Македонија
Скопјанка ранета во раката на новогодишната ноќ
Синоќа при прославата на новогодишната ноќ на скопскиот плоштад „Македонија“, поточно на паркинг просторот кај „Мепсо“ од засега непознат сторител, како што се претпоставува со најверојатно со употреба на пиротехнички средства или проектил од огнено оружје на 16-годишна скопјанка
Синоќа при прославата на новогодишната ноќ на скопскиот плоштад „Македонија“, поточно на паркинг просторот кај „Мепсо“ од засега непознат сторител, како што се претпоставува со најверојатно со употреба на пиротехнички средства или проектил од огнено оружје на 16-годишна скопјанка и’ е нанесена скршеница на прст раката.Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, синоќа 30 минути по полноќ, регистирано е едно тешко дело против општата сигурност, на скопскиот плоштад „Македонија“, поточно на паркинг просторот кај „Мепсо“ каде од страна на засега непознат сторител најверојатно со употреба на пиротехнички средства или проектил од огнено оружје и била нанесена тешката телесна повреда – скршеница на прст од левата рака. На девојката и’ била укажана лекарска помош во Градската општа болница Скопје и е задржана на натамошно лекување на Одделението за пластика.На лице место излегле полициски службеници од СВР Скопје кои во целост го презеле случајот.Освен ова, за времетраење на новогодишниот пречек, други поголеми нарушувања на јавниот ред и мир или вршење на други казниви поведенија на плоштад „Македонија“ не се регистрирани, известуваат од скопската полиција. Синоќа за време на организираниот пречек на Новата 2012 година на плоштадот „Македонија“, на која според процените на полицијата присуствувале околу десет илјади граѓани, безбедносната состојба била стабилна, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, освен некои помали нарушувања со користење разни пиротехнички средства од страна на дел од лицата кои присуствувале, при што неколкумина се идентификувани и легитимирани и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. На подрачјето на Скопје, исто така, во текот на новогодишната ноќ биле пријавени петнаесетина нарушувања на јавниот ред и мир со тепачки, како и петнаесетина кражби и тешки кражби во станови и автомобили.
Масовното славење во Драчево поминало без поголеми инциденти, само со три помали нарушувања на јавниот ред и мир, какви што биле забележани и во Радовиш, во Охрид каде што странски државјани се степале со сопственик на угостителски објект, семејно насилство во Карпош./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.