Македонија
Нарушено одвивањето на наставата во околу 25 општини
Наставата е прекинатата или се одвива со скратени часови во околу 25 општини во Македонија, информираат од Центарот со управување со кризи.
Наставата е прекинатата или се одвива со скратени часови во околу 25 општини во Македонија, информираат од Центарот со управување со кризи.
На територијата на општина Бутел сите основни училишта работат, а часовите се скратени по 10 минути.
Во општина Чучер Сандево Централното основно училиште „Михаил Грамено“ што ги покрива селата Танушевци, Малино и Брест не работи. О.У. „Александар Урдаревски“ во село Сандево не работи. О.У. „Кирил и Методиј“ во село Кучевиште и село Побожје не работи.
Во општините Ѓорче Петров и Карпош наставата во училиштатa започнува со еден час задоцнување а училишните часови се скратени по 5 минути.
На територијата на општина Центар наставата во училиштата започнува од 09:00 часот а часовите се скратени и траат по 30 минути.
Советот на Општина Сарај донел одлука училиштата од 7-ми година до 10-ти година да не работат.
Во општина Студеничани основното училиште во село Батинци нема да работи до петок 10-ти февруари.
Во општина Сопиште наредните два дена нема да работат Основните училишта во селата Држилово, Добри Дол и Патишка река.
Во општина Кисела Вода во Основните училишта часовите се скратени и наставата ќе започнува во 09:00 часот, а часовите ќе траат 30 минути. Градинките ќе работат вообичаено.На територијата на општина Тетово запрена е наставата во сите средни и основни училишта до понеделник 3-ти февруари.
Во општина Делчево донесена е одлука во средното училиште “М.М – Брицо’’ и двете основни училишта “Ванчо Прќе’’ и “св. Климент Охридски’’ да не се одржува настава до 13-ти феруари.
Во општина М.Каменица СОУ “Миле Јаневски – Џингарот’’ и основното “св. Кирил и Методиј’’ на 6-ти и 7-ми февруари нема да се одржува настава, а во зависност од условите ќе се реши дали наставата ќе продолжи на ден 8-ми февруари.
Во општина Виница наставата во училиштата започнува во 08:00 часот наместо во 07:00 часот а часовите ќе бидат скратени за 10 минути. Оваа промена ќе се применува од денеска до 10-ти февруари.На територијата на општина Струмица, поради врнежите од леден дожд и појавата на голомразица, денес часовите се со скратено работно време, а донесена е одлука учениците кои патуваат од населените места да не доаѓаат на настава во втора смена.
Советот на Гевгелија и Богданци донесе одлука училиштата да не работат на ден 7-ми и 8-ми февруари, а на територијата на општините Дојран и Василево училиштата нема да работат од 07-ми до 10-ти февруари.
Училиштата во општините Босилово и Ново Село ќе имаат скратени часови од по 15 минути а наставата ќе започнува од 08:30 часот.
Во општина Демир Хисар во текот на денешниот ден наставата во сите училишта се одвиваше редовно без прекини. Настава нема да се одржува на денеска и утре во ОУ Даме Груев с.Смилево.
Во општина Крушево Централното основно училиште „Никола Карев“ во Крушево одржуваше настава со скратени часови; училиштата во с.Врбоец, Саждево, Норово и Борино не одржуваа настава. Како што сме информирани од локалната самоуправа за наставата во утрешниот ден не се знае како ќе се одржува, во зависност од временските услови.
Во општина Струга настава не се одржува во ОУ во селата Јабланица, Ликово, Нерези и Пискупштина. Во сите останати училишта часовите се скратени.
Во општина Зајас настава не се одржала во основните училишта во селата Зајас и Грешница.
Од Општина Велес известуваат дека од денес можно е скратување на часовите во училиштата во градот, а можно е наставата да се прекине во неколку училишта во повисоките села во зависност од висината на новопаднатиот снег. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.
„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.
Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.
„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.