,770 денари и сто евра кои со потврда им биле се одземени. Инаку, тројцата претходно и’ се познати на скопската полиција како извршители на тешки кражби и кражби, за што во повеке наврати кривично биле пријавувани, а биле и на издржување затворски казни./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 09,00ч до 16,00ч дел од корисниците во с. Волково и с. Кучково ( о. Ѓ. Петров);
· Од 09,00ч до 14,00ч корисниците од ул. Банско, ул. Баница, ул. Наум Охридски и ул. Жванска (о. К. Вода);
· Од 07,00ч до 15,00ч новите згради спроти Мерцедес ул. 852 (о. Г. Баба) и
· Во период од 09,00ч до 15,00ч дел од ул. Милан Мијалковиќ, ул.Пржино, ул.Кавалска (о. К. Вода).
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо, наместа со повремени врнежи од дожд. Во петок пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови, а во недела на повеќе места. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.
Македонија
Османи: Европскиот фронт е голема идеја чие време е дојдено
Кандидатот на Европскиот фронт, Бујар Османи, вечерва на митинг пред граѓаните на Кичeво изрази благодарност до лидерите на Европскиот фронт и коалицијата која, како што вели Османи, е продолжение на битките во континуитет една по една, за разбивање на замоците на етничките монополи.
„Европскиот фронт не е политичка партија. Европскиот фронт не е ни коалиција на политички партии, Европскиот фронт е голема идеја. Тоа е одлична идеја чие време дојде, лавина што ги собра соништата на секој граѓанин на оваа земја, за еднаквост, за правда и просперитетен живот во ЕУ. И ова го гледам како ентузијазам, како насмевка во секое населено место каде што одам, бидејќи Европскиот фронт е трета унија, но сега со малку поинаква димензија“, истакна Османи.
Кандидатот на Европскиот фронт, Османи понатаму истакна дека останува уште едена последна тврдина на етничкиот монопол.
„Тврдината која нè загрижува сите и секогаш ни го дава тој сигнал дека се уште не е сè како што треба, сè уште нема еднакви можности за сите, таа е тврдината на првиот претседател. Значи, браќа и сестри, се натпреварувам, на 24 април да ја разберете тежината на оваа мисија, дека вашиот глас не е само за мојата кандидатура, вашиот глас, вашата поддршка е за да ја разбиете последната тврдина на етничкиот монопол и за заокружување на еднаквоста на сите заедници во нашата заедничка држава“, заклучи Османи.