Македонија
На сите патни правци условите се зимски, а коловозите влажни
Утринава сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива во зимски услови по влажни коловози. Патниот правец Р112 Гевгелија – Смрдлива Вода е прооден, а останатиот дел од патот до ски-центарот Кожуф се уште се расчистува.
Утринава сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива во зимски услови по влажни коловози. Патниот правец Р112 Гевгелија – Смрдлива Вода е прооден, а останатиот дел од патот до ски-центарот Кожуф се уште се расчистува.Посебна внимателност на патниот правец Дебар – Струга, поради почеста појава на одрони. До сите возачи препорачуваме исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на влажните и лизгави коловози и одржување на потребното растојание помеѓу возилата, особено на оние места каде е честа појавата на одрони. Интензитот на сообраќај е умерен на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини не се забележуваат подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.Потсетување до сите возачи за законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата која трае до 15 март 2012 година. /крај/амсм/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Патот Штип-Кочани во прекин поради сообраќајка
Од 17:10 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Штип-Кочани, сообраќајот е во прекин во една насока, информираат од АМСМ.
Македонија
Маричиќ: Имаме план за зелена Македонија во која граѓаните ќе станат акционери на енергетските компании
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ денес во изјавата за медиуми се обврза дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина нема да се откажат од стремежот за енергетска независност и од зелена енергија.
Во своето обраќање посочи дека е време да се сопре со фосилните технологии.
Изјави дека постоечките енергетски капацитети на фосилни горива да ги трансформираме во соларни електрани кои произведуваат зелена енергија.
„Тој процес го продолжуваме со голема новина: Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните! Граѓаните стануваат акционери во енергетските компании. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство.
Нашиот план е производството на енергија да се зголеми за најмалку 70% за да ги задоволиме домашните потреби за струја. Во наредните четири години за 100% да се зголемат капацитете со обновливи извори на енергија да достигне 60% од вкупната потрошувачка во државата.“
Маричиќ во својата изјава потврди дека целта и програмата на СДСМ е иста со онаа на Европската Унија и Европскиот зелен договор кој предвидува нула штетни гасови од фосилни горива до 2050 година.
„Нашата визија е зелена Македонија како здрава животна средина за граѓаните. Чиста вода за пиење во секое населено место, одржливо управување со отпад и расчистување на дивите депонии. Пречистување на отпадните води за здрава почва за здрава храна.“
Македонија
Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје
Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија. Тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.
Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, откако и на 11 април беше успешно реализирана ваква акција.