Контакт

Македонија

Потенцијалот на руско-македонската соработка да се искористи во целост

Објавено пред

Постепениот развој на билатералната соработка меѓу Русија и Република Македонија во повеќе правци го одбележа почетокот на 2012 година.

dobivaj vesti na viber

Постепениот развој на билатералната соработка меѓу Русија и Република Македонија во повеќе правци го одбележа почетокот на 2012 година. Македонското раководството повеќе пати истакнуваше дека потенцијалот на руско-македонските односи продолжува да се зацврстува во интерес на народите на двете земји, пишува во вторникот руската агенција ИТАР-ТАСС во опсежниот текст за македонско-руските економски односи. Министерот  за надворешни работи на РМ Никола Попоски изрази задоволство од „постојаното проширување на контактите меѓу владите на нашите држави “. Тој ја подвлече „динамичната соработка во областа на образованието, културата и туризмот“. Според него, Македонија му придава особено значење на градењето, развојот и зацврстувањето на пријателските односи со Руската Федерација и “тоа е поврзано не само со улогата што ја игра РФ на меѓународната арена, туку и со тоа што Русија претставува традиционален партнер на РМ“.„Во периодот што претстои ние планираме да го концентрираме своето внимание кон интензивирањето на економската соработка со РФ и кон привлекување на руски инвеститори во Македонија“ посочи Попоски. Тој додава дека потенцијалот на билатералните односи со Русија сé уште докрај не е реализиран. „Ние имаме намера да вложиме напори за зацврстување на трговските односи со РФ“, рече Попоски.Шефот на македонската дипломатија изјави дека годинава се планирани посети на највисокото раководството на Македонија во Русија „во текот на кои, покрај политичките прашања, детално ќе бидат разгледани и перспективите на економската соработка меѓу двете земји“. „Планирани се исто така и посети на ниво на министерства и други владини институции, како резултат на кои треба да бидат потпишани договори за отворање на културно-информативни центри во Москва и во Скопје, а исто така и за меѓусебно признавање на дипломите од високите образовни институции“, додаде тој.Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија /ДПСМ/, кој е и претседател на македонската парламентарна група за врски со руската државна ДУМА, Иван Стоиљковиќ, смета дека „треба поактивно да се искористат контактите меѓу законодавните органи на двете земји, зацврстувајќи го нивото на билатерална соработка и разменувајќи го насобраното искуство“. „Во 2012 година јас планирам да ги вложам сите свои усилби во воспоставувањето на одржлива соработка со колегите од РФ“, рече тој.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, Љупчо Димовски, кој ја предводеше македонската делегација на московскиот саем “ПРОДЕКСПО-2012“ во средината на февруари годинава, разговараше со својата руска колешка Елена Скриник. Соговорниците се договорија да создадат работна група во сферата на земјоделството која ќе биде дел од Меѓувладината руско -македонска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка .Димовски подвлече дека „македонските земјоделци се заинтересирани за пласман на своите стоки на руските пазари, и наша задача претставува да им укажеме соодветна помош“. “Потоа исто така да привлечеме руски капитал во РМ со цел создавање на големи трговски центри за купување, сортирање и транспорт на земјоделски производи во РФ, –продолжи министерот. – Ако ги заинтересираме руските инвеститори, ние ќе им обезбедиме транспарентност на целиот циклус на производство на стоките, што ќе стане гаранција на неговиот квалитет и еколошка исправност“.Според мислењето на директорот на Македонско-руската стопанска комора,  Дејан Бешлиев за активирање на билатералната соработка во областа на земјоделството „треба поактивно да се рекламираат македонските достигнувања во оваа сфера, користејќи ги притоа сите механизми кои ги поседува државата“. Според него тоа се „спроведување на маркетиншки истражувања, целисходни посети на специјализираните саеми во Русија,  покана во Македонија на специјалисти и заинтересирани лица од Русија, објавување на рекламни материјали на руски јазик“.„Македонско руската стопанска комора игра значајна улога во поставувањето и развојот на економските односи со Руската Федерација – подвлече Бешлиев. – Потврда на моите зборови може да служи и тоа што ние бевме вклучени во составот на Меѓувладината руско-македонска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. Ние имаме договор за соработка со Стопанската комора на Македонија, а исто така и со коморите од Москва, Самара, Ростов, Липецк, Воронеж и Сочи. Со наше директно учество, македонските производители ја претставија својата продукција и изменија искуство со руските колеги за многубројните саеми, кои се одржуваа во различни региони на Русија. Затоа и можам со сигурност да изјавам дека Македонско-руската комора претставува катализатор на развојот на двостраната трговска соработка меѓу нашите пријателски земји“.Позитивен момент во билатералните односи стана и наградата што на 17 февруари годинава и беше доделена на почесниот конзул на РФ во Македонија, Даринка Крстанова – Орденот на пријателство. Претседателот на РФ Дмитриј Медведев и го врачи ова престижно признание во Кремљ за нејзиниот голем придонес во развојот на руско-македонската соработка./крај/итар-тасс/аб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Објавено пред

