Македонија
Клеветата и навредата се декриминализираат
Клеветата и навредата се бришат од Кривичниот законик, а новинарите ќе одговараат во граѓанска постапка, односно ќе биде донесен посебен граѓански закон со кој ќе се регулираат клеветата и навредата.
Клеветата и навредата се бришат од Кривичниот законик, а новинарите ќе одговараат во граѓанска постапка, односно ќе биде донесен посебен граѓански закон со кој ќе се регулираат клеветата и навредата.
Ова во петокот го соопштија вицепремиерката за европски прашања, Теута Арифи и претседателот на Здружението на новинарите (ЗНМ), Насер Селмани, по средбата на Работната група на ЗНМ и на Владата.
Следната недела се очекува оваа Работна група да излезе со целосен концепт за тоа како ќе биде решена клеветата и навредата. Од ЗНМ велат дека останува да се допрецизираат и да се појаснат некои членови за да нема проблем при примената на Законот.
„Можам да кажам дека заедно со ЗНМ ги приближивме ставовите и работиме и размислуваме на еден заеднички концепт што мислам дека до идната недела ќе го заокружиме и ќе го докомплетираме. Мислам дека овој процес кој започна во септември, полека, полека, како што предвидувавме ги дава своите резултати и дефинтивно заеднички како Влада и ЗНМ дадовме се од себе овој процес да се унапреди и да биде во рамки на стандардите и барањата од Европската унија“, рече Арифи.
„Сите скептици кои не веруваа на овој дијалог денеска ќе треба да се преиспитаат затоа што дијалогот е единствениот начин ние да ги надминеме сите проблеми. Од друга страна праќаме порака дека во Македонија кога има желба и волја можат да се најдат заеднички решенија, иако на моменти разговорите беа тешки, беа во криза, меѓутоа преовлада убедувањето дека ние мора да најдеме решение во интерес на сите. Мислам дека од ова решение не губи никој, преовладаа аргументие дека ова е најдобро решение за Македонија. Верувам дека значајно ќе се подобри слободата на медиумите на Македонија“, рече Селмани.
Нацрт-законот носи назив Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета и ќе важи не само за новинарите, туку за сите субјекти. Владата и ЗНМ сé уште не се договориле околу ограничувањето на казната, односно колкава ќе биде оштетата при вакви судски постапки.
Со новиот предлог-закон, одговорноста ќе биде каскадна, односно ќе биде поделена на новинарот, уредникот и сопственикот .
Сите судски постапки кои се во тек, со донесувањето на предлог законот ќе бидат прекинати, додека оваа измена нема да има влијание за постапките што имаат правосилна пресуда.
Во моментов активни се 167 тужби против новинарите,а како најчести тужители се јавуваат јавните личности. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Митрески: Ги зголемуваме субвенциите за енергија на 120 илјади денари за домаќинства, ранливите потрошувачи ќе добијат поголема поддршка
„Енергетската независност на Македонија е значаен приоритет за СДСМ и за Коалицијата за европска Макединија. И во време на најголемата енергетска криза, граѓаните не го почуствуваа недостатокот на светскиот пазар, затоа што водевме мудри политики и обезбедивме енергија за целата држава. Во наредниот мандат гарантираме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70 проценти во однос на 2019 година, со што ќе бидеме енергетски независни“, изјави Јован Митрески, носител на ИЕ 5 за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија.
Тој најави дека во наредниот мандат ќе биде зголемен капацитетот на обновливи извори на енергија за најмалку 100 проценти, а еден милион граѓани ќе добиваат енергија од обновливи извори.
„Ги зголемуваме субвенциите од 80 илјади на 120 илјади денари за домаќинства, ги зголемуваме мерките за заштита на правата на ранливите потрошувачи на енергија. Воведуваме забрана за изградба на нови мали хидроцентрали“, додаде тој.
Митрески најави и дека ќе продолжи поддршката на бизнисите, преку 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производството и 3,5 милијарди капитални инвестиции и гарантираме стабилна даночна политика.
„Воведуваме 0 проценти данок на личен доход за минимална плата, како и по 200 евра за во првите 12 месеци за секое прво вработувањ на лица до 26 години. Планираме инвестиции од над 2,7 милијарди евра, за модернизација на инфраструктурата во сите општини, квалитетна инфраструктура е предуслов за растечка економија и повисок животен стандард“, додаде Митрески.
Македонија
Сајкоски: Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница што ќе ја поврзува со Грција
Битола и битолчани ќе бидат во фокусот на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
За Битола се предвидени многу инфраструктурни проекти. Во новата програма „Платформа 1198“ за Битола е предвидено да се изгради обиколница што ќе ја поврзува со Грција. Предвидено е да се изгради автопат кој што ќе поврзува Битола со Прилеп, а исто така предвидено е да се изгради патот Градско-Прилеп, со тоа што Битола ќе биде поврзана инфраструктурно и ќе има добра можност за економски развој, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.
Исто така, додаде Сајкоски, предвидено е реконструкција и рехабилитација на патот Кичево-Охрид, подобрување на патната инфраструктура кон Ресен, а во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидено е подобрување на железничката инфраструктура.
Како што рече Сајкоски, со ова, Битола ќе добие можност за економски раст и развој, можност за подобра иднина на сите, и за младите и за возрасните.
– Битола ќе го добие процутот онаков каков што треба да го има низ годините. Битола ќе биде економски центар во регионот, рече Сајкоски.
Македонија
Ковачки: Со Платформата 1198 ќе го развиваме истокот на Македонија, изградба на Клиничката болница и обиколница во Штип како и поврзување со Струмица
Полека се враќа ентузијазмот кај нашите граѓани, сите се приклучуваат на идејата за Твоја Македонија и сите ни се приклучуваат на ВМРО-ДПМНЕ. Со Платформата 1198 планираме да го развиваме истокот на Република Македонија, планираме изградба на Клиничката болница во Штип, планираме обиколница околу нашиот Штип и секако планираме физибилити студија, изработка на проект за поврзување на Штип со Струмица. Како што работи успешно нашиот градоначалник во Штип, така планираме да работиме и ние на централно ниво, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
– Ги повикувам сите граѓани масовно да ни се приклучат на 24 април да го дадат својот глас за број 2 за Гордана Силјановска Давкова да биде претседател на Македонија, а потоа на 8 мај за Христијан Мицкоски и во Изборна единица 3 да освоиме една голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија, рече Ковачки на средба со граѓаните.