Македонија
Бесими: Од прием на Македонија во НАТО би профитирале сите
Корист од македонското членство во НАТО би имале и самата алијанса, Грција и регионот, смета министерот за одбрана Фатмир Бесими кој во Њујорк се сретна со шефот на Мировните операции на ОН, потсекретарот Едвард Мјул и шефот на Мисијата на САД во ОН, амбасадорката Розмари ди Карло.
Корист од македонското членство во НАТО би имале и самата алијанса, Грција и регионот, смета министерот за одбрана Фатмир Бесими кој во Њујорк се сретна со шефот на Мировните операции на ОН, потсекретарот Едвард Мјул и шефот на Мисијата на САД во ОН, амбасадорката Розмари ди Карло.
На овој состанок, како што јавува Дојче Веле на македонски јазик, станало збор за блокираниот македонски пат кон евроатлантските интеграции
„Темата на евроатлантските интеграции неизбежно ја наметнува и темата за решавањето на спорот околу името и одлуката на Меѓународниот суд на правдата. Тие беа спомнати во контекст на надминување на овој предизвик и изнаоѓање решение кое е прифатливо за двете страни, како за Македонија, така и за Грција, затоа што тоа е единствен начин да се надмине тој проблем, односно да се надминат тие разлики и со тоа и поддршката што се искажува кон Македонија од другите членки на НАТО да резултира со приемот на Македонија во НАТО“, изјави Бесими.
Тој додаде дека во Обединетите нации постои и уверување дека двете страни би профитирале доколку процесот околу преговорите би се фокусирал во полза на приемот на Македонија во НАТО, што е легитимна цел на владата во Скопје.
„Тоа не само важен процес за Македонија, за нас секако тоа е важно и би било клучно, но тоа е решение за мисијата на НАТО да се прошири и да обезбеди одржлив мир и стабилност во регионот. И за самиот регион, па и за Грција тоа би било едно големо олеснување“, рече Бесими.
Но министерот Бесими – признава, дека се‘ уште нема навестувања, на самитот на НАТО, во мај оваа година во Чикаго, на официјалната агенда да биде додадена и посебна точка за проширување на воениот сојуз.
„Сакам да појаснам дека на самитот во Чикаго главно ќе се работи за реформите на таканаречената “Smart defence“ (паметна одбрана) и за транзиција на мисијата на НАТО во Авганистан (ИСАФ). Тоа се главно темите за кои што ќе се зборува на самитот, а ние се обидуваме покрај нив, на некој начин да зборуваме и за темата за приемот на Република Македонија во НАТО. Меѓутоа, за такви теми се‘ уште не може да се каже дека има нешто потврдено официјално“, изјави министерот Бесими.
„И во однос на реформите и во однос на придонесите на меѓународните мировни мисии, Македонија го дава својот придонес, како да е де факто членка на НАТО“, повтори министерот Бесими, кој од Њујорк се упати за Вашингтон, кадешто ќе присуствува на традиционалниот Молитвен појадок со американскиот претседател Барак Обама и останатите гости на неговата администрација. /крај/dw/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците
Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места.
Денеска ќе гласаат избирачите запишани во посебниот извод од избирачкиот список, односно дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштени и внатрешно раселените лица.
Гласањето за претседател започна во саботата, први гласаа членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во посебниот извод од избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии треба да гласаат наши граѓани кои живеат во странство а кои се пријавиле за гласање.
Право на глас имаат 1.814.317 гласачи запишани во единствениот избирачки список. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Македонија
Време денес повремено со пороен дожд и грмежи, температурата ќе достигне 14 степени
Вренето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (и над 20 л/м²) и поројни, проследени со грмежи особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степен.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд повремено пороен и проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени, јавува УХМР.
Ветерот долж Повардарието ќе продолжи да засилува и во среда. Во среда и четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и услови за грмежи. Потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време.