Контакт

Македонија

Скопје и Загреб со договорот ја зајакнаа соработката

Објавено пред

Градоначалниците на Загреб и на Скопје, Милан Бандиќ и Коце Трајановски, во вторникот во загрепската палата Дверце ја потпишаа Повелбата за пријателство и соработка меѓу главните градови на Хрватска и на Македонија

dobivaj vesti na viber

Градоначалниците на Загреб и на Скопје, Милан Бандиќ и Коце Трајановски, во вторникот во загрепската палата Дверце ја потпишаа повелбата за пријателство и соработка меѓу главните градови на Хрватска и на Македонија, притоа истакнувајќи дека станува збор официјално продолжување на од порано започнатата добра и квалитетна соработка во секторот на енергетската ефикасност, култура и др. Како што се наведува во опширниот извештај на агенцијата Hina, загрепскиот градоначалник Бандиќ по кусата средба со скопскиот колега Трајановски и официјалното потпишување на договорот, рекол дека „денешниот договор претставува ставање точка на ’и-то“ со што ја потврдуваме претходно започнатата соработка.Целта на оваа Повелба е да им се овозможи на граѓаните на двата града  остварување на заедничките цели и резултати, како и зајакнување на веќе постојните врски, со посебен акцент на проширување на стопанските и на културните врски; размена на искуства во еколошките програми, особено во заштитата на животната средина; меѓусебно запознавање на културата, историјата и традицијата; соработка меѓу музеите, универзитетите; мултикултурна соработка и јакнење на врските меѓу националните малцинства; ЕУ проекти; образованието (соработка меѓу средните училишта); урбанизмот и соработка меѓу јавните претпријатија, се вели во писмената изјава на Град Скопје.Притоа се додава дека со потпишувањето на оваа Повелба двата града ќе можат да имаат заедничка соработка во рамките на меѓународните организации и асоцијациите на градови во коишто членуваат, додека особено внимание ќе биде посветено на размената на искуства, практики и можностите за учество во проекти од заеднички интерес.Бандиќ, притоа, нагласил, дека предмет на интерес на идната соработка ќе биде размената на искуствата во јавното управување, но и во стопанството, па во рамките на овие заложби Трајановски ја посетил и компанијата „Кончар“, каде што ги загледал нископодните трамваи кои возат низ улиците на Загреб, како и филијалата на загрепскиот холдинг „Зрињевац“.„Во последните 20 години, во борбата за независност на двете држави, Загреб и Скопје беа во тешки услови, а денес владеат кризата и рецесијата. Нашата обврска е, како градоначалници, сите тие проблеми да ги решаваме во своите градови, но и да си помагаме едни на други како пријатели, токму тогаш кога е најтешко.’, изјавил Бандиќ порачувајќи им на годите од Скопје дека на располагање преку работната група ќе им бидат ставени експерти од загрепските градски канцеларии за да се разменат искуствата во јавното управување.Градоначалникот Бандиќ изјавил дека е особено задоволен од потпишувањето на  оваа повелба за соработка, бидејќи повеќето договори од овој вид се потпишуваат за да почне некоја соработка, додека Загреб и Скопје зад себе имаат долга соработка и проекти.Како што пренесуваат од канцеларијата на скопскиот градоначалник Коце Трајановски, тој исто така изразил убедување дека со потпишувањето на договорот за пријателство и соработка ќе се продлабочи соработката меѓу Скопје и Загреб, особено во стопанството, но и во културата и уметноста, како и во образованието и во спортот. „Станува збор за најприродниот договор досега, бидејќи и без повелбата имавме добра соработка“, го цитира Hina скопскиот градоначалник кој особено ја потенцирал важноста на соработката на јавните претпријатија и управите на двата града. „Соработката на Скопје и Загреб е клучен фактор за реализирање  многу заеднички проекти во интерес на нашите граѓани. Имајќи ја предвид стратешката цел на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ и имајќи го предвид фактот дека постигнувањето на европските стандарди и усогласувањето со европските политики се клучни насоки за развој и просперитет, убеден сум дека главниот град Скопје, има најголемо влијание во процесот на евроинтергацијата на нашата земја. Во таа смисла, богатата меѓународната соработка што нашиот град ја развива со многу градови во светот, им дава дополнителна енергија и важност во евроинтегративните процеси. Убеден сум дека искуството што го има градот Загреб  како град од земја којашто е длабоко влезена во процесот на евроинтеграциите може да му пренесе позитивни искуства на градот Скопје“, изјавил градоначалникот Трајановски на потпишувањето на Повелбата.Додека делегацијата на Скопје изразила поддршка на загреб за членството во Европската унија, претставниците на хрватската престолнина ветило поддршка и помош за Скопје во сите подготовки на патот до ЕУ., изјави заменичката на загрепскиот градоначалник  Јелена Пвичиќ-Вукиќевиќ. Двајцата градоначалници на крајот од официјалната средба си размениле пригодни подароци, при што Трајановски добил позлатен Медал на градот Загреб, а Бандиќ добил на подарок дрес на фудбалскиот клуб Вардар, релјеф на Александар Македонски и реплика на малата статуа на божицата на плодноста пронајден на подрачјето на Македонија, којашто датира од периодот од шест илјади години пред Христа. На свечената церемонија на потпишувањето на Повелбата, присуствувал и македонскиот амбасадор во Хрватска, Данчо Марковски, кој ја потенцирал традиционално добрата соработка меѓу хрватските и македонските градови, споменувајќи дека веќе се потпишани меѓусебни договори за соработка меѓи Осјек и Струмица, како и меѓу Ријека и Битола./крај/хи/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Објавено пред

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.

dobivaj vesti na viber

„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.

Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.

Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Објавено пред

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласа, односно 0,90 %. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателската кандидатура зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.

dobivaj vesti na viber

Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласа, а во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.

Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Силјановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.

Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.

И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.

„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на „Фејсбук“.

Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Објавено пред

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.

dobivaj vesti na viber

Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како крал на местенките во фудбалот.

Соработуваше со големи музички ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.

Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и многубројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 час

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 час

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија2 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија2 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија12 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија13 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија14 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија14 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија15 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија16 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија17 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија17 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија17 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија17 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија18 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија18 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија18 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...