Македонија
Груевски и Пападимос ќе се сретнат на 1 март во Брисел
Македонскиот премиер Никола Груевски на 1-ви март во Брисел ќе се сретне со својот грчки колега Лукас Пападимос.
Македонскиот премиер Никола Груевски на 1-ви март во Брисел ќе се сретне со својот грчки колега Лукас Пападимос.Оваа информацијата е потврдена од македонската Владата, јави во петокот попладне ТВ Сител.Пападимос на 15-ти февруари испрати одговор на писмото што пред повеќе од еден месец до него го испрати Груевски, прифаќајќи средба со неговиот македонски колега, како што тогаш беше наведено – во првата половина на март.Во писмото грчкиот премиер предлага да се сретне со Груевски на маргините на следниот европски совет, кој ќе се случи во првата половина на март.Притоа Пападимос изрази надеж за подобрување на односите меѓу двете земји, а во врска со проблемот со името, нагласува дека позицијата на Грција останува иста, односно прашањето да се решава во Обединетите нации.„Јас во основа би го поздравил тоа што прифати средба иако е по многу долго чекање. Доколку ја прифатеше пред месец, месец ипол кога беше врачено писмото, веројатно ќе имаше поголеми изгледи нешто да се реши до крајот на неговиот мандат, но сепак еве и ова може да кажеме дека е нешто што треба да го поздравиме. За сè останато би почекал да помине средбата, па да давам коментари. Мислам дека не би било добро пред да се сретнеме да дадам оценка како ќе биде. Иако немаме преголеми очекувања сепак оставам средбата да помине потоа да ги давам коментарите, дали таа средба ќе има суштински карактер или ќе има протоколарен карактер“, изјави Груевски минатата седмица, по информацијата дека Пападимос позитивно одговорил на неговиот предлог за заедничка средба./крај/си/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.
„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.
Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.
„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.