Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Народот не сака враќање во транзицијата
Народ кој не сака враќање на полошо, на времето на транзиционата приватизација, ТАТ, богатење на поединци за време на ембаргото, владеењето без напредок и кошмарот од деведесеттите, рече на портпаролот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ
Народ кој не сака враќање на полошо, на времето на транзиционата приватизација, ТАТ, богатење на поединци за време на ембаргото, владеењето без напредок и кошмарот од деведесеттите, рече на портпаролот на владејачката ВМРО-ДПМНЕНа прес-конференцијата портпаролот Александар Бичиклиски, го коментираше денешното објавување на кадровскиот состав на Советот на најголемата позициска партија СДСМ, во кој влегоа поранешни министри и високи државни функционери на социјалдемократите а го предводи архитектот Мирослав Грчев, поранешен градоначалник на скопската општина Центар.„Ако некој недостасуваше, денес е сигурно дека сите кадри од транзицијата СДСМ ги собра на едно место. Но треба да знаат дека старите транзициски политичари ангажирани од Црвенковски да му помогнат за враќање на власт заедно со Љубчо Георгиевски, ќе се соочат со новото време, со луѓе посветени на реформи и напредок, но ќе се соочат и со народ кој памeти и знае да прави разлика“, рече Бичиклиски. Тој смета дека со овој потег партијата СДСМ го навредила македонскиот народ, бидејќи, како што рече, „очигледно за да Бранко Црвенковски му додели функција на некого во СДСМ, потребно е да се исмејува сопствениот народ и сопствената историја’.Притоа Бичиклиски ја цитираше изјавата на Грчев дадена за една бугарска телевизија, при што за употребените термини од страна на Грчев како „будала и дилентант“ рече дека „не му личат на било кого, а најмалку на еден, поранешен градоначалник и функционер“.„Не се во прашање само ваквите зборови, туку и премолченото одобрување од СДСМ на ваквата изјава која ги навреди чувствата на илјадници и илјадници Македонци. Очигледно е дека на СДСМ не му смета исмевањето што Грчев го прави со сопствениот народ“, заклучи Бичиклиски./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штипјанец и скопјанец фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач
Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Тој додаде дека досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, односно гласањето се одвива мирно и без проблеми.
Ангеловски дополни и дека димна бомба има на гласачко место, а пријавени се и летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити.
До 11 часот е пријавено дека на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до 9 часот, се искачи на 12,78 отсто.
Македонија
Димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.
„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, тоа се одвива мирно, без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач.
За сите овие настани, како што вели тој, се преземаат мерки за расчистување на случаите.
„Покрај тоа, на територијата на општина Чаир се забележани летоци, кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графита. На едно гласачко место во Скопје, покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.
Апелира до граѓаните и учесниците на изборите – во текот на гласањето, до завршувањето, да се воздржат од какви било инциденти.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија – 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјата право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3.480 избирачки места.