Македонија
Македонија и Турција ги продлабочуваат меѓусебните односи
Република Македонија и Република Турција имаат одлична соработка во сите сфери на општеството, а особено во областа на одбраната, беше констатирано понеделникот на средбата на македонскиот министерза одбрана, Фатмир Бесими, со турската делегација, предводена од бригадниот генерал Али Шахин Ишлејен.
Република Македонија и Република Турција имаат одлична соработка во сите сфери на општеството, а особено во областа на одбраната, беше констатирано понеделникот на средбата на македонскиот министерза одбрана, Фатмир Бесими, со турската делегација, предводена од бригадниот генерал Али Шахин Ишлејен.Престојот на турската делегација, инаку, е во рамките на свеченоста по повод 113 години од дипломирањето на Кемал Ататурк на Воената гимназија во Битола. Министерот Бесими притоа се заблагодари за континуираната поддршка од Република Турција. Информирајќи го генералот Ишлејен за намерите на Република Македонија за реставрирање на куќата на турскиот реформатор и основоположник на модерна Турција, Кемал Ататурк, Бесими изрази задоволство што нашата држава активно може да придонесе кон унапредување на меѓусебното пријателство. Осврнувајќи се на свеченост што ќе се одржи во вторник, министерот Бесими укажа и на фактот дека за Македонија претставува голема чест што може да даде свој придонес во прославата на значајни настани за Турција.Генералот Ишлејен заблагодарувајќи се за прикажаното гостопримство уште еднаш ја потврди поддршката на Република Турција за евроатлантската интеграција на Република Македонија и имајќи ја предвид пресудата на Меѓународниот суд во Хаг, изрази надеж дека членството на Република Македонија во НАТО ќе се реализира колку што е можно побргу./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач
Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
„Од отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме две фотографирања на гласачко ливче, едно во Штип и едно во Скопје. Во 09.30 часот на избирачко место 2274 во Штип Г.Ј. го фотографирал гласачкото ливче и од страна на полициски службеници од СВР Штип се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во 09.20 часот на гласачко место 2844 во ОУ „Јохан Х. Песталоци“ во Скопје, С.М. (57) го фотографирала гласачкото ливче и од страна на СВР Скопје се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаде Ангеловски.
Тој посочи дека досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, односно гласањето се одвива мирно и без проблеми.
Ангеловски дополни и дека димна бомба има на гласачко место, а пријавени се и летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити.
До 11 часот е пријавено дека на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до 9 часот, се искачи на 12,78 отсто.
Македонија
Најдена испукана димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.
„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, тоа се одвива мирно, без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач.
За сите овие настани, како што вели тој, се преземаат мерки за расчистување на случаите.
„Покрај тоа, на територијата на општина Чаир се забележани летоци, кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графита. На едно гласачко место во Скопје, покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.
Апелира до граѓаните и учесниците на изборите – во текот на гласањето, до завршувањето, да се воздржат од какви било инциденти.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија – 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјата право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3.480 избирачки места.