Македонија
Србин баран со потерница уапсен со информации од македонската полиција
Холандската полиција во понеделникот уапси Србин кој се барал со меѓународна потерница за обид за убиство и недозволена трговија со дрога, соопшти МВР.
Холандската полиција во понеделникот уапси Србин кој се барал со меѓународна потерница за обид за убиство и недозволена трговија со дрога, соопшти МВР.
Во понеделникот, полицијата во Ротердам го забележале дваесет и шестгодишниот Стеван Радосављевиќ со автомобил „аudi Q3“ со германски регистарски таблички. Кога полицијата се обидела да изврши проверка на автомобилот, Радосављевиќ фрлил пиштол и почнал да бега.
Иако холандската полиција неколкупати го предупредила да застане, сепак тој не застанал, па полицајците биле принудени да испукаат предупредувачки куршум.
Откако успелае да го уапсат, кај него била пронајдена бугарска патна исправа издадена на име на македонски и бугарски државјанин, односно лице со двојно државјанство.
Кај него била пронајдена мала рачна торба во која имало повеќе илјади евра во готово и две запечатени торби со огромен износ швајцарски франци.
Се претпоставува дека парите ги „заработил“ со вршење на кривични дела во Швајцарија.
На Радосављевиќ му е одредени екстрадиционен притвор. Тој е втор српски државјанин баран со меѓународна потерница преку Интерпол, кој е приведен со помош на информациите на македонската полиција. /крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стојаноска од Јегуновце: Оваа криминална власт вчера го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај
Од победничко Јегуновце, најпрво се заблагодарувам и им честитам на сите граѓани на Република Македонија, особено на тие од изборната единица шест, затоа што вчера ја направија Македонија горда, кажа Дафина Стојаноска, носител на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6.
„Вчерашниот датум, 24 април, оваа криминална власт го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај.
Денес продолжуваме со стисок на рака повеќе и барање на глас повеќе, заедно да се обединиме против криминалот“, порача таа.
Ова политичко зло, како што рече, „да го испратиме во пензија и Македонија повторно да ја направиме ваша и повторно горда“.
Македонија
Милица Џаровска се прости од својот татко: Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол
Велибор Џаровски – Џаро, познатиот менаџер, почина денес на 75-годишна возраст, по кратко боледување, додека веста за неговото заминување ја објави неговата ќерка Милица.
– Чао Благојче мој, знам дека и горе ќе се снајдеш и ќе најдеш некоја сигурица за играње. Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол“.
Тој зад себе ги остави сопругата Виолета, внуците Лара и Лука, но и единствената ќерка Милица, позната естрадна новинарка. Таа минатата година ја издаде книгата „Живот на коцка” која му ја посвети токму него.
Џаро соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Македонија
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит-пазар: во фокусот недостигот на човечки ресурси, возила и материјално-технички средства
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работни посети на Полициската станица Центар и Полициската станица Бит Пазар кои функционираат во рамките на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар каде одржа состаноци со раководството.
Оваа Единица се соочува со најголем обем на работа на ниво на целата држава имајќи ја предвид структурата на теренот кој го покриваат кадешто се наоѓаат голем број на државни институции, културни објекти и дипломатско-конзуларни претставништва поради што на дневна основа има многу голема фрекфенција на луѓе.
Во однос на вчерашниот изборен ден министерот Тошковски беше информиран дека не се забележани поголеми нарушувања, освен констатирано едно кривично дело каде член на изборната комисија се обидел да гласа за друг. Исто така, беше потенцирано дека за вториот круг потребно е да се зголеми бројот на полициски службеници со цел овозможување на непречено спроведување на изборите.
„ЕВР Центар и Бит Пазар се соочува со сериозен недостаток на човечки ресурси, како во делот на униформираната полиција така и во делот на инспекторите. ОД аспект на условите за работа во двете полициски станици и опременоста со материјално-технички средства и возила состојбата е алармантна. И покрај овие проблеми, сепак беше потенцирано дека бележат солидни резултати во расчистувањето на кривични дела.“, издвои министерот Тошковски.
Заеднички беше констатирано дека во иднина треба да се размислува за дислокација на Полициската станица Центар во посоодветен објект со подобри просторни услови, со што ќе се овозможи подобро и поефикасно постапување на полициските службеници.