Македонија
Вељаноски-Красниќи: Односите меѓу Македонија и Косово во нагорна линија
Целокупните билатерални односи меѓу Македонија и Косово одат во нагорна линија, што преставува придонес и за целокупната стабилност на регионот, констатираат претседателите на парламентите на двете земји, Трајко Вељаноски и Јакуп Красниќи на денешната средба во Приштина.
Целокупните билатерални односи меѓу Македонија и Косово одат во нагорна линија, што преставува придонес и за целокупната стабилност на регионот, констатираат претседателите на парламентите на двете земји, Трајко Вељаноски и Јакуп Красниќи на денешната средба во Приштина.
Вељаноски потсети дека Македонија е меѓу првите земји што ја призна косовската независност, што според него е дел од определбите на земјата за добри односи со сите соседи.
„Тоа е и европски принцип, а ние сите во регионот се определивме за евроатланските интеграции, затоа ние ја поддржуваме целовитоста на Косово, со целосно почитување на индивидуалните и колективните права“, рече Вељаноски.
Понуди и конкретна помош за косовските парламентарци преку споредување на искуството во процесот на евроинтеграциите, како и во градењето на ефикасни и функционални институции.
Красниќи, од своја страна, изрази задоволство од средбата, и исто така ги истакна високо развиените политички и економски односи.
„Македонија има доста направено во процесот на евроинтеграциите и затоа со задоволство го прифаќаме предлогот да ги споделиме искуствата на Република Македонија во овие процеси, бидејќи тоа е значајно за нас и целиот регион“, рече Красниќи.
Најави дека наскоро во косовското собрание ќе биде формирана парламентарна група за соработка со Собранието на Република Македонија.
Во составот на македонската делегација, покрај Вељаноски, беа потпретседателот Јани Макрадули и пратениците Талат Џафери, Светлана Карапетрова и Беким Фазлиу. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.