Македонија
Груевски: Не се откажуваме од лустрацијата; СДСМ: Одлуките на Уставен не се коментираат
Не се откажуваме од лустрацијата, треба да се стави крај на едно црно минато, порача во сабота премиерот Никола Груевски.
Не се откажуваме од лустрацијата, треба да се стави крај на едно црно минато, порача во сабота премиерот Никола Груевски.
Најави измени на законот што ќе влезат во собраниска процедура наскоро.
„Лустрацијата е како човек со гордо крената глава, а да има боцки во нозете. Ние почнавме да ги вадиме тие боцки, но некои од нив се чини дека се длабоко влезени и ќе треба повеќе работа и повеќе ангажман и малку сериозен отпор, бидејќи гледате со каков отпор се соочуваме со реакции на уставни судови, реакции на многу моќници“, рече Груевски.
„Да се стави крај на едно црно минато за да можеме да чекориме напред без такви флеки од минатото кои оставаат црни траги денес и кои на некој начин се уште се присутни во институции. Веројатно начинот на работење го спроведуваат така како што го правеле во времето кога со кодошење заради идеолошки и политички причини правеле пакост на некој друг за на себе да си донесат некоја материјална или кариеристичка предност“, изјави премиерот Груевски.
На неговата изјава преку писмено соопштение реагираат од СДСМ. Одлуките на Уставниот суд не се коментираат само се извршуваат, велат од опозициската партија.
„Како да очекуваат граѓаните во Република Македонија конечно да заживее правната држава кога премиерот на земјата Уставниот суд и неговите одлуки си ги користи како мезе за секојдневни коментари?“, се вели во реакцијата од СДСМ. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: пет имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија ќе се одржат седмите претседателски избори, а до затворање на избирачките места во 19 часот, на сила е изборен молк.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.