Македонија
Божиќна донаторска акција на Сивус и пријателите за СОС Детското село
Софтверската компанија Сивус заедно со своите партнери и соработници донираше компјутери за децата од СОС Детското село – Македонија, во пресрет на празникот Божиќ.
Софтверската компанија Сивус заедно со своите партнери и соработници донираше компјутери за децата од СОС Детското село – Македонија, во пресрет на празникот Божик.
„Божик е време за подарување. Секоја година за време на новогодишните и божиќни празници на нашите клиенти, партнери, соработници и пријатели им испраќаме честитки и подароци. Оваа година одлучивме да даруваме во нивно име на оние на кои тоа им е попотребно“, изјави Бранка Бугариска, маркетинг менаџер во Сивус.
Заедно со пријателите на компанијата, Сивус организираше акција со која меѓусебната размена на подароци ја замени со донација на компјутери за децата од СОС Детското Село во Македонија.
“Со оваа донација на децата им подаривме насмевки и радост, а на пријателите на Сивус честа да бидат чувари на тие детски насмевки“, рече Бугариска.
Донацијата се состои од 12 компјутери, за секоја од куќите во кои се сместени децата од СОС Детско Село.
“Донацијата ќе биде распределена во секоја од СОС семејните куќи, каде што децата непречено ќе можат да ги користат за нивните училишни потреби, како и за покреативно поминување на нивното слободно време“, вели Виолета Георгиевска, Директор на СОС Детско Село Скопје.
“Секоја донација, без разлика дали е во добра, услуги или во предмети, е добредојдена во нашето село, затоа што претставува олеснување на семејните буџети на децата и го олеснува самото функционирање на селото“, објаснува Георгиевска.
Компјутерите денеска беа доставени во Детското село, а дечињата во знак на благодарност изработија цртежи и божиќни честитки за донаторите – пријатели на компанијата Сивус. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука