Македонија
Попоски очекува проактивен пристап од Данското претседателство
Македонија очекува проактивен пристап на Данското претседателство во однос на проширувањето на Европската Унија, рекол шефот на дипломатијата Никола Попоски, на средбата со нерезидентниот данскиот амбасадор Торбен Брил.
Македонија очекува проактивен пристап на Данското претседателство во однос на проширувањето на Европската Унија, рекол шефот на дипломатијата Никола Попоски, на средбата со нерезидентниот данскиот амбасадор Торбен Брил.
Попоски изразил надеж дека Данска ќе манифестира отворена поддршка за натамошната интеграција на Македонија во ЕУ.
„Притоа, нагласи дека Република Македонија, по шестгодишен кандидатски статус и трипати добиена препорака од Европската комисија, е целосно подготвена и заслужува да ги отпочне преговорите за членство во ЕУ. Изрази очекување дека Данското претседателство ќе покаже проактивен пристап кон процесот на проширување, со што уште еднаш ќе ја потврди својата принципиелност и соодветно ќе го валоризира исполнувањето на Копенхашките критериуми, вреднувајќи ја секоја земја-кандидат според индивидуалните постигнувања“, соопштуваат од Министерството за надворешни работи.
На средбата амбасадорот Брил накратко се осврнал на приоритетите на Данското претседателство, нагласувајќи дека активностите ќе бидат насочени кон актуелните економски и финансиски предизвици со кои се соочува Европската унија, со цел постигнување одржлив развој и макроекономска стабилност на Унијата, како и зајакнување на единствениот европски пазар и евро-валутата.
Средбата на министерoт Попоски и амбасадорот Брил е во рамките на посетата на амбасадорот, кој земјава ја покрива од Виена. Брил денеска ќе ги презентира приоритетите на претседателството пред членовите на владата, во собранието пред членовите на Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешни работи и Националниот совет за евроинтеграција, а во текот на утрешниот ден и преку прес конференција во Делегацијата на ЕУ. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЛДП в петок организира „Pet Friendly“ ден во канцеларијата „Либерално ќоше“
Во новоотворената канцеларија на ЛДП „Либерално ќоше“ во срцето на Скопје в петок од 18:00 часот ќе се одржи „Pet Friendly“ ден за дружење, разговори и идеи на граѓаните со претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова.
– Водејќи се од нашата совесност, свесност и одговорност, покренавме иницијатива за носење на нов закон за благосостојба на животните. Милениците, се семејство, не потрошен предмет и затоа секој сопственик кој го остава својот миленик на улица треба да сноси одговорност и да се обезбеди регулиран систем на одговорно одгледување и размножување. Воедно да се обезбедат соодветни услови за бездомните кучиња и мачки и при тоа да ги заштити граѓаните од несакани повреди, е пораката на Зајкова.
Граѓаните се добредојдени на петочното дружење заедно со своите миленици, а своите идеи и предлози може да ги споделат и во писмена форма.
На полето на заштита на животните, ЛДП до Собранието поднесе и предлог за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, којшто ќе воведе построги мерки против оставање животни на улица, поодговорно сопствеништво и ќе ги подобри нивните услови.
Скопје
„Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!“ – голема забава под маски во Кисела Вода
Под слоганот „Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!“ општина Кисела Вода, в понеделник, на први април, организира голема забава под маски за најмладите.
Пред салата Расадник ќе биде поставен забавен парк со најразлични реквизити, ќе има кловнови и аниматори, а за музичкиот дел се задолжени „Поточиња”.
Настанот започнува во 11 часот, а за изборот на најдобра маска ќе одлучи жири комисија од општината. Најдобрите маски ќе добијат награди, велат од општината и ги покануваат сите дечиња да дојдат во Шеговил и со своите насмевки, шеги и маски да поминат еден прекрасен ден.
Македонија
Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори
Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека кога политичарите говорат за прашањата за Преспа и другите договори, тоа е само губење време и одвлекување на вниманието од реалните проблеми на земјата, сиромаштијата, невработеноста, корупцијата и сл..
„Точно е! Мнозинството граѓани едвај врзуваат крај со крај, очајни се од непостоење здравствен или образовен систем, сакаат развој а не вртење кон минатото.
Она што овие млади (а инаку умни) луѓе уште не го научиле е дека геополитиката (која ни ја наметнаа) е тесно поврзана со геоекономијата. Би очекувала својот критички ум да го свртат кон, на пример, поврзаноста на нашата колонијална положба со Преспа и Митилинеос. Или дури и со Бехтел и Енка… и уште многу ситни и не толку ситни зделки на македонските компрадорски елити кои нѐ продадоа како на сточен пазар, ни ги одзедоа и идентитетот и достоинството, ама и ги наполнија своите џебови врз база на бајките за ЕУ интеграција со смена на името и уставот.
It’s all about geopolitics, stupid!“, пишува Ванковска.
Според неа, Преспа и Бугарскиот договор не се само национални, идентитетски прашања, туку и класни и социоекономски. Ние, додава таа, сме во класично ропство, а принудени да аплаудираме на колонизаторите кои не се тука за наше добро, туку за свои интереси.