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите, ќе се одработат во две саботи, односно на 18 мај и 1 јуни, објави претседателот на Самостојниот синдикат за образование и култура (СОНК), Јаким Неделков.

dobivaj vesti na viber

Во дописот што го објави Неделков стои дека причината е за да се исполни одредбата од Законот со кој учебната година остварува во 180 наставни дена, а притоа да не се продолжи учебната година.

МОН, покрај тоа, ги задолжува основните училишта во Град Скопје на 15 јуни да ги одработат и пропуштените часови од 30 ноември лани, кој беше неработен ден поради одржување на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Неделков побара од министерот Јетон Шаќири веднаш да го повлече известувањето до училиштата.

„Од кога неработните денови преку ноќ стануваат работни? Министерот за образование веднаш да го повлече известувањето до училиштата со кое се задолжуваат да ги одработат ‘неработните’ денови, прогласени од Владата заради одржување на претстојните избори! Впрочем, и други учебни години завршувале и биле верифицирани од страна на министерот со помалку од 180 работни денови, како на пример учебната 2021/22 година“, напиша Неделков на Фејсбук.

Владата претходно ги прогласи за неработни за сите граѓани деновите на одржување на изборите, 24 април и 8 мај.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Објавено пред

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вчеравечер од Кочани одговори зошто не е доцна во државата да се спроведе ветинг.

dobivaj vesti na viber

„2016 јас бев дел од тие кандидати за пратеници тогаш тоа го ветувавме. Добивме инструкција од Брисел дека заради негативните искуства во соседна Албанија, каде многу малку судии и обвинители го поминале тој тест, ветинг е проверка на имотната состојба, преведено на народски, дали си живеел во мандатот само од плата или си крадел и од други места. Значи, дали си чесен. Ги послушавме и дојдовме до 2% доверба во правосудството“, рече Пендаровски.

Во оваа насока тој истакна дека не само оваа политичка структура, туку дека после изборите сите треба да се заложат да се спроведе ветинг на судиите и на обвинителите, но и на политичарите.

„Значи не можеме ние целата вина да ја ставаме на судии и обвинителите, а самите да се амнестираме од тоа. Прво да се тргне од претседателот, од премиерот, од неговите роднини, пријатели, колеги, блиски, подалечни роднини, да не случајно си префрлил имот на друго име, само така ќе знаеме кој е човек со образ, кој суди по Устав и по закон. Сè друго е лажење на народот“, подвлече Пендаровски.

Потребно е да го спроведеме ветингот, за како што рече тој, граѓаните да не се сомневаат дали судиите и обвинителите работат согласно со законите или како што ќе им наложи некој друг.

„Да нема генерална перцепција во народот дека за 10 ќебапчиња или за 50 денари украдени на наплатна рампа одиш во затвор, а за милијарди украдени си живееш лагодно по не знам кој светски даночен рај. За да го избегнеме тоа, јас сум за ветинг или проверка на имотот на секој од нас и не само последните пет години. Ајде да тераме од 1990. Зошто да не? Јас немам од што да се плашам. Меѓутоа, знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв“, заклучи Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и Скопје 2014, велат од СДСМ

Објавено пред

Ништо не е променето во ДПМНЕ, оценуваат од владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„На митинзите на ДПМНЕ и Силјановска е истата кореографија од времето кога се носеа Хунзи и кога им се правеше пречек на скопскиот аеродром, а граѓаните Македонци се претставуваа како нивни големи наследници.

Тоа е истото време на грабежот од Скопје 2014 и историскиот инженеринг на ДПМНЕ“, додаваат од СДСМ.

Според нив, ДПМНЕ е истата режимска партија.

Со ДПМНЕ, како што велат, е можно само враќање назад во изолација и режим, во темното минато на недемократските процеси и далеку од ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите, ќе се одработат во...

Топ48 минути

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1...

Свет49 минути

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет1 час

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија2 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање на национално единство, и запирање на сите напади кон Левица и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија2 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет2 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и...

Свет2 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет2 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија12 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија12 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија12 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија14 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија17 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија22 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија22 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија22 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет1 ден

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...